Преименување и нова поставка предлага работната група за „Музејот на македонската борба“

Преименување на Музејот на ВМРО и итна ревизија на постојниот ентериер во него – бара работната група од Министерството за култура. 

Со ова, националната установа ќе добие ново преуредување кое ќе го опфати целокупниот историски моментум кој нема да прави општествени поделби, а да не биде, како што велат, партиски музеј.

„Според наше мислење, би требало доминантно место да земаат оригинални документи и оригинални предмети, a помалку да бидат застапени восочните фигури и таканаречените уметнички слики. Направен е еден континуитет од 1893 до 1991 година во кој од вкупно тринаесет поглавја во осум се чисто историја на ВМРО, а во другите пет повторно има елементи каде што повторно на индиректен начин се зборува за дејците на ВМРО низ историјата,“ изјави Александар Литовски, претседател на комисија за утврдување на стручноста на Музејот на ВМРО.

Групата детектирала низа неправилности и прекршувања по различни основи. Според нив, во првата година биле потрошени речиси 300.000 евра, за таа сума до отворањето да стигне до 12 милиони евра. Замерки има и за статусот на Музејот како „културно наследство“, бидејќи нема документи со кои музејскиот материјал во него е категоризиран како таков.

„Изградбата на овој музеј е ставена во музејска и кинотечна дејност, тоа е веќе прекршување на Законот за буџет и злоупотреба на пари кои што се наменски. Прекршување на Законот за музеј, посебно на член 7 кој се однесува на условите за основање на музејот, меѓудругото во него стои дека треба да биде изработен елаборат кој што го нема, не постои, вели Донка Барџиева Трајковска, член на комисија за утврдување на стручност на Музејот на ВМРО.

Работната група беше формирана во март со решение од тогашниот министер Алаѓозовски. Изработениот елаборат од 31 страна ќе биде доставен до Владата. Во него ќе биде содржано и барањето  да се состави стручна комисија која ќе работи на промените кои се бараат бидејќи направените пропусти се должат на претходната комисија чиј состав бил неадекватен.

Како Груевски без пасош успеал да стигне во Унгарија?

Се уште е енигма како Никола Груевски без пасош успеал да стигне во Унгарија.

 Министерот за внатрешни работи синоќа во емисијата “Само Вистина”, рече дека полицијата нема сознанија и го  повика Јавното Обвинителство да спроведе истрага за да се дознае како и на кој начин експремиерот избегал во Будимпешта и дали некој за тоа му помогнал. Од обвинителството засега нема информација дали отвориле случај.

Случајот со бегството на Груевски го отвори прашањето дали и која инститицуја има направено пропуст. МВР вината ја префрла кај судиите кои не определиле мерка притвор за експремиерот. Од Киривичниот суд пак, појаснија дека за случајот “ТЕНК” во кој Груевски беше осуден на двегодишна затворска казна, СЈО не побарало притвор. Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова пак денеска тврди дека притвор за експремиерот бил побаран за друг предмет уште многу поодамна и од Кривичниот и од Апецискиот суд, но ова барање било одбиено и од двата суда.

Експертите велат дека одговорноста поконкретно ќе може да се лоцира откако ќе се дознае целта вистина како Груевски успеал да избега во Унгарија.

Во отсуство на официјални информации во јавноста веќе се шират разни сценарија за начинот на кој Груевски избегал. Едно и помалку веројатно е дека тоа го направил со спортски авион, а второто и поверојатно е дека избегал преку т.н. зелен премин. Ова сценарио како најверојатно го смета и минситерот Спасовски.

Во јавноста најчесто споменувана рута за која се шпекулира е преку див премин во близина на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Бугарија во близина на Крива Паланка. Од таму според ова сценарио Груевски преку Врање, Белград и Нови Сад стигнал до див премин на српско-унгарската граница.

Доколку овие информации се потврдат тогаш ќе се отвори прашањето кој се му помогнал на експремиерот и каква е улогата на властите во Србија и Унгарија.

Сијарто: Не знам како Груевски без пасош влегол во Унгарија

Додека унгарските весници преку карикатури  се подбиваат со бегството на Никола Груевски во Будимпешта, владата на Виктор Орбан засега не сака да открие како поранешниот македонски премиер, без пасош стигна на нивна територија.

 Тамошниот  министер за надворешни работи Петер Сијарто кратко изјави дека е завршана процедурата за поднесување на барање за азил и дека додека не биде одлучено по истото, тие ќе се воздржат од повеќе детали.

-Ако процедурата за азил е завршена, ние сме многу среќни да бидеме на располагање. Претпоставувам дека се постапува по предметот за азил. Додека не се заврши не можам да ви дадам повеќе информации,изјави Петер Сијарто – Министер за надворешни работи на Унгарија.

Барталан Хаваси од службата за односи со јавност на Унгарскиот премиер ги демантираше информациите дека Орбан се сретнал со Груевски. Тој кажа дека синоќа унгарскиот премиер бил дома со своето семејство.

Во меѓувреме официјално од Европската комисија немаат коментар за овој случај, но некои евро пратеници како  и известувачот за Македонија од европскиот парламент Иво Вајгел сметаат дека треба да се почекаат официјалните изјави и реакции од страна на унгарските власти пред да се коментира барањето азил на Груевски.

 Европратеникот Кнут Флекенштајн пак на твитер порача дека е речиси невозможно  унгарските власти да му доделат азил на Груевски

 -Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја, напиша европратеникот Кнут Флекенштајн на Твитер.

Во меѓувреме се одгласија и од ЕПП, од каде кажаа дека ќе почекаа на официјална информација од Унгарската влада, а потоа ќе коментираат за бегството на Груевски во Будмипешта.

Богдановиќ: 60-катницата кај Холидеј Ин нема да се гради

По 27 декември, кога се прогласи мораториум  Општина Центар има издадено 21 одобрение за нови градби.

Нема да се градат зграда кај паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“, бидејќи тоа е земјиште од 27.12 минатата година е влезено во мораториум за градби или одлука за запирање на извршување на деталните урбанистички планови, вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

По 27 декември, кога се прогласи мораториум  Општина Центар има издадено 21 одобрение за нови градби.

Според Богдановиќ 13 одобренија се издадени, бидејќи постапката за барање за одобрение за градење била почната пред да стапи на сила мораториумот, а меѓу нив е и одобрение за изградба на комплексот на „Лимак“ на Јужен булевар.

Останатите 8 одобренија се дадени за Детални урбанистички планови каде не важи мораториумот и тоа ДУП што опфаќа дел од Капиштец и Водно, ДУП Француски гробишта и ДУП Дуќанџик.

Денеска советот на општина Центар ќе ги разгледува нацрт развојните програми за општината во 2019 година.

притисни ентер