Андоновски: Шилегов и СДСМ го оставија град Скопје со над 160 милиони евра долгови - Канал 5

Андоновски: Шилегов и СДСМ го оставија град Скопје со над 160 милиони евра долгови

Град Скопје е оставен во огромни долгови од расипничкото владеење на СДСМ.

Андоновски: Шилегов и СДСМ го оставија град Скопје со над 160 милиони евра долгови

Петре Шилегов остава долг од 160 милиони евра по најразлични основи. Буџетот на градот е оставен на милост и немилост на добавувачите.

Прва и најголема ставка се идни обврски по веќе склучени договори од страна на Шилегов, како и доспеани и недоспеани обврски од 58 140 000 евра. Тоа значи дека градот веќе должи над 58 милиони евра за договори кои Шилегов нелегитимно ги склучувал за во иднина.

За кога знаел дека нема да биде градоначалник. Тука спаѓаат трошоци за рекламирање, анкети, невладини организаци блиски на Шилегов, непродуктивни трошења. Дел од овие обврски, како што беше предновогодишното китење на градот, новата градска администрација успеа да ги скрати. Но, остануваат сериозни суми средства кои во понатамошниот период ќе треба да се исплаќаат.

Понатаму, 11 380 000 евра се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори по однос на јавни набавки во 2021 година. Градот Скопје има склучено и вкупно 7 договори за заем и можности за идни кредитни задолжувања и тоа 4 договори со Светска банка, 1 со ЕБРД и 2 договори со домашни комерцијални банки и сите тие во вкупна висина од 32.082.374 евра.

Тука спаѓаат кредитите за мегаломанските проекти за мостот АСНОМ кој води до приватни домови и дворови. Проектот за Момин поток каде што нема никакво решение за откуп на приватно земјиште, куќи и стопански објекти.

И проектот без проект – Бас Рапид Транзит – кој предвидуваше рушење на паркови, опасност за водоснабдувањето на Скопје и хаос во сообраќајот. Само овој последниот проект, освен 70 милиони евра кредит, не предвидуваше дополнителни средства за изградба на потребниот мост помеѓу Карпош и Влае, за дислокација на водоводни цевки, за дополнителни сообраќајни решенија потребни за реализација.

Ова се пари фрлени во воздух. Без никаква реална добивка за граѓаните.

Со сите овие расходи, доспеани и недоспеани обврски и кредити од банки се во вкупен износ од 158 милиони 196 илјади 797 евра.

Ова се пари кои можеше да се наменат за реални проекти од кои бенефит ќе видеа сите граѓани. Вака, никој сѐ уште не може да знае каде се се трошеле парите на граѓаните.

Почитувани, најавуваме дека за трошењето на сите средства на градот се води темелна внатрешна ревизија. Доколку се утврдат неправилности, поранешниот менаџмент на градот и јавните претпријатија ќе сносат одговорност во согласност со закон. Парите на граѓаните не смее да се трошат на непотребни желби и хирови на носителите на власта.

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век

„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.

Мицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век

Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Во повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Употребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“

Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни  материјали за градба.

Употребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“

Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба – одговори судскиот градежен вештак и професор на Градежниот факултет– Горан Марковски на денешните вкрстени прашања од одбраната на сопственикот на објектот во кој функционирала дискотеката Пулс – Гроздан Милковски. Според адвокатка на Милковски, во договорот за закуп на објектот постои член кој вели дека потребните документи за извршување дејност ќе ги обезбеди закупецот, меѓутоа повикувајќи се на Законот за градење, Марковски одговори дека барање за пренамена на објект треба да поднесе сопственикот на објектот или негово ополномоштено лице.

Адвокатка на одбраната: Дали ќе се согласите дека во списите на предметот нема ниту еден доказ дека сопственикот на објектот презел какви било дејства што може да се поврзат со причините за последиците од пожарот?

Вешто лице: Делумно. Ќе наведам еден факт што може да се поврзе со пренамената, а се работи за превземени дејствија од сопственикот, а тоа е изведба на потпорна платформа на дел од објектот, што има одредена поврзаност.

На прашањата упатени кон Марковски - дали ќе се согласи дека предметниот објект не бил граден за дискотека, дека неговата состојба на денот на издавање не е причина за последиците за настанување на пожарот како и дека не постои доказ оти Дејан Јовановски – Деко го известил Милковски за направените реконструкции во објектот, Марковски одговори потврдно.

Ожалостените родители го оценија денешното вкрстено испрашување на вештаците за како што велат, проверка на тоа колку долго можат родителите да издржат бескрајно повторување на прашања без суштина.

-Од денешното рочиште едно станува се поочигледно – суштинските прашања како да се најтешки за поставување. Наместо вкрстено испрашување со јасни и прецизни прашања, што навистина ќе ги проверат или оспорат наодите на вештаците, слушаме долги серии прашања, повторување и враќање на веќе кажаното. // Ако има што да се побие во вештачењето, повелете со факти, документи и конкретни прашања, но ако нема што суштински да се оспори, одолжувањето на рочиштето нема магично да создаде аргументи. - Александар Наунов – родител на Надица Наунова

Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица, треба да заврши изведувањето докази од страна на Обвинителството по што со изведување докази треба да започне одбраната.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер