ЗдравјеАпаратот за компјутерска томографија во струмичката болница не работи една годинаАпаратот за компјутерска томографија во струмичката болница не работи една година,препукувања околу набавување нов.Околу 150 илјади здравствени осигуреници кои ги користат услугите на струмичката болница една година се принудени да прават компјутерска томографија во други градови. Од февруари минатата година апаратот не работи, а неговата поправка била неисплатлива и е одлучено да се набави нов. Нефункционирањето на апарат за компјутерска томографија вчера стана тема за препукување меѓу градоначалникот Костадин Костадинов и раководството на ЈЗУ „Општа болница Струмица“. Во објавата на неговиот фејсбук профил, струмичкиот градоначалник постави прашање до власта, во кое како што вели „пред да го смените државниот грб и химната и пред министерот за здравство да навлезе во решавање на етничките прашања, да ве прашам-кога планирате да го поправите апаратот за компјутерска томографија во Струмица?“. -Девет месеци откако сте на власт не работи апаратот за компјутерска томографија во струмичката болница. Девет месеци струмичани секојдневно се принудени да патуваат до Гевгелија или Штип за да направат дијагностички преглед на КТ скен. Колеги функционери и пратеници што земате помеѓу 2,5 и 6 милиони денари за патни трошоци, за овие луѓе што секој ден патуваат стотици километри за услуга која вие треба да им ја обезбедите во нивниот град, кој ќе им ги плати нивните трошоци?, прашува Костадинов. Додава дека секој ден власта се фали дека троши по неколку милиони на сокаци, чешми и огради, ама на никој не му текнало да дојде и да го поправи КТ скенот во струмичката болница. -Еве еден предлог-откажете едно патување во бизнис класа и поправете ја комјутерската томографија во струмичката болница, напиша струмичкиот градоначалник. На објавата на Костадинов реагираше Стручниот колегиум на струмичката болница. Во реакцијата, објавена на нивната фејсбук страница, се наведува дека како одговорна, посветена и професионална институција ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ чувствува неопходна потреба да искаже отфрлување и резигнираност кон одредени паушални ставови на поединци, како и загриженост за прифаќањето на ваквите лаги на одредени политички партии и локални политичари. -КТ апаратот во ЈЗУ „Општа Болница Струмица“ не работи од февруари 2024 година, а од како е назначена новата раководна структура, со целиот интегритет на стручниот колегиум, се донесе став дека на нашата болница, кон која гравитираат околу 150.000 осигуреници, е неопходно да се обезбеди оваа дијагностичка алатка. Се направи комплетна евалуација и се потврди дека репарацијата на постоечкиот дефектен апарат кој е набавен 2012 година (стар 13 години) е комплетно неисплатливо и неоправдана и се направи чекор кон обезбедување на средства за набавка на нов КТ апарат. Стручниот колегиум и управата на Болницата издејствуваа комплетна финансиска подршка, благодарение на дослухот од ФЗОМ за набавка на нов КТ, а со цел непречена здравствена заштита на нашите пациенти. Проектот за набавка на оваа алатка благодарение на ФЗОМ и Владата на РМ е во процедура, се наведува во реакцијата на Стручниот колегиум на струмичката болница. Инаку, лани во јули, при посетата на струмичката болница, директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, најави брзо решение на овој проблем со одговор дека набавката на нова опрема не е јасно поделена меѓу Министерството за здравство и ФЗО. -ФЗОМ е задолжен за одржувањето, меѓутоа во основното финансирање може да обезбеди и поддршка. Една од темите на разговор сега ни беше дали е логично дали и понатаму да поправаме апарат кој 12 години е во функција со двапати поголема искористеност од техничките карактеристики на апаратот или е време да се набави нов, како тоа ќе влијае на осигурениците во Југоисточниот регион бидејќи тој опслужува поголемо подрачје, така што мислам дека ќе најдеме брзо решение за тоа, рече тогаш Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Нашата амбиција е да бидеме активен партнер во енергетските процесиМакедонија е поинаква отколку пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина“, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на отворањето на првиот форум за енергетска дипломатија во Скопје, посветен на обновливите извори и жените во енергетиката, на кој беше потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПоликлиниката Букурешт и натаму со нефункционален мамографИ по повеќе од една година без мамограф, од директорот на Здравствениот дом Скопје Сами Исени нема одговор зошто клучниот апарат за женското здравје стои расипан во поликлиниката Букурешт. Министерот за здравство Клековски вети дека ќе добие одговор од Исени и за Канал 5 објасни дека објаснувањето на директорот на Здравствениот дом Скопје е слабо и нема доволно аргументи за причината за нефункционирањето на апартот, а овие прегледи се важни за жените за целата територија на Скопје. Една од важната карика е функционалноста на општините во зашитата на здравјето на граѓаните, со инцијативата „Општини за здравје“ се објасни за важноста за комуникацијата и актвностите со градоначалниците и здравствените домови, потенцира Клековски. Најголем проблем за целата територија и за сите општини е брзата помош, за што мора да има целосна реогранизација и самостојност, потенцриа првиот човек на здравство. И првиот човек на УНИЦЕФ Аким Али потенцира дека општините се важни во процесот на едукација за здравствените проблеми и исто времено да ги заштити граѓаните во делот на вектор пренослвите болести како што беше нилската треска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКрива Паланка прекинува со протестите за проблемот со кравите Крива Паланка прекинува со протестите откако владата им подели задолженија на државните институции да го решат проблемот со кравите.Градоначалникот Сашко Митовски вели дека протестите се ставаат во мирување за да им се даде шанса на институциите да постапат, но предупредува дека остануваат отворени прашањата за роковите, сите говеда и обесштетувањето на граѓаните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи надзорната расправа за АЛТА банка во Собранието15:00Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00