Дворот на клинички центар и понатаму е депонија

Клинички не се дави само во ѓубре, туку и во големи долгови.

 Дури 33 милиони денари изнесува долгот кон јавното претпријатие „Комунална хигиена“ по основ на празнење на контејнерите и собирање на отпадот.

Но и покрај ова, претпријатието излегувало и понатаму ќе излегува во пресрет за чистење на внатрешниот простор - иако тоа не е нивна надлежност, вели директорот Шабани.

Сепак, своеволните акции не се доволни. Вели, ова е системски проблем кој треба да го реши само Клинички.

.„Таму треба да се чисти секој ден. Ние можеме да имаме акции еднаш неделно или месечно, меѓутоа не е наша обврска.Имаме и еден друг проблем, односно спор во кој што Клинички центар на нас како претпријатие ни должи над 30 милиони денари, меѓутоа ние пак ако е потребно ќе излеземе во пресрет, вели Абдусамед Шабани, директор на ЈП „Комунална хигиена“ “

„Клинички центар е надлежен за решавање на овој проблем, мора да се преземат одредени мерки Клиничкиот центар да го реши проблемот. Ние како Град Скопје и Комунална хигиена секогаш ќе помагаме, но тоа нема да го реши проблемот.“ изјави Мирослав Богдановски, раководител на Инспекторат на Град Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека причина за проблемот со ѓубрето во дворот на Клинички е тоа што изминатите години од едно на друго место биле префрлани ингеренциите од Службата за заеднички работи на Министерството.

„Ние сме во преговори да изнајдеме начин со кој што ингеренциите ќе ги преземе службата за Комунална хигиена. Не сакаме да распишуваме тендери и повторно тоа да го прават приватни компании, кога можат парите да одат во јавните претпријатија.“ - изјави министерот изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

И додека се бара начин за справување со нехигиената во овој здравствен комплекс, пациентите страдаат бидејќи буквално се шета и седи меѓу ѓубре. Кантите за отпадоци се полни до врв, миризбата е неподнослива.

„Канал 5 и денеска во обиколка на Клиничкиот центар, но ја затекнавме токму истата слика. Расфрлана хартија, пластични шишиња и остатоци од храна буквално оставени на сите страни.“

Пред неколку дена од Министерството за здравство за Канал 5 потврдија дека е предвидено секоја клиника од своите сметки да плаќа за одржување на хигиената на Клинички. Сепак, неизвесно е како ќе се изведе ова бидејќи директорите на клиниките сметаат дека овој трошок би бил само дополнителен товар.

За „27 април" во Кривичен суд сведочи Сашо Тасевски

 Во Кривичниот суд во Скопје со сведочење на Сашо Тасевски вечерва продолжи судењето за случувањата  во Собранието од 27 април.

 Тасевски е актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, а во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ  и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.

Нухиу кој неклку часови сведочеше за текот на настаните во МВР за време на насилствата во Собранието на 27 април. Кажа дека тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не одговарал на неговите повици. Со Чавков, кој раководеше со оперативниот штаб, остварил контакт во 20 часот откако претходно повеќепати залудно се обидувал да го добие на телефон. Нухиу рече дека кога го прашал што се случува, Чавков, сега обвинет во случајот, му рекол дека „се случува народ“.

Во 18 часот, рече, му пратил СМС дали следи што се случува пред Собранието и дали има можност ситуацијата да ескалира, на што тој му одговорил дека „нема таква можност и оти засега се е под контрола“. Потоа Чавков му испратил уште една порака во која го информирал Нухиу дека надвор нема проблем.

Тој рече дека кога видел дека ситуацијата ескалира, тргнал кон Собранието и го барал Чавков на телефон, но немало одговор. Потоа му пишал дека пред Собранието нема доволно полицајци. Според Нухиу, кога Чавков пристигнал во оперативниот штаб се однесувал агресивно и не му одговорил на Нухиу каде бил до тој момент.

Обвинетиот Игор Југ на судењето вербално го нападна Нухиу и на судијката Кацарска и порача дека ако сака може да го осуди и на сто години затвор. Тој праша каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и забележа дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто пак, кажа дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.

Вработениот во Собранието, Владимир Стојков, раскажа дека дента за главниот влез бил задолжен обвинетиот Абдулфета Алими и опишас како пратеници ги отвориле вратите. Неговото работно место било тогаш покрај вратата од пленарната сала.

Кога дошло до тензии помеѓу пратеници, сведокот Владимир Стојков и Алими добиле насоки од началникот да го пренесат формациското оружје горе во кабинет зашто не е безбедно да остане долу бидејќи може да дојде некој да го земе и да го употреби. Кога го носеле оружјето кон кабинетот слушнале викање и кога се вратил назад кај главниот влез ги забележал пратениците.

Тој притоа посочи дека ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врата, една од трите врати на главниот влез.  Пробал да ја врати едната греда, а другата греда Мукоски ја фатил од едниот крај и не му дозволил да ја врати додека пратеникот Василевски се упатил кон другата врата и ја тргнал едната греда, по што сведокот и Абдулфета се повлекле нагоре кон кабинетот. 

Претпладнето сведочеша и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и една новинарка присутна во Собранието за време на случувањата./МИА.

Царовска во Илинден: Младинската гранција која се применува и во земјите од ЕУ ги активира младите на пазарот на труд

 Унапредување на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, социјалната реформа.

Но и  Гаранцијата за млади беа темите на кои министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, разговараше со жителите на општина Илинден.

- Активирањето и промовирањето на вработувањето на младите на пазарот на труд го подобрува преминот на младите од училиште на работа. За таа цел ја имаме Гаранцијата за млади за која до крајот на годината се предвидени 8,8 милиони евра, а чија цел е да ги задржи младите во Македонија. Истата оваа мерка со години наназад се применува и во земјите од ЕУ. Европската Унија вложува во унапредување на работничките права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани, потенцираше минисистерката Царовска на средбата од врата со врата со жителите од Илинден.

Исто така, министерката детално ја објасни социјалната реформа со која се зголемува гарантираниот минимален приход, но и се воведуваат нови додатоци за намалување на детската сиромаштија.

„Природна катастрофа“ : Ракетна проба предизвикала пожар

Властите на регионот Емсланд во северозападна Германија прогласиле состојба на природна катастрофа поради пожар кој пред две недели го предизвикала ракетна проба изведена на полигон на германската војска.

Според АП , властите размислуваат за евакуација на околу 1000 жители на две села близу Мепан блиску до границата со Холандија.

Медиумите пренесуваат дека пожарникарите се уште се обидуваат да го стават под контрола пожарот на воените полигон.

Чадот од пожарот се проширил на околу 100 километри од полигонот и истиот е видлив на сателитските снимки.

притисни ентер