Анкета : Најлоши возачи се сопствениците на БМВ - Канал 5

Анкета : Најлоши возачи се сопствениците на БМВ

Британски сајт за осигурителни компании спроведе анкета за тоа кои се најлошите возачи и какви автомобили возат според податоците од компаниите.

Анкета : Најлоши возачи се сопствениците на БМВ

Во анкетата во која учествувале 2 000 лица , се покажало дека 24 % од нив сметаат дека возачите на БМВ се најлоши во Британија. Во Северна Ирска овој процент достигнал и до 35 . Втори на листата се возачите на товарното возило Форд Транзит , иако најновите истражувања во Британија покажале дека возачите на комбиња се најбезбедни во сообраќајни несреќи.

Сепак , во оваа анкета дури 32,8% се изјасниле дека возачите на овој вид комбе се невнимателни.

Во оваа анкета е пбиен и еден од бритаснките стереотипи според кој возачите на Пежо важеле за најлоши . Нив сега ги нема ниту меѓу првите десет возила.

Трети најлоши возачи се таксистите , кои се сметаат за полоши и од сопствениците на Ауди , Ферари , Порше , Субару, Мерцедес и Голф, чии сопственици се деветти на листата.

Листа од 13 типови возила , чии сопственицис е сметаат за најлоши возачи на британските патишта

1. BMW 24 %

2. Ford Transit 21,8%

3. Taksi 14,1%

4. Audi 9%

5. Ferrari 6,3%

6. Porsche 5,7%

7. Subaru 4,2%

8. Mercedes 4,1%

9. VW Golf 2,9%

10. Opel/Vauxhall Astra 2,5%

11. Toyota Prius 2,1%

12. Ford Focus 1,9%

13. Lexus 1,5%

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љупчо Ристовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Љупчо Ристовски.

притисни ентер