Слава на манастирот Свети Јован Бигорски

Илјадници верници од синоќа во манастирот „Свети Јован - Бигорски.
Одекнуваат камбаните, бијат  клепалата, во вековното духовно светилиште на манастирската слава - празникот Отсекување  на главата  на Св. Јован Крстител, блика радост и  љубов.

Денес е тежок празник., црквата определила  строг пост.

Верниците се поклонуваат пред чудотворната икона на Св.Јован . Доаѓаат  тешко болни и брачни двојки  без деца. Се верува дека славниот  Претеча,  за празникот  е  особено присутен и ги слуша молитвите на сите  кои го повикуваат.

-Ова е најголемата слава на Бигорскиот манастир кој отсекогаш на овој ден  од неговото основање собирал многу народ. И денес сме сведоци  дека доаѓа народ од сите страни на нашата татковина и исто така тоа сведочо дека овој манастир ја продолжува својата мисија ова духовно светилишт е да биде дом не смао за лугето од овој крај  туку и за пошироките краишта на нашата татковина , вели  Антолиј  монах од  Бигорскиот манастир.

-Ова е нашиот небесен Ерусалим тука се спојуваат небото и земјата јас неможам да ви го искажам моето чуство, вели една верничка. 

На вечерната богослужба, синоќа  уште еден човек прими ангелски чин, стана нов собрат, монах  под името Антониј, станувајќи  верен  на  монашкиот завет.

 Денеска имаме голем број верници кои што се воцрквуваат токму во Бигорскиот манастир тоа е голем труд на старецот и тој секогаш не советува дека тоа треба да го чуваме и негуваме и дека секогаш треба да се молиме за  народот затоа што без Бога незнам како би опстанале, вели новит монах Антониј.
Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител е еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус .  

Почнува шестиот „Битола Шекспир фестивал“

Во Битола денеска ќе почне шестиот „Шекспир фестивал“ кој ќе го отвори ансамблот на домаќинот и организатор на фестивалот - Народен театар-Битола со претставата „Јулие Цезар (Res Publica  - Cosa Nostra)“ во режија на Златко Паковиќ.

Најавена е богата и квалитетна програма до 30 јуни кога фестивалот ќе биде затворен од Црногорскиот народен театар од Подгорица кој со многуброен ансамбл ќе ја изведе претставата „Зимска бајка“ во режија на Дино Мустафиќ.

На годинашниот „Битола Шекспир фестивал“ атрактивен а капела Шекспир концерт и 11 театарски претстави ќе изведат над 500 учесници од Полска, Романија, Казахстан, Италија, Хрватска и од Македонија.

Директорот на Битолскиот театар, Иван Јерчиќ, на прес-конференцијата по повод фестивалот истакна дека прават посебни подготовки за гостувањето на уметниците од Полска кои на 29 јуни ќе изведат а капела Шекспир концерт. 

- Очекуваме атрактивен концерт на хорот од Краков кој ќе биде придружуван од една од најголемите ѕвезди во Полска и Европа, уметникот Станислав Сојка. За време на концертот тој ќе приреди рецитал со сонетите на Шекспир. Во Битола ќе гостува и познатиот Театар на вечни вредности (Theater of Eternal Values) - интернационален ансамбл позициониран во Италија во кој настапуваат актери од цела Европа и кои на фестивалот ќе ја изведат претставата „Шекспировите жени“ во режија на Ерик Лорен, рече Јерчиќ.

На фестивалската програма годинава се и претставите „Ричард Трети“ на театарот „Гавела“ од Загреб. Театарот од Темишвар ќе настапи со „Шекспир сонет 66“, а од Букурешт ќе ја изведе претставата „Хамлет“. Актерите од театарот „Верди“ од Задар ќе настапат со „Отело – незаконита литургија“, а Академскиот руски драмски театар од Казахстан ќе ја изведе претставата „Ромео и Јулија“.

- На свеченото затворање на 30 јуни ќе настапи Црногорскиот народен театар од Подгорица чиј броен ансамбл ќе ја изведе претставата „Зимска бајка“. Посебно сум задоволен од учеството на театрите од нашата држава бидејќи освен Битолскиот театар, со свои претстави ќе настапат и Театарот за деца и младинци со претставата „Сонот на Вилијам“, Албанскиот театар-Скопје ќе ја изведе претставата „Макбет“, а Турскиот театар-Скопје ќе гостува со претставата „Крал Лир“, истакна Јерчиќ.

„Битола Шекспир фестивал“ се одржува со поддршка на Општина Битола и е под покровителство на Министерството за култура. /МИА

Перформанс „’Ртулци“ - прва продукција на програмата „Инкубатор“

Во „Кино Култура“ вечер од  20 часот ќе биде изведен мултимедијален перформанс насловен „’Ртулци“, создаден од младите уметници кои беа дел од првата продукција  „Инкубатор“. 

Настанот го организираат Културниот центар „Интерарт“ и Амбасадата на Швајцарија во Македонија, а ќе се обратат Рисима Рисимкин, уметнички директор на проектот, и амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада. 

- Музика, танц и визуелна уметност - синергија на сцена претставена низ призмата на нов бран млади креативци. Седум оригинални уметнички дела ќе пренесат приказна создадена на тримесечните работилници на „Инкубатор“, под менторство на истакнати македонски уметнички имиња, соопшти Културниот центар „Интерарт“.

Целта на културната програма „Инкубатор“ е интегрирање млади уметници во современата уметничка сцена преку професионално менторство и поддршка, што на долг рок ќе придонесе збогатување и дополнително афирмирање на младинската современа уметничка сцена во Македонија, но и надвор од границите. /МИА

Трамп имаше средба со семејствата на Американци убиени од илегални мигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со семејствата кои ги загубиле најблиските од страна на илегални имигранти во САД.

Средбата е одговор на критиките во јавноста за праксата во некои случаи да се раздвојуваат децата на илегалните имигранти од нивните родители, додека да се завршат истрагите или процесот на депортирање.

„Се собравме денеска да слушнеме од американските жртви на илегалната имиграција. Ова се американски државјани кои се трајно разделени од нивните сакани кои биле убиени од илегални имигранти – криминалци. Медиумите ги игнорираат овие семејства. Нашата прва должност е да им бидеме лојални на граѓаните на САД. Нема да запреме додека границата не биде безбедна и додека не ставиме крај на имигрантската криза“, изјави претседателот Трамп за време на средбата.

Тој воедно ја повика јавноста да ги прима вестите од границата меѓу САД и Мексико со доза на резерва, особено откако неделникот „Тајм“ на насловната страница го обвини Трамп за разделувањето на децата од нивните мајки.

Се покажа дека во случајот кој беше посочен од страна на „Тајм“, девојчето на насловната страница воопшто не било разделено од нејзината мајка, која пак неколку пати илегално влегувала во САД и го понела девојчето на пат од Хондурас кон САД спротивно на волјата на нејзиниот сопруг и ги оставиле своите три други деца зад себе.

„Медиумите ја пренесуваат едната страна, но никогаш не ја пренесуваат вашата страна“, додаде Трамп, обраќајќи им се на семејствата чии блиски биле убиени од илегални имигранти.

Се проценува дека вкупно околу 2.000 деца биле разделени од нивните родители на границата.

притисни ентер