И стружани Нова Година ќе ја слават на плоштад

Струга конечно организира масовен дочек на Новата Година. После шест години за оваа намена од општинската каса се издвоени два милиони и двесте илјади денари.

Градот на мостовите  ќе блесне  во новогодишно руво,  а на  градскиот плоштад со 5000 евра  ќе биде  организиран мултиетнички концерт.

- После толку време и стружани Нова година ќе ја прослават како што им доликува. Ќе имаме   новогодишен концерт на градскиот плоштад, потоа украсување и осветлување на градот, како што и доликува на Струга. Домаќински може се да се постигне за да бидат граѓаните задоволни, вели Љавдрим Ељмази, раководител на секторот за Образование во општина Струга.

Се преговара и со локални но и со познати музички имиња од регионот.

- Што се однесува до естрадните уметници кои што ќе настапуваат се уште се преговара со одредени пејачи и секако во догледно време ќе имаме решение, вели Николина Велкоска координаторот на советничката група на СДСМ - Струга,

Стружани  се задоволни од ваквата одлука на локалната власт.

-  Би требало да има малку да живни Струга. 04 50 Пошто ништо не се случува во Струга така е се некако монотоно и сите празници поминуваат  така тивко, вели една стружанка.

За 5000 евра и Дедо Мраз ќе прошета по струшките улици да подели пакетчиња за децата во Струга.
притисни ентер