Украдени 18 икони од демирхисарско, пред кражбата прилепчани се распрашувале за црквата

18 стари вредни икони се украдени од црквата Св. Никола во демирхисарското село Бабино. Во полиција кражбата на 5. април ја пријавил жител од селото, по што по увидот се претпоставува дека крадците влегле во црквата во периодот од 23 март до 5 април. Покрај иконите, украден е и мал сребрен крст и околу 70 денари.
За крадците не било тешко незабележани да влезат во црквата Свети Никола бидејќи таа е лоцирана на ридот над селото и опкружена со густа шума. Покрај тоа, во селото живеат само десеттина постари жители.

Црквата вообичаено била заклучена, а клучот го чува 78 - годишна старица од селото која им отвора на посетителите кои сакаат да запалат свеќа.

Мештаните од селото раскажуваат дека неколку дена пред кражбата во селото дошле неколку непознати лица со автомобил со прилепски регистарски таблички и се распрашувале за црквата. Ова и станало сомнително на старицата која го чува клучот, по што отишла во црквата.

Таму ја нашла скршена старата брава, црквата била отворена, а иконите украдени.

Полицијата работи на расчистување на случајот со цел откривање на сторителите.

Базен се излеа од висококатница за време на земјотресот во Манила (видео)

Базен, лоциран на врв од висококатница се излеа за време на вчерашниот силен земјотрес што ги погоди Филипините.

Според локалните медиуми, водата паѓала од базен, кој се наоѓа на врвот на висококатница та пентхаус во предградието на Манила.

Нема повредени во инцидентот, а во моментот на потресот во базенот немало капачи.

Во вчерашниот земјотрес од 6,3 рихтерови степени загинаа 11 луѓе

Кого ќе зафати „пролетното чистење“ во власта?

Неизвесноста со која што двајцата кандидати за претседател влегуваат во вториот круг ги „стресе“ партиските изборни штабови.

Незадоволни од неделниот резултат во СДСМ се бара одговорност, на итен состанок синоќа во партиското седиште се анализираа бројките.

Претседателот на социјалдемократите и премиерот, Зоран Заев веќе најави и кадровски промени во своите редови веднаш по изборите.

Најавата за „чистка“ доби експресна поддршка од симпатизерите, па на Заев симболично му ги обезбедија неопходните средства.

Опозицијата со реакции на најавата на Заев. Кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ на Твитер напиша „народот ќе ви ја испорача метлата на 5-ти мај“.

Лидерот на опозициската партија пак на Фејсбук коментираше „ не е до чистката, туку до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.

Бројките од неделата покажуваат дека незадоволството е големо и од власта и од опозицијата, цени политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Според него, власта причините за изборниот резултат и неостварување на проектираниот исход треба да ги бара не во спроведување на непопуларните одлуки, туку токму во недостигот на такви мерки.

Како дел од одговорни за освоените гласови се посочуваат и локалните власти и незадоволството на граѓаните од нивната работа.

Градоначалникот на Град Скопје вели одговорност ќе се понесе по изборите, но гласачите не треба да ја казнуваат државата поради нерешените локални проблеми.

Над 320 луѓе загинаа во експлозиите во Шри Ланка како одмазда за Крајстчрч

Првичната истрага за смртоносните напади на Шри Ланка, во кои загинаа над 320 лица, покажува дека станува збор за одмазда за Крајстчрч, изјави заменикот-министер за одбрана Руван Виџевардене.

– Првичните резултати покажуваат дека она што се случи на Шри Ланка е одговор на нападите против муслиманите во Крајстчрч, изјави пред парламентот Виџевардене.

На 15 март во Крајстчрч на Нов Зеланд во напад на две џамии беа убиени 50 муслимански верници.

Во неделата, на католички Велигден, на Шри Ланка избувнаа серија експлозии.

Првите шест експлозии беа во три цркви и три хотели, седмиот во западниот дел на островот, а осмиот во станбен комплекс во Коломбо.

Според локалните медиуми нападите ги изведоа бомбаши-самоубијци.

притисни ентер