3Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот
Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
МакедонијаЕвропската гранична полиција наскоро со поголеми овластувања во МакедонијаЕвропската Комисија и Македонија денеска во Брисел ја парафираа спогодбата за соработка на граничните полиции, позната како Фронтекс 2, по повеќемесечни преговори.Откако ќе стапи на сила овој договор, европските граничари ќе имаат поголеми овластувања и ќе можат да интервенираат на граничните премини, заедно со националните безбедносни сили. Фронтекс 2 има за цел да ги зајакне надворешните граници на ЕУ и да се бори против илегалната миграција, јави дописничката на МИА во Брисел. - Откако договорот ќе стапи на сила, тимовите на Фронтекс со извршни овластувања ќе можат да вршат гранични контроли на граничните премини заедно со националните сили, ова ќе донесе значајна додадена вредност, изјави еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос. Европската Комисија го поздрави продлабочувањето на соработката со земјите од Западниот Балкан, сличен договор се потпишува со Албанија, а се преговара и со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, каде се појавуваат нови бегалски рути, прецизираше македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Сето ова е потребно за да се справиме со миграциските предизвици истовремено зачувувајќи го слободното движење, истакна Аврамопулос. За министерот Спасовски овој договор е резултат на посветеноста на Македонија за справување со илегалната миграција. - Претходните години Македонија освен со внатрешна политичка криза се соочи и со големи предизвици од мигрантската криза, Македонија беше исправена пред тежок испит да се справи со внатрешни и надворешни предизвици, рече Спасовски, потенцирајќи го фактот дека Македонија е препознаена како стабилен партнер од страна на ЕУ. Запрашан да ги појасни наводите на опозицијата околу изградбата на прифатен центар за странци и дали тој ќе биде бегалски камп, Спасовски истакна дека станува збор за преселување на стариот центар за странци каде условите се несоодветни. - Станува збор за нов објект и преселување на центарот за странци кој се наоѓа го Гази Баба, центар за странци кој има многу мала површина и кој се наоѓа во многу лоши услови во кои што престојуваат странците коишто се баратели на азил, рече Спасовски. Тој порача дека и извештаите на ЕУ и Народниот правобранител ги посочиле несоодветните услови во тој центар, и поради партнерскиот однос со ЕУ, и со европски фондови се гради нов центар за странци. Објектот ќе биде сместен на површина од 70.000 квадратни метри, рече министерот, но дека објектот нема да биде 70.000 квадратни метри. - Истиот центар, којшто се наоѓа сега во урбаната населба помеѓу куќи, згради, ќе го преместиме некаде на ново место надвор од градот каде што ќе има пристојни услови, рече Спасовски. Спасовски додаде дека „само 70 бегалци побарале азил во Македонија“. - Ние заедно со полициските службеници заедно со македонските службеници кои работат на јужната граница имаме една сериозна борба којашто ефектуира со спречување на илегалните мигранти. За разлика од минатата година, има зголемен број на оние коишто се обидуваат да ја преминат границата, меѓутоа добро сме поставени, заштитени и досега имаме вратено, односно откриено 4.700 мигранти коишто се обиделе нелегално да ја поминат границата, појасни македонскиот министер за внатрешни работи. Еврокомесарот Аврамопулос, пак, потврди уште еднаш дека Европската Комисија не бара и не планира никакви бегалски кампови на територијата на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрва реакција на Москва на резултатите од изборите во САДСергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави.Насоката на надворешната политика на Русија – вклучително и нејзиниот став за решавањето на украинското прашање – не е диктирана од тековните политички околности, ниту пак зависи од политичките промени во други земји, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи. Сергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави. „Да ги почекаме конечните резултати. Ставовите на претставниците на Демократската партија кон Русија се изразито негативни. Во тоа нема ништо ново“, изјави Рјабков за „Спутник“. Тој го даде овој коментар како одговор на прашањето дали резултатите од среднорочните избори би можеле да ги искомплицираат односите со САД, особено во однос на решавањето на украинското прашање. „Нашиот принципиелен и доследен став за Украина, како и нашата надворешна политика во целина, не се диктирани од тековните политички околности и, природно, не зависат од политичките промени во други земји. Ќе постапуваме во согласност со насоките на претседателот на Русија“, заклучи Рјабков. Според прелиминарните резултати и проекциите, демократите излегоа како победници на среднорочните избори во САД, одржани на 3 ноември. Во јануари, тие ќе обезбедат мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, со што ќе добијат контрола врз двата дома на законодавниот орган. Извор: Б92Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите.РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СДС и Венко Филипче никако да ја напуштат матрицата да ја користат која било тема и состојба во државата со кревање хистерија да предизвикаат страв и паника кај граѓаните. Така беше со темата мигранти во Македонија, со водата во Гостивар, следно ширеа паника дека водата за пиење во Скопје е небезбедна, потоа дека ПИОМ бил загрозен, а пензионерите нема да можат пензиите да си ги земат и што ли уште не. Сега најново се фатија и за состојбата со банкарскиот систем, како нов обид за да стигнат до медиумски простор и да спечалат некој беден политички поен, зошто со план, програма и понуда до граѓаните, очигледно не можат. Ниту банкарскиот систем во државата е доведен во прашање, ниту незадоволство има, ниту немир или паника. Единствено СДС и Венко Филипче сакаат вештачки да предизвикаат немир и паника кај граѓаните и нивна недоверба во банкарскиот сектор и државните институции. Нафрлените тези на Венко Филипче во завиена прашална форма не го спасуваат од одговорноста за обидот да креира страв, паника и несигурност кај граѓаните дека им се загрозени парите. Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, инвеститорите. Фабриката за креирање страв и паника на СДС, под водството со Филипче нема да успее, како што не им успеа ни со мигрантите, ни со водата, ниту пак со пензиите. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаТошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026 – 2030 година, истакнувајќи дека заштитата на човечкиот живот мора да биде највисок приоритет на институциите и на целото општество. Во своето обраќање министерот посочи дека во изминатите 35 години на македонските патишта годишно во просек животот го губеле околу 150 лица, што ја потврдува потребата од системски пристап и континуирани активности за подобрување на сообраќајната безбедност. „Кога говориме од аспект на безбедност генерално, но кога говориме за безбедност во делот на сообраќајот, тука особено во изминативе 35 години, навистина не можеме да кажеме дека имаме навистина добри резултати. Просек на загубени човечки животи во последниве 35 години годишно е негде околу 150 во Македонија“, истакна Тошковски. Министерот ги презентираше и најновите податоци, според кои во првите десет месеци од 2026 година во сообраќајни незгоди животот го загубиле 84 лица, наспроти 117 во споредбениот период минатата година, што претставува 33 помалку загубени човечки животи. Тој нагласи дека станува збор за значително подобрување на состојбите, особено ако се има предвид дека и во годините со драстично намален сообраќај, како 2001 и 2021 година, бројот на загинати бил повисок. Особена благодарност Тошковски упати до македонските граѓани, истакнувајќи дека нивното посовесно однесување во сообраќајот, заедно со активностите на институциите, превентивните кампањи и поддршката од општествено одговорните компании и граѓанските организации, придонеле за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица. „Овој ден, овој момент сакам да го искористам уште еднаш да им се заблагодарам на македонските граѓани, пред сè заради тоа што тие се тие кои најмногу допринесоа да се намали бројката на жртви во Македонија. Тие се тие коишто одлучија да управуваат моторни возила и да бидат учесници во сообраќајот посовесно од претходно“, порача министерот. Говорејќи за новата Национална стратегија, Тошковски нагласи дека таа поставува јасна цел – до 2030 година бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година. Стратегијата се темели на принципот „Секој живот е важен“ и предвидува заедничко делување на институциите и општеството преку превенција, едукација, подобрување на сообраќајната култура и примена на современи технологии. „Човекот секогаш може да згреши управувајќи моторно возило, но државата е таа којашто треба да стори сè за да го намали бројот на жртви во рамки на сообраќајот, да го намали бројот на повредени луѓе во рамки на сообраќајот и да стори сè за да може максимално превентивно да делува во насока на подобрување на сообраќајот“, истакна Тошковски. Министерот информираше и дека напорите на Македонија за унапредување на сообраќајната безбедност добиваат меѓународно признание, при што Министерството за внатрешни работи е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на престижниот светски полициски самит во Дубаи, заедно со полициски служби од држави како Сингапур и ОАЕ. На крајот, Тошковски изрази уверување дека со заедничка одговорност, доследно почитување на правилата и континуирана институционална посветеност, Македонија ќе продолжи да ги подобрува резултатите и да се приближува кон крајната цел – што помалку сообраќајни незгоди и нула загубени човечки животи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook