Во собранието инаугуративна седница за вториот претседателски мандат на Ѓорге Иванов

Денеска на пладне во Собранието на Република Македонија ќе се одржи втората седница на која претседателот Ѓорге Иванов ќе даде свечена изјава на инаугуративната седница.

Претседателот Иванов согласно членот 81 од уставот пред собранието ќе даде свечена изјава со која и официјално ќе го почне вториот претседателски мандат по победата на претседателските избори кои се одржаа на 13 и 27 април заедно со предвремените парламентарни избори.

Инаугуративната седница доаѓа само два дена по конститутивната седница на новиот пратенички состав која се одржа викендов и на која во присуство на претставниците на дипломатскиот кор беа верификувани мандатите на сите 123 пратеници, вклучувајќи ги и тие од листата на СДСМ кои не присуствуваа на седницата. 
 
По инаугурацијата во собранието во вилата Водно како што најавија од претседателскиот кабинет, ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствуваат граѓани, кои ќе бидат примени од страна на претседателот Иванов.



притисни ентер