Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
1Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е на страната на бугарските барања, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси
МакедонијаАнкета на МЦМС и Институт за демократија: Најголема доверба граѓаните имаат во СДСМ и Зоран ЗаевАктуелната партија на власт СДСМ има водство од 1,7 проценти пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата направена од Институтот за демократија и МЦМС. Доколку утре би се одржале изборите, СДСМ би освоила 22,1% од гласовите, а ВМРО-ДПМНЕ 20,4%. Трета е ДУИ со 6,6%. Со рејтинг од 1 до 3 проценти се појавуваат уште и Алијансата на Албанците, Левица и Беса на Касами. Анкетата прави и поделба по региони, а според истражувањето владејачката СДСМ најголема поддршка има во Југоисточниот и источниот регион, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ најдобар рејтинг има во Југозападниот и Вардарскиот регион, ДУИ во Полошкиот. За останатите региони нема податоци. Според истражувањето, и двете најголеми партии имаат пад на рејтинзите, споредбено со ноември минатата година. Незадоволството од двете главни партии го потврдува и податокот дека половина од испитаници рекле дека има потреба од нова партија. Во истражувањето, мерен бил и личниот рејтинг на политичарите.. Прв е Заев со 16,5, а веднаш зад него е Христијан Мицкоски со 14,2. Трет е Али Ахмети со 6,9 проценти, а на четврто место е претседателот Пендаровски со 4,2%. На листата со рејтинг од околу 2 % се појавуваат уште и Никола Димитров и Зијадин Села. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушкиЛицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче на X: Дали Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?Филипче нагласува дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се вистинските европски барања и единствениот пат за напредок на државата кон полноправно членство во Европската Унија.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во објавата на X посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот Фронт за вистина и правда. „По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов“, наведува Филипче. Гордана Сиљановска Давкова изјави дека “Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и за националниот идентитет. Таа рече дека ЕУ треба да нѐ оценува според Копенхашките критериуми, а не според историски и идентитетски спорови: „Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата.” Претседателот Филипче нагласува дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се вистинските европски барања и единствениот пат за напредок на државата кон полноправно членство во Европската Унија. „Дали ова значи дека претседателката Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда? По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов. Упорно објаснуваме дека реформите и Копенхашките критериуми се европски барања a не бугарско прашање и дека се клучни за продолжување на преговорите. Реформите не претставуваат никаква закана за јазикот, културата и македонскиот национален идентитет. Не смееме да дозволиме Мицкоски со лаги и пропаганда да го дели народот, да ја изолира Македонија поради својот криминал и корупција и да ја остави Македонија како слепо црево на Балканот. Гордана, ви благодарам за вистината. Како професорка по право, се надевам дека наскоро ќе бидете и на страната на правдата. Реформи сега. Европа сега.“ стои во објавата на претседателот Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче е на страната на бугарските барања, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интересиФилипче е на страната на бугарските барања за Уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси.Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет. Капитулантската политика на СДС и ДУИ ја доведе државата во подредена позиција и создаде простор за постојани уцени кон Македонија. Наместо заштита на националните интереси, СДС прифаќаа договори кои беа во корист на туѓи, а не на македонските позиции. Венко Филипче денес е најгласниот промотор на истите политики. Додека ВМРО-ДПМНЕ води принципиелна и достоинствена политика во одбрана на македонските национални интереси, Филипче безусловно ги поддржува барањата кои доаѓаат од Софија. Над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, додека од другата страна специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси. Затоа довербата во СДС секојдневно паѓа, а поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ расте. Македонија нема да прифаќа нови условувања, нема да тргува со својот идентитет и нема да дозволи националните интереси повторно да бидат жртвувани за нечии политички кариери. Времето на капитулации заврши. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter