Нов триумф на Микаела Шифрин

Американската скијачка Микаела Шифрин забележа нова победа во Свексиот куп во алпско скијање.

Шифрин победи на слаломската трка возена попладнево на патеката „Сљеме“, крај Загреб. Американката имаше 1,59 секунди подобро вкупно време од второпласираната Венди Холденер од Австрија, додека третото место го освои Швеѓанката Фрида Хансдотер.

За Шифрин ова беше трет триумф во „Сљеме“ со што повторно го заслужи приматот „Снежна кралица“, откако Американката кој претходно беше најдобра на оваа патека во 2013 и 2015 година.

Со вкупно седмата победа сезонава во Светскиот куп, таа во генералниот пласман ја зголеми двојно предноста (1.081 бод) во однос на второ рангираната Викторија Ребенсбург (510), а воедно Американката е лидер и во генералниот пласман во слаломската дисциплина./MИА
притисни ентер