НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
2НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
2Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј
МакедонијаЕвропската гранична полиција наскоро со поголеми овластувања во МакедонијаЕвропската Комисија и Македонија денеска во Брисел ја парафираа спогодбата за соработка на граничните полиции, позната како Фронтекс 2, по повеќемесечни преговори.Откако ќе стапи на сила овој договор, европските граничари ќе имаат поголеми овластувања и ќе можат да интервенираат на граничните премини, заедно со националните безбедносни сили. Фронтекс 2 има за цел да ги зајакне надворешните граници на ЕУ и да се бори против илегалната миграција, јави дописничката на МИА во Брисел. - Откако договорот ќе стапи на сила, тимовите на Фронтекс со извршни овластувања ќе можат да вршат гранични контроли на граничните премини заедно со националните сили, ова ќе донесе значајна додадена вредност, изјави еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос. Европската Комисија го поздрави продлабочувањето на соработката со земјите од Западниот Балкан, сличен договор се потпишува со Албанија, а се преговара и со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, каде се појавуваат нови бегалски рути, прецизираше македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Сето ова е потребно за да се справиме со миграциските предизвици истовремено зачувувајќи го слободното движење, истакна Аврамопулос. За министерот Спасовски овој договор е резултат на посветеноста на Македонија за справување со илегалната миграција. - Претходните години Македонија освен со внатрешна политичка криза се соочи и со големи предизвици од мигрантската криза, Македонија беше исправена пред тежок испит да се справи со внатрешни и надворешни предизвици, рече Спасовски, потенцирајќи го фактот дека Македонија е препознаена како стабилен партнер од страна на ЕУ. Запрашан да ги појасни наводите на опозицијата околу изградбата на прифатен центар за странци и дали тој ќе биде бегалски камп, Спасовски истакна дека станува збор за преселување на стариот центар за странци каде условите се несоодветни. - Станува збор за нов објект и преселување на центарот за странци кој се наоѓа го Гази Баба, центар за странци кој има многу мала површина и кој се наоѓа во многу лоши услови во кои што престојуваат странците коишто се баратели на азил, рече Спасовски. Тој порача дека и извештаите на ЕУ и Народниот правобранител ги посочиле несоодветните услови во тој центар, и поради партнерскиот однос со ЕУ, и со европски фондови се гради нов центар за странци. Објектот ќе биде сместен на површина од 70.000 квадратни метри, рече министерот, но дека објектот нема да биде 70.000 квадратни метри. - Истиот центар, којшто се наоѓа сега во урбаната населба помеѓу куќи, згради, ќе го преместиме некаде на ново место надвор од градот каде што ќе има пристојни услови, рече Спасовски. Спасовски додаде дека „само 70 бегалци побарале азил во Македонија“. - Ние заедно со полициските службеници заедно со македонските службеници кои работат на јужната граница имаме една сериозна борба којашто ефектуира со спречување на илегалните мигранти. За разлика од минатата година, има зголемен број на оние коишто се обидуваат да ја преминат границата, меѓутоа добро сме поставени, заштитени и досега имаме вратено, односно откриено 4.700 мигранти коишто се обиделе нелегално да ја поминат границата, појасни македонскиот министер за внатрешни работи. Еврокомесарот Аврамопулос, пак, потврди уште еднаш дека Европската Комисија не бара и не планира никакви бегалски кампови на територијата на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во светската куќа на фудбалот: Инфантино (не) може да добие нов мандат?!Според статутот на организацијата, Џани Инфантино не може да се кандидира за четврти мандат како претседател на ФИФА во 2027 година, изјави синоќа поранешниот шеф на Управниот комитет на ФИФА, Мигел Мадуро.Дали Џани Инфантино може да остане на чело на ФИФА? Во исто време, организацијата за човекови права „Ферсквер“ (FairSquare) испрати писмо до националните сојузи-членки, повикувајќи ги да го прогласат за неподобен за кандидатура. „Ферсквер“ претходно побара од ФИФА да донесе одлука според која Инфантино нема право да бара нов претседателски мандат, со образложение дека тој веќе ги одработил максималните три мандати дозволени според статутот на организацијата. Сепак, Инфантино успешно аргументираше дека неговиот прв мандат на чело на организацијата – кога беше избран на Вонредниот конгрес во 2016 година, по оставката на Сеп Блатер – не треба да се смета во тоа ограничување, бидејќи претставувал завршување на еден прекинат мандат. Во декември 2022 година, Советот на ФИФА „едногласно потврди“ дека периодот помеѓу 2016 и 2019 година не се смета за мандат на Инфантино, но организацијата „Ферсквер“ (FairSquare) наведува дека образложението за таквата одлука никогаш не било јавно објавено. „Членот 33, став два од Статутот на ФИФА е многу јасен кога вели дека ниедно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од три мандати“, изјави Мадуро за новинарите. „Џани Инфантино беше избран три пати; тој беше претседател на ФИФА во текот на три мандати. Затоа, според мене, уште еден претседателски мандат на Инфантино не може да биде во согласност со правилата.“ Мадуро е португалски правник кој беше отстранет од својата функција во ФИФА во 2017 година, откако го блокираше реизборот на рускиот заменик-премиер Виталиј Мутко во највисокото раководно тело на организацијата. Мадуро додаде дека формулацијата на правилото не предвидува никаков исклучок за случај на скратен мандат. „Текстот на таа одредба е јасен – се зборува за три мандати. Не се прави разлика дали тие мандати се целосни или нецелосни, дали се четиригодишни или пак траеле помалку од четири години“, рече Мадуро. Изгледите за реизбор на Инфантино значително се подобрија минатиот месец, откако првиот човек на азискиот фудбал ја поддржа неговата кандидатура, додека поддршката од разните конфедерации му обезбедува доминантна позиција меѓу 211-те членки на ФИФА кои имаат право на глас.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - СаганакиВо среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување ракчиња 1 козерва доматни пелати 1 домат 1 мало пакување фета сирење 1 лажиче сенф 1 главица кромид 2 - 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и нане 2 потпечени лепчиња Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКарни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокејКанада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите. Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз. Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари. „Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва. Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter