Стартува авиолинија Скопје – Атина - Канал 5

Стартува авиолинија Скопје – Атина

По пауза од 10 години, на скопскиот аеродром денеска попладне ќе биде одбележано  повторното воспоставување на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на  грчката  авиокомпанија  „Ејџиан Ерлајнс“.

Стартува авиолинија Скопје – Атина

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во „Ејџиан Ерлајнс“, Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Како што објави МИА, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик Ер“, подружница на „Ејџијан Ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „Кју400“ со капацитет од 78 патници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Google“ и „Apple“ добија високи казни: Јужна Кореја им наложи промени

Јужна Кореја ги казни американските технолошки гиганти „Google“ и „Apple“ со вкупен износ од 47,6 милиони долари поради злоупотреба на нивната позиција на пазарот за продавници за апликации.

„Google“ и „Apple“ добија високи казни: Јужна Кореја им наложи промени

Регулаторот тврди дека компаниите ги принудувале домашните програмери да ги користат нивните системи за плаќање и неоправдано го одложувале процесот на проверка на апликациите, пренесува „AP“.

Комисијата за медиуми и комуникации на Јужна Кореја со години го истражува работењето на „Google“ и „Apple“, поради сомневања за прекршување на законот од 2021 година. Овој закон им забранува на сопствениците на продавници за апликации да им наметнуваат одредени методи на плаќање на програмерите.

„Google“ доби поголема казна од „Apple“

„Google“ треба да плати 42,9 милијарди вони (околу 32 милиони долари), а „Apple“ 20,8 милијарди вони (околу 15,5 милиони долари). Регулаторот, исто така, им наложи да им овозможат на јужнокорејските програмери користење надворешни линкови за плаќање во рамките на апликациите, како и да ги подобрат процедурите за проверка на апликациите.

Ниту „Google“, ниту „Apple“ веднаш не одговорија на барањата на новинарите за коментар. Според наодите на регулаторот, двете компании неправедно ги насочувале програмерите кон сопствените системи за плаќање во рамките на апликациите, истовремено отежнувајќи ги плаќањата преку надворешни веб-страници.

Иако „Google“ и „Apple“ формално дозволија користење на други системи за плаќање во апликациите, тие наплаќаа провизија од 26 отсто од програмерите. Понатаму, тие не овозможија пристап до сите функции што се достапни преку сопствените системи за плаќање на програмерите.

Јужнокорејскиот регулатор заклучи дека ова всушност ги принудувало програмерите да ги користат исклучиво системите за плаќање на „Google“ и „Apple“. Истрагата исто така откри дека, во одредени случаи, двете компании го одложувале прегледот на апликациите без да им дадат на програмерите јасно објаснување за доцнењето, ниту пак навеле кога ќе продолжи процесот на проверка.

„Apple“ наплаќал повисоки провизии за домашните програмери

Регулаторот, исто така, го обвини „Apple“ дека, во периодот од 2015 до јануари 2023 година, наплаќал повисоки провизии за јужнокорејските програмери отколку за програмерите во други земји.

Јужна Кореја со години внимателно го следи работењето на странските технолошки компании на својот пазар. Во 2021 година, таа стана првата земја во светот што донесе закон со кој им се забранува на операторите на продавници за апликации – како што се „Google“ и „Apple“ – да наметнуваат користење на сопствените системи за плаќање.

Извор: Индекс.хр

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

Младите хористи добија по 3.000 денари, а нивната менторка Наташа Данаилова Митрова е наградена со 15.000 денари  и пофалница за неа и училиштето.

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови,  Центар пее гордо!

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им врачи награди и признанија на 36-те хористи од училиштето „Кочо Рацин“ и нивната менторка , кои од Херцег Нови се вратија со освоено второ место на 11. Меѓународен натпревар по хорско пеење.

Младите хористи добија по 3.000 денари, а нивната менторка Наташа Данаилова Митрова е наградена со 15.000 денари и пофалница за неа и училиштето.

„Со своите гласови ја претставивте Центар на најубав начин. Вашиот успех е резултат на талентот, посветеноста и љубовта кон музиката. Горд сум на вас што достојно ја преставивте нашата општина и Македонија пред меѓународната публика. Продолжете да пеете, да се надградувате и да освојувате нови признанија. Вашиот успех е гордост за сите нас“, порача градоначалникот Герасимовски.

Хорот на ООУ „Кочо Рацин“ настапи на натпреварот што се одржа во септември во Црна Гора, во конкуренција на 20 ансамбли од повеќе земји.

Под менторство на својата наставничка, младите хористи блеснаа со својата вокална изведба и музичка интерпретација, промовирајќи ја општината и татковината на регионалната и меѓународна сцена.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела

Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. 

Јанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела

Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат вистинска разлика.

На местото на настанот, една хумана сограѓанка без двоумење му помогнала на паднатиот коњ, ослободувајќи го од каишите и железните конструкции за кои бил врзан и обезбедувајќи му храна и вода. По пријавата, веднаш интервенираа и припадниците на МВР – ПС Кавадарци, со што беше овозможено преземање на неопходните активности за заштита на животното. Во решавањето на случајот значајна улога имаше и Агенцијата за храна и ветеринарство, во чии надлежности е постапувањето во случаи поврзани со заштитата и благосостојбата на животните.

Благодарение на преземените активности и соработката на надлежните институции, коњот е одземен од сопствениците и е заштитен од натамошно малтретирање. Тоа е најважниот исход од овој случај.

Општина Кавадарци упатува благодарност до Агенцијата за храна и ветеринарство, припадниците на МВР – ПС Кавадарци, активистите за заштита на животните и сите граѓани кои реагираа и придонесоа за заштитата на коњот. Истовремено, упатуваме јасен апел до сите граѓани: не премолчувајте и не останувајте рамнодушни кога сте сведоци на насилство, малтретирање или неодговорно постапување кон животните. Пријавете го секој ваков случај веднаш во полиција, за надлежните институции навремено да постапат.

Заштитата на животните не завршува со разрешувањето на еден случај. Борбата против несовесното постапување мора да продолжи преку подигнување на јавната свест, институционална одговорност и доследно спроведување на законите.

Нашата заедничка обврска е да градиме општество во кое суровоста нема да се премолчува, а грижата и почитта кон животните ќе бидат вистински вредности, потврдени со конкретни дела.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер