„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Финска бара ЕУ да изнајде мерки за спречување на влезот на мигранти од Русија

 Финска бара Европската Унија да изнајде заеднички мерки за спречување на т.н инструментализирана миграција, што значи проток на мигранти кои доаѓаат од Русија без валидни патни документи, изјави финскиот премиер Петери Орпо.

Финска ја затвори границата со Русија минатата година за да го спречи зголемениот број на пристигнувања од земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија, и ја обвини Москва дека ја користи миграцијата како оружје против Финска и ЕУ, што Кремљ го негира.

Некои мигранти сепак пристигнаа, а финската Влада поднесе предлог до Парламентот со кој ќе се овласти граничната контрола за враќање назад на барателите на азил кои се обидуваат да влезат од Русија.

„Мораме да ја ставиме нашата национална безбедност и безбедноста на земјите од ЕУ на прво место. Ние сме многу свесни за нашата одговорност да ги контролираме надворешните граници на Европската унија“, рече Орпо на прес-конференција.

Нови експонати во Музејот во Демир Капија од лозаровинарската традиција во регионот

Музејот ја продолжува својата активност во насока на реализација на проекти, што во голема мера ќе допринесат кон квалитативно збогатување на содржините и ќе го доближат културното наследство од регионот на Демир Капија, поблиску до посетителите.&nb

Нови експонати што говорат за долгогодишната лозаровинарска традиција во демиркаписко, се дел од Музејот во Демир Капија. Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог, појасни за МИА дека се откупени дополнителни етнолошки предмети од локално население, со цел збогатување на музејската винска галерија. Таа подвлече дека со ова е реализиран првиот од четирите проекти од национален интерес, што годинава се целосно финансиски поддржани од Министерството за култура.

- Музејот ја продолжува својата активност во насока на реализација на проекти, што во голема мера ќе допринесат кон квалитативно збогатување на содржините и ќе го доближат културното наследство од регионот на Демир Капија, поблиску до посетителите. Целта е со прибавување на предмети што се поврзани со винската конзумна култура, да се прикаже долгата и вековна традиција на производство на вино од регионот на Демир Капија, начинот на заштита на виновата лоза, садови за варење на маџун и слично, истакна Тодоровска Митрева.

Таа појасни дека откупени се предмети од локално семејство од Демир Капија.

- Долги години наназад, тие претставувале семеен имот. Се користеле за сопствени потреби при обработка и заштита на виновата лоза, за печење ракија и за варење маџун. Се работи за предмети кои денес не се веќе во употреба, нивното место е заменето со многу помодерни, побрзи и пософистицирани алатки. Сега се потсетник на минатото, во смисла на една традиција пропратена со ритуали и локална егзотика, неповторливо доживување на семејната лозаровинарска приказна, како трага на времето, не само во овој регион, туку и секаде во Македонија каде што се одгледува виновата лоза, нагласи Тодоровска Митрева.

Откупени се една бакарна аранија во која со варење на грозјето се приготвувал најслаткиот и најздравиот напиток, маџунот, надалеку познат како еликсир за оздравување и исцелување на телото, традиционална маказа за кроење на виновата лоза, грбна пумпа за заштита на виновата лоза целосно сочувана со сите нејзини елементи, како и горен дел од статичен казан за варење ракија изработен од печена глина, преку кој се одвива хемискиот процес на создавање на лозова ракија, како еден од традиционално најпознатите жестоки пијалоци на овие простори.

Синдикатот за здравство со поддршка на вработените во болницата во Лешок

Синдикатот за здравство со поддршка на вработените во болницата во Лешок да опстои установата како самостоен правен субјект.

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ дава целосна и безрезервна поддршка на синдикалната организација при ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок во нивните барања да се преиспита идејата или одлуката за припојување кон ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

-Станува збор за специјализирана установа која постои како посебен правен субјект повеќе од 46 години. Доколку има некаков проблем бараме да биле решен и надминат во рамки на оваа јавна здравствена установа без оглед дали станува збор за некакви персонални решенија, недостиг на одредени профили на вработени и слично. Од овие причини како Гранков синдикат ги поддржуваме барањата на синдикалната организација со надеж и верување дека нема да дојде во прашање каква било статусна промена на оваа специјализирана здравствена установа која сосема самостојно со години успешно функционира во рамки на македонскиот здравствен систем, соопшти денеска Синдикатот.

Вработените од Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза-Лешок минатата недела изразија јавно несогласување со ставот на министерот за здравство Илир Демири во Тетово дека нивната установа треба да се спои кон Клиничка болница Тетово. Тие сметаат дека решението не е во спојување како правен субјект, туку вработување на специјалисти.

притисни ентер