Млади битолчани по стапките на браќата Манаки

Првите филмски сниматели на Балканот, Браќата Манаки, потекнуваат од Битола.
Млади талентирни битолчани сега се обучуваат да работат според кино техниките со кои работеле овие филмски сниматели познати низ цел свет. Во комбинација со модерни методи тие учат како да снимат филмска приказна.

Снимените документарни филмови досега освојуваат и голем број награди на домашни и меѓународни филмски фестивали заради што од кино клубот Милтон Манаки од Битола очекуваат од ова поднебје да излезат и нови големи идни филмаџии.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Анета Шијакова разговараше со Стефан Хаџиантоновски од Кино клуб ,,Милтон Манаки,, Битола.

Целиот разговор погледнете го во видеото.


Мексико ги отвори границите за жените и децата – мигранти (ВИДЕО)

Илјадници мигранти од Хондурас и Гватемала се заглавени на јужната Мексиканска граница , каде полицијата ги спречуваше да влезат со солзавец.

Мексиканскиот амбасадор во Гватемала , Луис Мануел Лопез изјави дека мигрантите, жени и деца ,  биле регистрирани и ќе бидат пренесени во прифатни центри во централниот дел на земјата , во Тапачули.

Претседателот на САД , Доналд Трамп им се закани на мексиканските власти дека ќеја затвори границата , доколку земјата не се справи со илјадниците учесници во мигрантскиот марш од неколку земји од Јужна Америка.

Некои од мигрантите, со часови заглавени на мост меѓу Гватемала и Мексико скокаа , од мостот висок неколку десетици емтри во реката , за да допливаат во Мексико.

Таму се надеваат да добијат статус азил , по што можат да се пријават за бегалски статус во САД.

На протестот во Лондон против Брегзит 700 илјади, на контрапротестот 1200 (ВИДЕО)

Организаторите на протестот против излегувањето на Британија од ЕУ , соопштија дека во Лондон се собрале 700 000 демонстранти. На контрапротестот во Јоркшир , каде протестираа еуроскептиците , имаше 1 200 лица.

Маршот под иницијатива People's Vote го предводеа млади луѓе , кои немале можност да гласаат во 2016 , кога Британија на референдум се изјасни дека сака да излезе од Европската Унија. Пратениците од поголемите партии го подрржаа барањето на Британците за нов референдум , кој веќе е отфрлен од премиерката Тереза Меј.

Маршот се одржа во исто време со демонстрациите во Јоркшир , каде се изрази поддршка на излезот на Британија од ЕУ . Собиропт се одржа од иницијативата Leave means leave, која сака што побргу земјата да излезе од унијата.

На референдумит , 51, 8 проценти од Британците сакаа да излезат од ЕУ . Денеска овој процент е во корист на оние кои сакаат да останат. За излез од ЕУ и реферндумскиот резултат пресудни беа гласовите на Англија и на Велс. Т

огаш Шкотска со 62 проценти беше против излезот на земјата од Унијата , како и Северна Ирска , каде 55,8 проценти беа против Брегзитот.

Младите Британци денеска побараа нов реферндум , свесни дека ќе немаат можност за градење кариера , доколку Британија се одвои од ЕУ.

Поради сообраќајка затворен патот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир

Магистралниот пат Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа меѓу две возила која се случила во местото викано Самоков, информираат од полицијата.

Од полицијата информираат дека досега нема пријавено повредени лица во сообраќајната несреќа.

Во тек е увид на сообраќајната полиција. Сообраќајот е затворен од 19.45 часот. 

притисни ентер