Василевски: Упадот во собранието беше командуван од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Го разоткри ли обвинетиот Александар Василевски Нинџа целото сценарио и режисери на упадот во Собранието на 27-ми април?

Сведочејќи пред судот Нинџа тврди дека сите наредби тој ден ги добивал директно координативно оперативен штаб во ВМРО ДПМНЕ составен од видни партиски функционери при што ги споменува Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Митко Чавков  како и сега притворениот екс директор на УБК, Владимир Атанасовски. 

„Во 12.30 часот ми се јави Владимир Атанасовски. Ми рече да бидам во Скопје оти имало сознанија дека СДСМ нешто спрема и да чекам да ми се јави Бошкоски. Добиените информации беа дека СДСМ ќе избира претседател на Собранието. Ми се јави Спиро Ристовски и ми кажа да одам во штабот. Имав контакт и со Сашо Мијалков, кој ме викна и ми кажа ‘дојди во база‘. Базата беа хотелот ‘Мериот‘ и штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, тврди во сведочењето Василевски.

Според неговото сведочење околу 18 часот, токму во моменти кога во Собранието Талат Џафери се избира за претседател, влегол во штабот на ВМРО ДПМНЕ.

„Стасав на осми. Лево е тоалетот, на крајот е чајната кујна, а има и други простории. Мобилниот го оставив на столче, влегов во салата, а внатре не беше Мијалков, туку имаше други луѓе. Го забележав командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, односно Билјана Бришковска, Кирил Божиновски, Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески. Имаше пуштено ТВ-приемник и на ТВ Нова гледаа што се случува во Собрание. Седнав на една маса, а тие збореа на мобилните телефони. Бришковска комуницираше со Трајко Вељаноски и тој ѝ даваше насоки за состојбата внатре. Јанакиески и Ристовски комуницираа со Бетмен, а Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети да дојдат во Скопје по директива на ВМРО-ДПМНЕ. Чавков комуницираше со тогашниот началник на СВР, Ивица Вучевски, и Митко Пешов. По некое време во штабот дојде и Владимир Атанасовски“, откри за првпат пред судот обвинетиот Нинџа.

Како директен наредбодавател за отворање на вратите од Собранието, обвинетиот Нинџа ја посочува екс заменик министерката Биљана Бришковски.

„Бришковска му се јави на Трајко и му кажа да се отворат вратите на Собранието.  Јас бев известен од директорот Владимир Атанасовски околу 19.15 часот да одам на терен и да го известувам за тоа што се случува“, тврди Нинџа.

Тој сведочи и дека во штабот бил присутен и шефот на кабинетот на претседателот Иванов, Борис Јосифовски кој рекол дека во секој момент може да биде прогласена воена состојба.

 „Сето тоа што се случи на 27 април беше координирано, а како што масата се движеше кон Собранието, наредбите беа сѐ подиректни“, тврдеше обвинетиот.

Според Нинџа, оперативци на УБК биле внатре во Собрание и ја следеле ситуација, како и план како да се извлечат од собраниска зграда.

„Кај 19 часот пешки тргнав кон Собранието. Го видов началникот на Петтата управа Никола Бошкоски, Борислав Богдановски од управата и други. Лицата веќе беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница, ја надгледувавме ситуацијата. Му свртевме на Никола Митревски – Кољо. На Никола Бошкоски му јавивме дека внатре тепаат пратеници. Бошкоски ни кажа дека има луѓе за прикриени операции и отворен прозор на првиот кат, за евакуација на фантомките“, сведочи Нинџа.

Во Жена парк, како што сведочеше пред судот, се сретнал со Горан Грујовски кој наводно му кажал дека внатре има луѓе и од военото разузнавање и дека секој момент ќе биде прогласена воена состојба, но дека кратко потоа Грујовски добил повик дека како што рече Нинџа  „некој друг ја презел контролата“.

„Подоцна уште еден повик доби Грујевски: ’Вонредна состојба нема да има! Под притисок на странски фактор кај претседателот Иванов!”, рече Нинџа.

Пред судот Нинџа рече дека сето ова што денеска го изнесе досега го раскажал само пред Јавното обвинителство за организиран криминал.

На границата меѓу Колумбија и Венецуела стигна американска хуманитарна помош!!

Американската војска донесе повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата во Венецуела.

Оваа хуманитарна помош би требало да ја дистрибуираат  поддржувачите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кога САД го призна за претседател на Венецуела.

-Ова не е првата , ниту пак последната помош, изјавил официјалниот претставник на УСАИД Марк Грин во Кукута при предавањето на помошта во овој пограничен град полн  со мигранти од Венецуела.

Претходната помош била испорачана преку комерцијални летови.

Инаку во оваа испорака имало 180 тони храна и средства за хигиена и друга роба намената за повеќе од 25 000 луѓе.

Путин и Макрон разговарале за Сирија

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануаел Макрон  разговарале преку телефон за состојбите во Сирија и Украина, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател го информирал претседателот на Франција Макрон за договорите на самитот во Сочи на кој присуствувале државите кои го гарантираат процесот во Астана за решение на состојбата во Сирија.

Двајцата претседатели ја нагласиле потребата за промовирање на сирискиот внатрешен политички дијалог како и одржувањето на руско – францускиот контакт за Сирија, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесе ПАСС.

За Украина, „Путин  го предупредил Макрон на антируската реторика“ на Киев во контекс на претседателските избори во март.

Средба на коалицијата предводена од СДСМ, консултации за консензуален претседателски кандидат

Во седиштето на СДСМ  се одржува работен состанок-средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ којашто заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, околу можностите да се дојде  до консензуален кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

Ова е прва средба на коалицијата предводена од СДСМ. Деновиве е предвидено консултациите да продолжат со партиите коишто се дел од владината коалиција, со парламентарни но и други партии.  

Пред седиштето на СДСМ е Ивана Стојановска.

притисни ентер