Со концерт на Тереза отворена меѓународната уметничка колонија „Вевчански видувања”

Вевчани неисцрпна инспирација за врвните светски сликари. Триесеттина уметници и годинава ќе творат на меѓународната уметничка колонија “Вевчански видувања”, што синоќа свечено се отвори со ексклузивен концерт на хрватската дива Тереза Кесовија.
Природните убавини во тивката планинска природа се основниот мотив за врвните  ликовни мајстори од различни генерации,  култури и сликарски школи.

-„Преку сликарите што доаѓаат од сите меридијани да се пренесе таа убавина а како што рекол Достоевски „Убавината и ќе го спаси светот“.  Ќе се создаде една уметност која ќе зрачи а верувам дека ќе се пренесува и преку изложбите што се организираат секоја година. Годинава во Москва, минатата во Њујорк и верувам дка ќе продолжи таа традиција“, вели Живко Поповски Цветин уметник од Македонија.

-„Ќе видам „Виа Игнација“, патот каде проаѓал,  и тие древни извори каде се. Ние живееме во урбани средини каде е се загадено  и буквално физички а и луѓето. Морам да  кажам дека овдека наоѓаме некоја природа која е се уште недопрена“, вели Божидар Дамјаноски уметник од Белград.

Повеќе од 56 години на музичката сцена, хрватската певица, која се вљуби во Вевчани и гостопримството на добрите домаќини, вели времињата се менуваат а денес недостига љубов.

-„Сета оваа убавина е повеќе од  потребна, да се дојде овде, човек да си ја одмори душата. Да се размислува  за некои убави нешта. Јас сум уверена дека има прекрасни луѓе  во светот кои не се променија. Мислам дека мора да се сакаме повеќе. Повеќе да се разбираме, повеќе  да се толерираме. Мислам дека толеранцијата денес во овој свет е најважна.Јас некако себе си си давам за право тоа да го кажам бидејки имам зад себе години живот и години искуство и години работен стаж“ , вели Тереза Кесовија .

Во следните десет денови светските уметници  ќе  творат на Меѓународна ликовна колонија, што по осми пат се одржува во живописното Вевчани. Уметничките дела родени во падините на Јабланица  ќе бидат сместени во каталог но,  ќе се организираат  и изложби за пошироката јавност.


Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер