ЕвропаКос најави нови правила за проширување на ЕУ – постепена интеграција, построги проверки и нова методологијаСветот се промени, а проширувањето мора да се промени со него. Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ги претстави клучните елементи за сеопфатната реформа за проширување, која треба да биде усвоена на 30-ти септември. Планот кој Кос го презентирала на Конференцијата на амбасадори во Загреб, а чија содржина писмено ја објави Европската Комисија предвидува постепена итеграција, построги проверки на земјите кандидати и нова методологија. За Кос за да им се каже добредојде на нови членки, клучно е да се постигне консенсуз за четири столба, внатрешни реформи, демократски заштитни мерки, методологија на проширување и транзициски мерки. Во говорот на Кос доминираат прашањета како Унијата да се заштити од можноста една земја да ги блокира сите други или да отстапи од демократските стандарди, како искуствата со Унгарија, што сугерира на идејата новите земји членки одреден период да немаат право на вето. -Мора да бараме поамбициозни начини за постепена интеграција. Но, Прво треба да го разбереме влијанието што новодојденците можат да го имаат. А кога влијанието може да биде штетно за нашите земји-членки, мора да дејствуваме за да ги заштитиме нивните интереси. Мора да се осигураме дека нема да дозволиме да влезат тројански коњи. Ниту денес, ниту за 10 или 20 години од сега. , изјавила Кос во Загреб. Во мисија на која треба да ги чуе ставовите на сите земји членки и за проширувањето, денеска тргна првиот човек на Европскиот Совет, Антонио Кошта на таканаречената „тура низ главните градови“, на која во наредните недели ќе се сретне со лидерите на сите земји членки. Прва дестинација му беше Братислава и средба со словачкиот премиер Фицо. Поддршката за Западен Балкан, Молдавија и Украина на нивниот пат до членство во ЕУ е инвестиција во Европската, но и словачката безбедност и просперитет. Ние треба да продолжиме да работиме со кандидатите врз основа на процес на заслуги и почитувајќи ги сите подеднакво. , изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет Во изминатиот период на маса беа ставени неколку нон пејпери, како постепено членство со одредени бенефити, пристап до единствениот европски пазар и статус на привилегиран набљудувач, во кој многумина препознаа членство од втор ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПрвиот човек на КК Партизан станува сопственик на фудбалскиот клуб Чукарички од БелградПретседателот на евролигашот Партизан, Остоја Мијаиловиќ го купува фудбалскиот клуб Чукарички.Спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, во подкаст откри дека клубот од Баново Брдо наскоро ќе го преземе актуелниот претседател на Кошаркарскиот клуб Партизан, Остоја Мијаиловиќ. Матијашевиќ вели дека „сè е веќе завршено и чисто“ во однос на преносот на сопственоста на клубот на Мијаиловиќ, и дека се очекува сè официјално да биде завршено на почетокот на месецот или на почетокот на следната година. „Работата е при крај. Ако сакате конкретен одговор, ќе го добиете. Ако сè помине како што треба, Остоја Мијаиловиќ во декември ќе го преземе ФК Чукарички од Драган Обрадовиќ. На тоа моментално работат сите правници“, изјави Матијашевиќ во подкастот „2x45“ на MozzartSport. По преземањето, Мијаиловиќ ќе стане мнозински сопственик на клубот. Досегашниот сопственик, Драган Обрадовиќ, ќе го продаде целиот свој удел во клубот. „Во разговорот што го имавме пред три дена, Остоја побара сите луѓе да останат, а спомна и дека јас би можел да задржам одреден удел, доколку сакам да останам. Остоја и Обрадовиќ треба уште да ги финализираат работите, но главниот дел е завршен. Сè е проверено. Документацијата е чиста. Затоа очекувам, доколку сè е во ред, на почетокот на декември или кон средината на следниот месец, Мијаиловиќ да му се приклучи на клубот“. Матијашевиќ верува дека новиот сопственик ќе ја задржи сигурноста и стабилноста што ги красеа „планинарите“ во текот на целиот период под водство на Обрадовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски воен авион се урна во Сибир: Нема преживеани Руски воен транспортен авион „Ан-12“ се урна денеска во регионот Кемерово, во југозападен Сибир, при што загинаа сите 17 лица кои се наоѓале во леталото, пренесува „Известија“, повикувајќи се на добро известен извор.Изворот потврди дека целиот екипаж загинал во инцидентот. Претходно беше соопштено дека авионот што се урна во селото Јагуново, во регионот Кемерово, според првичните сознанија е идентификуван како воен авион „Ан-12“. Причините за инцидентот сè уште не се утврдени. A Russian Air Force An-12 cargo aircraft reportedly crashed in Kemerovo, Siberia, this evening. https://t.co/HCxbKJIh5S — OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 17, 2026 Гувернерот на Кемеровската област, Иља Середјук, соопшти дека во близина на селото Јагуново се случила авионска несреќа, а службите за итни случаи се на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаШукова: Бараме одговорност за секоја една жена жртва на насилство Од Форумот на жени на СДСМ вечерва излегоа на протест пред СВР Охрид против насилствата врз жените.Побараа одговорност од насилниците и институциите и заштита за секоја жртва која била изложена на насилство. Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во име на насобраните, но и како што рече, во име на сите жртви на слични насилства, истакна дека насилството врз жените и фемицидите се сериозен општествен проблем, но дека проблемот не завршува со самиот чин на насилство, туку продолжува и во постапките што следуваат во текот на истрагата и судењето, каде, како што рече, се покажуваат сериозни системски недостатоци. – Бараме да има сериозна превенција за да се спречат нови облици на насилство и нови фемициди. Бараме одговорност и да нема политички влијанија во процесот на истрага и судење. Бараме секоја жртва да биде заштитена. На секое јавување на жртва на семејно насилство, институциите веднаш да реагираат – порача Шукова. Од семејството на Сара Ѓорѓиеска претходно порачаа дека нема да присуствуваат на протестот, но и дека се надеваат дека протестот нема да биде искористен за партиски цели ,туку ќе биде протест на граѓаните со цел да се подигне свеста за насилството против жените во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter