Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
1Арсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање
2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаУчебниците се доставени во училиштата, но годинава има 300 паралелки помалкуСè помалку првачиња, сè повеќе празни училници, клуч на врата ќе се става и на 26 училишта лоцирани во руралните средини, па училишната година стартува со 200 паралелки помалку во основното, а 100 во средното образование.Според последните официјални бројки од Министерството за образование годинава има запишано околу 3.400 помалку првачиња од лани, што во проценти изнесува околу 20 отсто. Надлежните појаснуваат дека природно се затвораат училишта, таму каде што нема упис на првачиња, а планот е да не функционираат само оние кои не се единствени во одредено место, односно на околу 20 километри има друго училиште. Од друга страна, Министерката Јаневска тврди дека до сега нема отпуштено наставник вработен на неопределено време поради ваквите мерки кои според власта се за поквалитетно образование на децата. -Бројката од лани е помала, ама бројката од над 4000 се намалува. Што ќе се случи со училиштата кои немаат ученици, ќе бидат природно затворени. Оваа година очекуваме да затвриме со бројка од 26 затворени рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат, наводно учат, деца 5 – 7 – 8 деца. Различна е состојбата во различни училишта.- Весна Јаневска – Министерка за образование и наука Министерката вели дека за првпат пред време се дистрибуирани учебниците, за да нема проблеми како во минатото. Иако очекува да има случаи со искинати и оштетени учебници и годинава, потенцираше дека смета оти таквите проблеми ќе бидат сведени на минимум. -Учебниците се веќе дистрибуирани и се наоѓаат во училиштата, за првпат годинава ние го имаме тоа завршено многу порано, пред почетокот на учебната година. Сите училишта што побарале ќе добијат до учебник, она што побарале. Тие што не побарале, е нивна одговорноста и Министерството во иднина нема да презема никаква туѓа одговорност бидејќи три години спроведуваме систем кој е стабилен и кој обезбедува стабилна набавка на учебници.- Весна Јаневска – Министерка за образование и наука Инаку Министерството за образование денеска ја стави во употреба новата електронска платформа е-наука, веб портал наменет за создавање на регистар на истражувачи и научноистражувачки организации во земјава, чија цел е да обезбеди поголема видливост на македонската наука и полесно претставување на истражувачката работа пред домашната и меѓународната јавност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрсовски: Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласањеВисоката излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање.Високата излезност укажува дека има многу млади гласачи кои за првпат излегуваат на гласање, а секој евентуален обид да се оспори резултатот, може да ја втурне Србија во нов период на нестабилност и политичка криза, оценува политичките аналитичар Петар Арсовски за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часотГласачките кутии во Србија остануваат отворени уште два часа, но веќе сега е извесно дека излезноста ќе биде рекордна.. До 17 часот гласаа 61% од запишани 6,45 милиони глаѓани, со што се надмина вкупната излезност на претходните избори во 2023 година... Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, расте и излезноста, но и напнатоста, со оглед дека високата излезност сугерира дека гласачите бараат промени... Каква е атмосферата во центарот на градот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПовторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. „Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник. Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД. Уапсен маж Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството. Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг. View this post on Instagram A post shared by Walk Among Heroes (@walkamongheroes) Нацистичка историја Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден. Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter