Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
МакедонијаЗа да се отворат дел од официјалните-веб страни на општините, треба да се знае албанскиот облик на иметоНе е во пребарувачот, туку во адресата – за да се отворат дел од официјалните-веб страници на македонските општини, треба да се знае албанскиот облик на името. Gostivar.gov.mk на пребарувачот не му значи ништо – не постои, но со gostivari.gov.mk ве води веднаш на страницата. По тој пример е и Дебар, кој треба да се напише како дибра, а меѓудругите се и Арачиново, Липково и Желино... Министерот за дигитална трансформација – Андоновски за Канал 5 појаснува дека правилата на МАРНЕТ, кој ги дава домените, не бараат задолжително доменот да биде идентитечен со официјалниот назив на општината, што според него треба да се промени и секоја општина да има усогласен домен според стандардниот македонски јазик. Оттаму додава и дека проектот на Владата за изработка на беб страници за општините се реализира исклучиво со домени на макеоднски јазик. А смета дека МАРНЕТ треба дополнително да го регулира ова прашање. -Доменот .gov.mk не е обичен комерцијален домен – за граѓаните тој претставува официјален дигитален индентитет на една јавна институција. Затоа е логично примарниот домен на институцијата да биде јасен, недвосмислен и усогласен со нејзиниот официјален назив и македонскиот јазик како службен јазик на територијата на Репулбика Македонија. МАРНЕТ во таа смисла треба да размисли за конкретно регулирање на ова прашање. - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација Од МАРНЕТ пак за Канал 5 велат дека тие го дефинираат само техничкиот дел, а дека во моментов називот на општините на веб-страниците се во раце на свесноста на оние кои ги водат. Се што треба да направат е да направат уште еден домен по примерот на О. Тетово, на чија страница може да се влезе со двата називи на градот – вели директорот на МАРНЕТ Бидиков. -Правилникот на МАРНЕТ, како институција одговорна за домените исклучиво ги опфаќа правата и условите за регистрација во овие технички форми, не можеме ние да ставаме правила како би гласело она што потенцијалната општина, физичко, правно лице или друга владина институција како би сакале да биде пред она што е дефинирано во правилникот како име на доменот. Сепак станува збор за процес на свесност, едукација и потреба да се достават информациите до своите граѓани. Во конкретниот случај треба да се опфатат сите називи, односно сите начини на читање на соодветниот назив на општината. - Владислав Бидиков – Директор на МАРНЕТ Во однос на тоа дека во моментов нема соодветни стандарди покажува тоа што и дел од државните институции поради маркетинг-причини користат имиња кои често можат да го доведат во забуна оној кој пребарува, како што се finance.gov.mk, centar.gov.mk како и нбрм.мк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаПијани возачи предизвикале две сообраќајки во Тетово и околината, едниот немал ниту дозвола Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол, едниот и без дозвола, двајцата се лишени од слобода.На 24.10.2026 околу 22:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во три 16-годишни малолетници, сите од Тетово. По несреќата возачот со возилото го напуштил местото, но набргу бил пронајден и сопрен на ул.„Никола Тесла“. При алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилтоо е одземено. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 24.10.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Пирок, општина Боговиње, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од с.Пирок удрило во бетонски столб од куќа и излог одобјект, сопственост на Ф.Ш.(45) од с.Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото А.Р., А.М. и А.Р., додека со телесни повреди сопатникот Е.К. и возачот, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека возачот Д.М. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, не поседувал возачка дозвола. Д.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во БрвеницаОсудениот С.З. познат како Симе не е во затвор.Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен. Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари. Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме. ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк. Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата. Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски. Одговорност нема. Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата. СДСМ бара обвинителството веднаш да испит: Зошто Симе не е во затвор? Кој го пушти? Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваКармен Електра ги воодушеви сите во фустан со проѕирен корсет (ФОТО)Кармен Електра, која го задржа својот статус на секс симбол децении по славата во ТВ серијата „Спасувачите“, се појави на Галата на ѕвездите на „Танчерите против ракот“ во Лос Анџелес. Актерката и модел (54) избра долг црн фустан со проѕирен корсет за настанот, кој се одржа овој четврток. Таа ја замени својата препознатлива руса коса со потемна нијанса. Носеше долг, црн фустан што го припиваше телото со проѕирен горен дел. Ја спушти кафеавата коса во нежни бранови, а нејзината шминка вклучуваше чаден ај и кармин во боја на гола боја. Секс симбол на 90-тите Електра стана глобално позната во 1997 година со нејзината улога како Лани Мекензи во популарната ТВ серија за спасувачи. Со тоа, таа го презеде местото што го прослави Памела Андерсон и стана едно од најпрепознатливите лица на серијата. Родена како Тара Ли Патрик, таа ја започна својата кариера како пејачка во Минеаполис, каде што го привлече вниманието на музичарот Принс, кој ѝ го даде сценското име Кармен Електра. Нејзиниот статус како една од најпознатите „пин-ап“ девојки од крајот на деведесеттите години беше обезбеден со нејзините појавувања во „Плејбој“, „Спасувачка служба“ и шоуто на МТВ „Синглд Аут“. Интересно е што во тоа време не се сметала за секс симбол и вели дека никогаш не се чувствувала како предмет. „Не баш“, претходно изјавила таа за „Ролинг Стоун“. „Го избрав тој пат затоа што така се чувствував и не се сметав себеси за секс симбол. Кога луѓето ќе го кажеа тоа, ќе бев изненадена, но го сфатив како комплимент. Има толку многу секс симболи на кои им се восхитував тогаш, а им се восхитувам и денес.“ Децении подоцна, тој го прифаќа тој статус. „Сакам да бидам секси“, изјавила таа за „Фокс њуз диџитал“. „Мислам дека тоа дава чувство на моќ.“Тагови: Кармен Електра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38