11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков - Канал 5

11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков

Екс шефот на УБК Сашо Мијалков бара од Апелациониот суд на јавна седница да ги образложи своите аргументи против опр

11 милиони евра и имот во Чешка причина за притворот на Мијалков

Во жалбата доставена преку неговиот адвокатски тим, тој ја спори определната мерка поради повреди на кривичната постапка, погрешна примена на Кривичниот законик и погрешно утврдена фактичка состојба. Неговата одбрана бара укинување на притворот и враќање на претходно определената мерка за јавување во судот. Спорно за одбраната е што притворот му е определен без да го сослуша но и тврди дека никаде не е образложена опасноста од бегство.

Во аргументацијата, сега се даваат сосема нови околности и одредени оперативни сознанија на Управата за финансиско разузнавање за обиди за бегство, како резултат на постоење на повеќе кривични постапки кои се водат против него, но, и заради околноста дека тој и неговото семејство имаат огромен имот во Р. Македонија и Р.Чешка, кој лесно може да се продаде, но, никаде не се наведени конкретните прекршувања и непостапувања по веќе изречените мерки на претпазливост.

За одбраната е нејасно и како судот ги поврзува лицето и фирмата кои поседуваат милионски суми на сметки со Мијалков, но и имотот кој бил на негово име. Па оттаму смета дека е слаба аргументацијата на судот во врска со оперативните сознанија со кои располага за негово бегство.

Во решението до кое дојде Канал 5 судот се повикува на сознанијата од Управата за финансиско разузнавање па затоа наведува дека паѓа ефикасноста на мерката јавување во суд и е неопходен притвор.

Во дописот од Управата за финансиско разузнавање видно е дека едно правно и физичко лице кои поседуваат финансиски средства во износ од 8.000.000,00 евра и 3.500.000,00 евра соодветно, кои иако се на име и на други физички и правни лица се сопственост на обвинетиот Сашо Мијалков, воедно за обвинетиот добиени се оперативни информации дека ќе се даде во бегство, односно истиот презема активности кои што укажуваат на сериозна опасност од бегство на обвинетиот.

Опасноста од бегство според судот го зголемува и фактот што тој поседува имот во земјава и во Чешка, но и фирмата на неговиот син која имала високи приходи.

Адвокатите на Мијалков очекуваат јавната седница Апелација да ја закаже в понеделник или вторник. Од повисокиот суд велат дека откако ќе добијат мислење од обвинителството веднаш ќе закажат седница. Засега е сигурно дека в понеделник судиите од Апелациониот суд ќе одлучуваат за притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за кои исто така СЈО побара притвор по бегството на екс премиерот Никола Груевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредни избори на Косово

Денес на  Косово  се одржуваат вонредни парламентарни избори , откако институциите не успеаја да изберат претседател во рокот утврден од Уставниот суд, што доведе до распуштање на Собранието и распишување нови избори.

Вонредни избори на Косово

Според податоците на Централната изборна комисија, право на глас имаат околу 2,1 милион избирачи, од кои значителен број се регистрирани во дијаспората.

Во изборната трка учествуваат 17 политички партии, три коалиции и еден независен кандидат, кои ќе се натпреваруваат за 120 места во парламентот. Меѓу учесниците е и најголемата српска политичка партија на Косово – Српска листа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „АЈДЕ!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. 

Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар

Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска.

Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми.

Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „АЈДЕ!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните граници.

Пред почетокот на претставата, на присутните им се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар Александра Мадсен и кореографот Игор Киров, еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи, со свестско реноме во доменот на модерниот танц, кој има постигнато врвни уметнички остварувања на меѓународната балетска сцена. Во своите говори тие ја поздравија публиката и ја истакнаа важноста на оваа прва соработка меѓу македонскиот КИЦ и Загрепскиот танцов центар, преку која македонската современа танцова уметност добива значајна меѓународна видливост и се отвораат нови можности за соработка, преку вмрежување и афирмација на македонските автори и уметници надвор од границите на државата, како и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

„Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значењето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Претставата „АЈДЕ!“ претставува значаен пример на современото македонско танцово творештво, кое преку автентичен уметнички пристап успешно ги поврзува традицијата, современоста и универзалните човечки вредности. Ова е очигледен показател дека уметноста останува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето, културите и општествата.

Продукцијата на претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, а гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, реализирана во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Најтрофејниот шпански фудбалски клуб, Реал Мадрид денеска бира претседател, над 75.000 членови имаат право на глас.

Перез или Рикелме, Реал Мадрид избира нов претседател

Актуелниот Флорентино Перез или Енрике Рикелме е изборот на 75000 членови на Кралскиот клуб со право на глас на денешните претседателски избори, први по 20 години.

Гласањето започна во 9 часот и ќе трае се до 20 часот.

Во кампањата која беше шестока двајцата против кандидати имаа многу ветувања околу нови фудбалери.

Перез кој е фаворит на изборот според анкетите вети дека ако остане на чело на клубот има договор со тренерот Жозе Мурињо, и дефанзивците Ибрахима Конате и Дензел Думфрис, а најави и една суперѕвезда,

Неговиот противкандидат Рикелме вети дека во клубот ќе ги врати легендите Раул, Касилјас, Јеро кои би имале директорски функции, а а како засилувања ги најави Ерлинг Халанд и Родри, додека за тренер ќе преговара со Јирген Клоп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер