Тошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полиција
Започна јавната расправа за Кривичениот законик: Построги казни за корупција и злоупотреби - затворски казни до 15 години
1Тошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полиција
2Започна јавната расправа за Кривичениот законик: Построги казни за корупција и злоупотреби - затворски казни до 15 години
МакедонијаСамит ЕУ – Западен Балкан во БриселМакедонија е лидер во исполнување на задачите од реформската агенда, не е точно дека Црна Гора и Албанија напредуваат побрзо од нас, оценува премиерот Христијан Мицкоски.Во пресрет на Самитот на ЕУ во Брисел попладнево кадешто ќе седнат на иста маса со лидерите од регионот и европските челници Урсула фон дер Лајен, Антонио Кошта и Каја Калас, македонскиот премиер очекува да се потврдат заложбите за што побрза интеграција на Западен Балкан во унијата. Кажа дека е отворен за дијалог со соседите, но го повтори владиниот став дека нема да има уставни измени. „ Ќе се навратам на мојата изјава за автобусот што се ниша. Така во моментов изгледа нивниот пат кон ЕУ, и на Црна Гора и на Албанија. Ние, пак, спроведуваме реформи и навистина сме лидери кога станува збор за Реформската агенда. / Ние одбиваме да разговараме за билатерални прашања, како пречка кон нашето полноправно зачленување во Европската Унија. Ние сме подготвени заедно со ЕУ и тие што имаат билатерални нерасчистени односи со нас, ако е потребно, во рамките на овој процес да седнеме било каде и било кога и на било која тема. За жал, како што гледам, од другата страна нема интерес, така што ние ќе продолжиме да го испорачуваме она што е наша домашна задача. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Дека Македонија е во топ три во исполнување на рефорите од Планот за раст се согласува и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во интервју за МИА потенцира дека ги разбира фрустрациите во Македонија од застојот, но реалноста е таква што членките во ЕУ ја користат позицијата за блокада поради билатерални спорови. Ја повика Владата да ги спроведе уставните измени. „ Иако сметам дека билатералните прашања не треба да се мешаат во пристапниот процес, тие понекогаш сепак се на маса и мора да се решаваат во духот на добрососедските односи. Ова е вистинскиот момент и С. Македонија да тргне напред, од политичарите во С. Македонија зависи дали тоа ќе се случи. Откако ќе се направат уставните измени, ќе можеме да продолжиме без каква било дополнителна политичка одлука. Мојот апел до Владата е да го направи тој чекор и да ја исполни својата обврска. “Марта Кос – еврокомесар за проширување. Во фокусот на самитот во Брисел попладнево ќе бидат неколку теми меѓу кои постепената интеграција, миграцијата, планот за раст.. Според последните најави, Европската комисија планира зголемување од 10 проценти на финансиските средства за Македонија во рамките на Планот за раст, додека Црна Гора и Албанија ќе добијат по 15 проценти повеќе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полицијаТошковски денеска присуствуваше и се обрати на пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, кој се одржа во свечената сала на Владата.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на пленарниот состанок на Секторската работна подгрупа „Внатрешни работи“, кој се одржа во свечената сала на Владата, а на кој присуствуваше и претставничката на Делегацијата на Европската Унија, Роберта Кортезе, како и претставници на дипломатскиот кор, надлежните институции и меѓународните организации. Основната задача на оваа секторска работна подгрупа е поддршка на секторскиот пристап во процесот на програмирање и спроведување на проектите финансирани со средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија, како и унапредување на координацијата меѓу институциите и меѓународните партнери во реализацијата на утврдените реформски и стратешки приоритети. На пленарниот состанок беа презентирани стратешките, планските и програмските документи, тековните проекти и новите проектни иницијативи на Министерството за внатрешни работи, а се дискутираше и за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, актуелните предизвици и можностите за натамошна поддршка и модернизација на институцијата. Министерот Тошковски во своето воведно обраќање ја нагласи цврстата определба на Министерството за внатрешни работи за доследно спроведување на реформските процеси, исполнување на обврските што произлегуваат од Реформската агенда и континуирано усогласување со европските стандарди и најдобрите практики. „Европската интеграција е наш клучен и стратешки приоритет. Свесни сме дека напредокот во оваа област не се мери само преку исполнување на формално утврдени обврски, туку пред сè преку конкретни и одржливи резултати, зајакнати институционални капацитети и унапредување на квалитетот на услугите и безбедноста на граѓаните“, истакна министерот Тошковски. Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија и меѓународните партнери, особено преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА, како и преку другите програми и проекти насочени кон зајакнување на институционалните, човечките и техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи. Притоа, нагласи дека успешноста на ова партнерство подразбира заедничка посветеност, јасно дефинирани приоритети, одговорност и сопствена институционална иницијатива во реализацијата на реформите. Во своето завршно обраќање, министерот Тошковски изрази задоволство од конструктивната дискусија и презентираните проектни иницијативи, кои отвораат дополнителни можности за модернизација на македонската полиција и унапредување на ефикасноста на Министерството за внатрешни работи. „Презентираните идеи и иницијативи отвораат можности за понатамошно унапредување и модернизација на Министерството за внатрешни работи. Сметам дека наша заедничка задача во наредниот период е идентификуваните можности да ги преточиме во конкретни активности, со јасно дефинирани цели и очекувани резултати. Притоа, од особено значење ќе биде да обезбедиме соодветна институционална координација, реална проценка на потребите и одржливост на предложените решенија“, потенцираше Тошковски. Министерот Тошковски ја потврди посветеноста на Министерството за внатрешни работи на исполнувањето на обврските од Реформската агенда, спроведувањето на препораките на Европската комисија и утврдените реформски приоритети во рамки на евроинтеграцискиот процес. Тошковски посочи дека преку континуиран дијалог, силна институционална координација и партнерска соработка со Европската Унија и меѓународните партнери, Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да гради модерна, професионална, ефикасна и одржлива институција, која работи според европските стандарди, во служба на граѓаните и во функција на остварувањето на стратешката цел – полноправно членство на Македонија во Европската Унија.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапочна јавната расправа за Кривичениот законик: Построги казни за корупција и злоупотреби - затворски казни до 15 години Низа забелешки за новиот Кривичен законик но и предупредување дека некои решенија мора дополнително да се преиспитаат пред законот да биде усвоен беа изнесени на денешната прва јавна расправа. Од Коалицијата Сите за правично судење со конкретни забелешки на членот 464 кој се однесува на несовесно работење во службата. Сметаат не се доволно јасно опфатени сите категории службени лица, особено оние во државната администрација, што може да отвори прашања за нивната кривична одговорност. -Може да значи алтернативно толкување на овие одредби, невоедначена пракса, меѓутоа исто така ризикуваме службените лица во органи на државната управа да не бидат опфатени со членот „Несовесно вршење на службата“, односно да нема кривично гонење на, да речеме, полициски службеници заради несовесно вршење на службата, вработени во министерства и слично кои имаат директна интеракција со странки и заради невршење на службени дејствија граѓани да можат да трпат последици,- изјави – Дарко Аврамовски – Коалиција „Сите за правично судење“. На членот кој се однесува на злоупотребите при јавните набавки забелешки имаат од Центарот за граѓански комуникации. Предупредуваат дека предложениот текст е без поширока формулација што би овозможила кривично гонење и за други облици на злоупотреба на постапките за јавни набавки, иако очекувале, како што велат, квалитетно решение кое ќе овозможи ефикасна борба против злоупотребата на јавните средства. Дали се исполни ова наше очекување? Не. Од едноставна причина што се остана на концептот на набројување на одреден број на дејствија — во конкретниот случај во членот, нов член кој е нели вграден и се однесува на злоупотребите во областа на јавните набавки, се наведени четири дејствија. Нема можност за повреди и да се каже отворена листа да биде во насока на тоа да се каже „и други повреди на Законот за јавни набавки“. Оттука, имајќи го предвид понуденото решение, сметаме дека овој член нема да овозможи ефикасна борба против корупцијата и санкционирање. изјава – Сабина Факиќ – Центар за граѓански комуникации. Академик Владо Камбовски кој ја водеше работната група која работеше на новиот закон, појасни дека фамозниот член 353 не се губи, туку злоупотребите кај јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства се издвојуваат како посебни, специјални дела. Министерот за правда Јетон Шасивари вели дека предлог текстот е усогласен со директивите на ЕУ. -Има десетина глави на кривични дела каде што посебно се казнува како потежок облик на основното дело ако тоа дело е извршено од страна на службено лице, се разбира, со злоупотреба на положбата. Значи тоа се специјални дела на злоупотреба на положбата. Така и злоупотребата на постапката на јавен повик и концесија, јавно-приватно партнерство, јавни набавки е специјално дело во однос на општото дело на злоупотреба на службената должност. Што ќе биде направено тука? Прво, ќе биде дефинирано делото на злоупотреба при вршење на јавните набавки, потпишување на договори за концесија, јавно-приватно партнерство, согласно препораките на Европската комисија. изјави – Владо Камбовски – Академик. -Па според Реформската агенда, декември 2026 ни е краен рок за усвојување на Кривичниот законик. Затоа навремено е испратен во Европската комисија. Очекуваме најмногу за четири недели дека ќе добиеме оценка и коментари, забелешки, препораки. Истовремено паралелно е објавен во ЕНЕР, каде што очекуваме коментари, забелешки и предлози од сите чинители во нашето правосудство, така да сме транспарентни околу носење на новиот Кривичен законик. изјава – Јетон Шасивари – Министер за правда. Иако крајниот рок за усвојување на новиот Кривичен законик е декември 2026 година, неговата целосна примена се очекува од 1 јануари 2028 година. По донесувањето, околу една година ќе следи период на подготовка за да се усогласат ЗКП и останатите закони. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook