Бан Ки Мун со апел до Јанукович за дијалог со опозицијата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, со апел до украинскиот претседател Виктор Јанукович да започне „конструктивен дијалог“ со опозицијата.
Бан во телефонски разговор со Јанукович изразил „сериозна загриженост“ во врска со кризата во Украина.

Генералниот секретар на светската организација кој моментално се наоѓа на самит на Латинска Америка во Хавана, во телефонскиот разговор со Јанукович побарал „спротиставените страни да започнат смислен, одржлив и инклузивен дијалог, за да се пронајде решение за кризата и да се спречи понатамошното крвопролевање“.

Инаку,  членовите на украинското движење „Заедничко дело“, кои ја окупираа зградата на министерството за правда во Киев, ја прекинаа блокадата.

Тие очекуваат дека властите во одговор на ваквата одлука ќе ги исполнат ветувањата за амнестирање на сите политички затвореници. Ако тоа не се случи, тие ќе преземат нова блокада.



Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер