Ноќеска запален автомобилот на синот од пратеникот Локвенец

Според Хари Локвенец инцидентот се случил откако беа објавени фотографиите од Преспа, од потпишувањето на договорот за името со Грција, на кое присуствувал  и тој.

Час пред полноќ запален е автомобилот на синот од  пратеникот на СДСМ од прилеп, Хари Локвенец.

Автомобилот мини купер бил паркиран пред влезот на зградата каде што живее Локвенец.

Екипа на територијалната противпожарна единица прилеп пожарот бил  изгаснат.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Локвенец за Канал 5 потврди дека во континуитет добива закани.

Пред неколку  месеци пред зградата каде што живее Локвенец беа испишани графити со заканувачка содржина.

Кој ги пишувал графитите одговор нема бидејќи се уште полицијата трага.

Меј именува нов министер за Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј го именува Стивен Беркли за најнов министер за Брегзит.

Беркли доаѓа од функцијата државен секретар во министерството за здравство и гласал за излегување на Британија од Европската Унија.

Меј најави дека лично ќе ги надгледува последните десет дена од преговорите со Брисел за идните односи на Британија со ЕУ , додека Беркли ќе се насочи на подготовките во земјата и за усвојување на предлогот на Меј во Парламентот.

Беркли го заменува Доминик Рааб , кој вчера поднесе оставка поради несогласувањата со нацрт планот за Брегзит , откако конечно беше постигнат договор со Унијата.

Поранешната министерка за внатрешни работи , Амбер Рад е поставена за министерка за труд и пензиски систем на местото на Естер МкВеј , која исто така поднесе оставка.

Бугарскиот вицепремиер поднесе оставка

По масовните протести поради неговата изјава за активистите за правата на лица со посебни потреби , вицепремеирот на Бугарија , Валериј Симеонов , поднесе оставка.

,,Поднесувам оставка поради контимуираната медијска кампања против мене. Таа кампања му прави штета на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за мојата нормална работа. Тоа е нешто што не можам да си го дозволам. Не станува збор за мене или за партијата на чие чело се наоѓам , туку за Владата за која мислам дека е многу успешна. “ , рече Симеонов на прес конференцијата.

Вицепремиерот , кој е задолжен за економска и демографска политика и еден од лидерите на партијата Обединети патриоти ги нарече активистите ,, крескави жени” и рече дека шпекулираат шреку своите болни деца.

Премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Симеонов , кој објасни и дека сам ја поднесува , а не под притисок на премиерот.

Солзавец и водени топови –Демонстранти се судрија со полицијата(ВИДЕО)

Полицијата употреби водени топови и солзавец против демонстрантите во Чиле , кои протестираа против убиството за припадник на домородното население.

Убиството на маж од племето Мапуче, кој беше застрелан од полицијата предизвика насилни протести во главниот град на Чиле , Сантијаго. Демонстрантите палеа автомобилски гуми и фрлаа камења кон полицијата , која возврати со солзавец и водени топови.

Во средата 24 годишниот камило Катриланка беше застрелан во глава , додека полицијата вршела истрага за крадци на автомобили.

Катриланка бил внук на почитуван поглавар на домородното население , Мапуче.

притисни ентер