ЖивотСтрашно: Без да знаат дека се снимани , татко и син убија мечка и нејзините млади во зимски сон (ВИДЕО)Камера , која била поставена од научниците за да ги следи мечките и нивните навики во дивината , забележаа страшна сцена на Аљаска.Видеото објавено вчера покажува вистински масакр на мечки , кога татко и син убија црна мечка додека спие во зимски сон и нејзините мечиња. На видеото се гледа како синот на скии доаѓа до мечкината дупка на островот Естер и пука во мечката , додека нејзините мечиња пискаат. Откако ја извлекле мечката тие извикале ,,Никогаш нема да го поврзат ова со нас.” Синот дури и се фотографирал покрај убиената мечка. По два дена истите татко и син , Ендрју и Оувен Ренер се враќаат на местото за да ги соберат чаурите од куршумите , како и мртвите мечиња во пластични кеси. Според локалните медиуми , таткото е осуден на пет месеци затвор условно и парична казна од 20 000 долари , а синот на условна казна и на општокорисна работа. Им се запленети пуките скиите и другата опрема , како и ловечките дозволи на 10 и на 2 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран: Запрен е поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец е прекинат по соопштението на Централната команда на „Хатам ал-Анбија“, објави иранската новинска агенција Тасним.Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец е прекинат по соопштението на Централната команда на „Хатам ал-Анбија“, објави иранската новинска агенција Тасним, наведувајќи дека од вчера на ниту еден брод не му е дозволено да влезе или излезе од овој стратешки воден пат. Според извештајот, Ормутскиот теснец ќе биде затворен за пловидба поради наводите дека САД ги прекршиле одредбите од договорот за прекин на војната и дека израелската страна продолжила да го крши прекинот на огнот во јужен Либан. Тасним наведува дека според нивните тврдења, на ниту еден брод не му е дадена дозвола за влез или излез од теснецот од вчера, додека податоците за поморска навигација покажуваат дека во тој период не е регистриран сообраќај преку овој стратешки поморски пат.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМагично утро во археолошкиот локалитет КокиноНа денот на летната дологдневница и првиот ден од летото..Впечатливиот природен и астрономски феномен со векови привлекува постетели од земјата и светот, научници и истражуавачи.. Од Министерството за култура и туризам информираат дека посетата е дел од активностите за афирмација и промоција на македонското културно наследство, како и од подготовките за одбележувањето на значајниот јубилеј – 25 години од откривањето на Кокино, јубилејот ќе биде одбележан во текот на целата 2026 година. Кокино, чија старост се проценува на околу 4.000 години, е едно од најзначајните археолошки и археоастрономски наоѓалишта во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКолку државата успева да ја промовира туристичката понудаКолку успева Македонија во промоцијата на своите историски и туристички локалитети, кои се слабостите и што може државата да превземе во следниот период.. Планини, езера, историја, добро вино и одлична кујна – освен Охрид и Скопје, останатите убавини во земјава остануваат непознати за странските туристи – па се отвора прашањето, дали државата знае да ги понуди и да им ги „продаде“ на потенцијалните посетители? Според универзитетскиот професор – Љупчо Јаневски, Македонија и во 2026 година останува неконкуретна, бележи просек од две ноќевања, што ја прави екскурзиска дестинација. Решение за ваквата состојба гледа во најавената национална стратегија која, која веќе доцни а која треба да воспостави стандарди, соодветна понуда и инфраструктура. „Тоа што го имаме во нашата земја можеме да го набројуваме до утре, но ако ние не го промовираме и не создадеме човечки ресурси кои што истото ќе го спакуваат во еден пристоен туристички производ, ние ништо не сме направиле. Треба да работиме на повеќе полиња, сериозно да го сфатиме туризмот и туристичката индустрија, што според мене треба да биде еден од петте столба на македонската економија. 2024 и 2025 се во пад, што кажува дека не сме доволно конкуретни со регионот, не сме создале доволно добри викенд пакети, но и атрактивност на самата дестинација.“ Дури и туристите од регионот не знаат за повеќе од Скопје и Охрид – а, и главниот град го сведуваат на прошетка на плоштад или пазарење во трговските центри, Матка, Аквадуктот и Козјак меѓудругите остануваат помалку посетени. „Последните две години Македонија е навистина популарна, особено Охрид и Скопје, тоа е последните две години, Скопје почна многу повеќе да се бара, отколку претходните години. Во поголемиот од случаите се работи за едно ноќевање, евентуално две или во склоп со Охрид се прави еднодневен излет до Скопје. За повеќе денови не знам дали би било премногу интересно и не знам што уште би можело да се понуди да им биде интересно на сите патници.“ Министерот за култура и туризам – Зоран Љутков, пред 10тина дена на брифинг со новинарите порача дека се изготвува сеопфатна анализа од домашни експерти, во консулстација со сите учесници во секторот. Стратегијата, Љутков очекува да биде готова до крајот на годината и конечно да го трасира туристичкиот правец на земјава. „Досега сите национални стратегии се носеле во многу краток период, и без никаква анализа. 27. 55 - Овој стратешки документ се носи врз база на сеопфатни анализи, прв пат се прави толку долга и сеопфатна анализа и во делот на културата и во делот на туризмот, бидејќи кога ќе видите од претходните стратегии дека во делот на културата стратегијата има реализација 5,6 проценти, а во делот на туризмот можеби и 0%, тогаш сфаќате дека ви е потребен подруг пристап.“ Според експертите, Македонија треба да воспостави одржлив туризам, кој би се протегал сите 12 месеци во годината, со подготвена понуда за секоја сезона. Поразително е велат, пред се, што и домашните туристи „бегаат“ на викенд надвор од земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter