Неподвижен и во инвалидска количка го сместиле во старски дом, сега шета низ Битола

74 годишниот Симеон Котларовски од Ресен пред три години доживеал несреќа при пад од лифт поради што останал неподвижен и морал да користи инвалидска количка.
 Во таква состојба бил сместен во старскиот дом ,,Сју Рајдер,, во Битола. Благодарение на добрата нега во домот вели дека тука неговата здравствена состојба значително се подобрила, така што денес може да ужива во прошетки и дружење со пријателите.


Котларовски е сместен во старскиот дом како социјален случај бидејќи припаѓа на ранлива категорија на граѓани.

Во домот има над 70 неподвижни лица. Од персоналот велат дека покрај негата која ја добиваат многу е важна и нивната упорност и дисциплина за да можат повторно да застанат на нозе.

Домот има капацитет за 150 корисници.

Скаути од НБА ќе го следат кошаркарското Европско јуниорско првенство во Скопје

 Вкупно 15 скаути од НБА и уште 15 од евролигашки клубови ќе ги следат јуниорските таленти за време на претстојното европско првенство за кошаркари до 18 години што ќе се одржи во Скопје.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, најавена е и посета од извршниот директор на ФИБА Камил Новак, на почетокот на август.

Првенството почнува на 27 јули, а завршува на 5 август 2018 година.  Натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале, во големата сала, во СЦ „Јане Сандански“ и во Vip арената при СЦ „Борис Трајковски“.

- Чест и задоволство ми е што Скопје годинава е домаќин на европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години, најмасовното првенство за млади со учество на 24 екипи и вкупно 300 учесници. Првенството ќе трае девет дена, сметајќи ги и двата дена за одмор, 30 јули и 2 август, рече градоначалникот Петре Шилегов.

На прес-конференцијата во спортската сала „Јане Сандански“ беа присутни спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација Владимир Темелковски, селекторот на машката репрезентација во кошарка до 18 години Панче Милевски и капитенот на репрезентацијата Лука Стојаноски.  

 - Град Скопје ќе продолжи да поддржува настани кои го развиваат спортскиот дух кај младите зашто тие се нашата иднина, иднината на овој град. Покрај вложувањата во врвниот, рекреативниот, масовниот и во спортот за лица со посебни потреби, најмногу ќе вложуваме во средноучилишниот спорт. Годинава доделивме 100 стипендии за спортисти-средношколци на подрачјето на Градот Скопје, истакна Шилегов. 

Момчињата спасени од пештера се повлекуваат во будистички храм

Повеќето момчиња, спасени од пештера во Тајланд, заминуваат на неколкудневно повлекување во будистички храм пред да се вратат на секојдневниот живот, соопштија денеска тајландските власти.

– Ќе заминат на девет дневно повлекување, соопштија локалните власти и дополнија дека за момчињата тоа ќе биде прво будистичко повлекување.

Праксата со заминување во будистички храмови е вообичаена во земјите каде мнозинството население се будисти. Нивното повлекување почнува на 25 јули, кога според традицијата на будизмот ќе им бидат избричени главите и ќе им бидат предадени униформи на будистички свештеници. Момчињата ќе бидат во различни храмови до 4 август. Само едно момче нема да им се придружи, бидејќи е христијанин.

Анастасија е руската Ким Кардашијан и подвижен експлозив! Нејзините облини се нестварни (фото)

Атрибутите на Ким Кардашијан помеѓу останатото ја прославија ѕвездата на реалното шоу. Токму нејзиниот физички изглед многумина девојки се обидуваат да го постигнат.

Но, една девојка сепак н мора толку да се труди за да изгледа како Ким. Тоа е руската манекенка и модел Анастасија Квитко, која на социјалните мрежи ја нарекле руска Ким Кардашијан.

Таа по потекло е од Калињиград и моментално работи во Мајами, на Флорида, каде ужива во популарноста која ја стекнала благодарение на руските медиуми.

-Работам како модел. Кога имав 17 години, ме забележа познатиот моден фотограф Анвар Норов и потоа ја засакав оваа работа и продолжив да се занимавам со неа. Плус, фотографите од целиот свет ми испраќаа понуди за снимања поради моите исклучителни пропорции“, истакнала таа, пренесуваат светските таблоиди.

 

Hola❤️ Shorts and top @fashionnova

A post shared by AK (@anastasiya_kvitko) on

 

Pants @ymijeans 🌊

A post shared by AK (@anastasiya_kvitko) on

 

Dress @prettylittlething 💕 Photo @aldorphotography

A post shared by AK (@anastasiya_kvitko) on

 

I’m in love with my @fashionnova set 💕

A post shared by AK (@anastasiya_kvitko) on

притисни ентер