413 делегати му дале поддршка, 176 гласале против Заев

Зоран Заев остана во лидерската фотелја на Социјалдемократскиот сојуз откако на вчерашниот отчетен конгрес за него гласаа 413 делегати, а против 176.

На гласањето му претходеше бурна и жестока дебата со барања за оставка од Заев, Есад Рахиќ дури најави повлекување од органите на партијата доколку двоецот Заев -Шекеринска не се повлечат од функциите.

Информациите од партијата говорат дека голем дел од гласовите за Заев се должат на неговите ветувања и завети дека во иднина нема да ги напушта насоките дадени од неговиот претходник Бранко Црвенковски. Токму такво ветувања Заев за време на конгресот надвор од салата му дал на Гордан Георгиев, кој беше меѓу најгласните кои бараа смена на раководството. Заев беше под притисок и поради тоа, како што тврдат извори од партијата, Стево Пендаровски до последен миг се колебал дали да ја прифати понудата за нов лидер на СДСМ.

Сепак, Заев и Шекеринска успеаја да се задржат на партискиот врв. Заев сега е исправен пред предизвикот да ја води партијата низ бојкот и надвор од сите институции, а притоа носејќи го товарот на сопственото минато за кое трпи низа критики.

Тој самиот по изборите беше свесен дека во секој случај ќе доживееле пораз.

На прашањето на новинарката Оливера Трајковска: Да беше се фер и коректно на изборите, кој резултат ќе го изборевте?“, Заев вели дека ќе освоеле 20 - 30 илјади гласа помалку од ВМРО - ДПМНЕ.

„Четиристотини илјади на 420-430 за Груевски и владејачката партија. Тоа е вистинскиот резултат, тоа го кажувам многу често, не победа, заради тоа што имаме свои слабости“, вели Заев.

Јавноста се уште го памети лидерот на СДСМ, како човек кој беше аболициран за криминал тежок осум милиони евра, оној кој се закануваше дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе се пука, а последно во низата беше доделувањето тендери на неговиот татко, брат, роднини и пријатели.

Бектеши: Четвртиот сет на мерки до крајот на неделава

Очекувам до крајот на неделава да биде готов четвртиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството. 

Со новиот сет на мерки ќе бидат таргетирани најпогодените сектори, но и граѓаните кои имаат најмногу потреба со цел за заеднички да ја пребродиме корона кризата, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Како што најави и премиерот Зоран Заев ние веќе имавме неколку состаноци, а одржавме и економски совет. Денеска продолжуваме со состаноците на кои ги правиме сите проекции. Веќе се добиени сите барања од стопанските комори и моментално се прават последните анализи. Како институција ги пративме и нашите предлози имајќи во предвид дека имавме повеќе состоноци со стопанските комори и очекувам дека во текот на неделава ќе излеземе со четвртиот сет на економски мерки со цел да им помогнеме на граѓаните, но истовремено и на стопанството, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со директорот на ТАВ Алпер Ерсој.

Тој нагласи дека не би можело да се каже дека земјава понудила најмала помош во околината за стопанствотоа ако се има во превид вредноста на првите три сета на економски мерки за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Просечната нето-плата во јули 27.231 денар

Просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денар, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари. 

Според Државниот завод за статистика, во однос на јули 2019 година нето платата е поголема за 8,5 отсто, а бруто платата за девет проценти.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,7 отсто), Информации и комуникации (12,4) и Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,1) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6), наведува Заводот за статистика.

Во однос на бруто платата, зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите: Образование (13,8 отсто), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.6) и Информации и комуникации (12,2 процента). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9 отсто), Уметност, забава и рекреација (6,8) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,6).

Средба на Бектеши со менаџментот на ТАВ

 Парите предвидени за изградба на карго –аеродромот во Штип ќе се пренаменат за изградба на училишта, градинки, водовод и канализации

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работен состанок со менаџментот на ТАВ Македонија.

Министерот Бектеши информираше дека во текот на минатата година Министерството за економија направи измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвара можноста средствата предвидени во договорот за концесија со ТАВ Македонија, наменети за изградба на карго -аеродром во Штип да се пренаменат за проекти од јавен интерес на државата.

Министерот информираше дека до во наредниот период Владата и концесионерот ќе склучат анекс на договорот за концесија со што од следната година ќе започне реализацијата на проектите.

„Анализите покажуваат дека изградбата на карго-аеродромот во Штип не е економски оправдана и сакаме тие средства да ги пренамениме за проекти од јавен интерес за подобрување на животот на сите граѓани како што се училишта, градинки, водоводи, канализации и реконструкција на општински згради се со цел да се олесни пристапот до услуги за граѓаните. Се работи за сума од 49,7 милиони евра“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека општините веќе минатата година доставија свои проекти кои се приоритетни за реализација

„Владата има список на проекти кои се приоритетни за реализација а се доставени од општините.Кога ќе се потпише анекс-договорот ќе бидат објавени и проектите кои што ќе се реализираат и динамиката за новна реализација“ информираше министерот Бектеши.

Министерот Бектеши кажа дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработа помеѓу Министерството за економија и ТАВ Македонија со цел подобрување на услугите за граѓаните.

Со почит

Одделение за односи со јавност

притисни ентер