Зголемен вкупниот промет во индустријата - Канал 5

Зголемен вкупниот промет во индустријата

Вкупниот промет во индустријата во март годинава е зголемен за 5,4 отсто во споредба со истиот месец од минатата година.

Зголемен вкупниот промет во индустријата

Во однос на февруари годинава има раст од 14,2, а во првите три месеци од 2018 година пораснал за 10,8 отсто во споредба со истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во однос на ланскиот март бележи пораст кај Капитални производи за 11,5 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,8 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,6 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 4,4 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2018 година, во однос на март 2017 година е намален за 6,9 отсто. Опаѓање од 19,1 отсто има кај Интермедијарни производи, освен енергија, и Капитални производи за 13,5 отсто, а пораст кај Трајни производи за широка потрошувачка за 24,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто. Во однос на февруари годинава, пак, пораснал за 19,7 отсто, а во привите три месеци од годинава во споредба со истиот период лани за 3,7 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, во март годинава во споредба со март 2017 година, е зголемен за 8,5 отсто. Пораст од еден отсто има кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капитални производи за 12 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,3 отсто, додека опаѓање е забележано кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3,7 отсто. Во однос на февруари годинава прометот пораснал за 12,7 отсто, а во привите три месеци од годинава во споредба со истиот период лани за 2,1 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита?

Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување.

Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада.

Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“.

Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање.

Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо.

Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока.

Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители.

Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните.

Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Во петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 морков

1 главица кромид

400 мл. доматно пире

400 гр. мелено месо

3 чешниња лук

3 лажици маслиново масло

половина чаша црвено вино

100 гр. пармезан

сол, бибер и босилок

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилство

Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите им определи мерка притвор.

Одреден притвор за девет припадници на МУП на Србија осомничени за насилство

На осомничените Игор Жмириќ и други им е одреден притвор поради опасност од попречување на постапката и вознемирување на јавноста.

Судијата за претходна постапка при Првиот основен суд во Белград, на 6 ноември 2026 година, донесе одлука со која на обвинетите Игор Жмириќ, В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В. и М.В. им определи мерка притвор, која според таа одлука може да трае најмногу 30 дена.

Притворот за обвинетите В.Л., Ј.О., Б.Ј., Д.В., Н.Д., Н.Ф., З.В., И.Ж. и М.В. е определен врз основа на законски причини пропишани во одредбите од член 211, став 1, точки 2 и 4 од Законот за кривична постапка, односно поради постоење посебни околности кои укажуваат дека обвинетите, доколку се на слобода, ќе ја попречуваат кривичната постапка преку влијание врз сведоците.

Исто така, земено е предвид постоењето на основано сомневање дека сториле кривично дело со елементи на насилство, за кое е пропишана казна затвор во траење подолго од пет години, при што начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело предизвикале вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

Против наведената одлука е дозволена жалба до кривичниот вонрасправен совет на Првиот основен суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на одлуката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер