Кузеска: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски
1Кузеска: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
2Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
ЕкономијаМФ: Усвоен Законот за државна ревизија – Воспоставуваме современа рамка за работа на државната ревизијаОсновната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа.Собранието денеска го изгласа Законот за државната ревизија, којшто претставува значаен чекор во натамошното унапредување на системот на јавните финансии, јакнењето на институционалната независност на Државниот завод за ревизија и зголемувањето на отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства. Основната цел на Предлог законот е да се создаде појасна, посовремена и поефикасна законска рамка за вршење на државната ревизија, усогласена со меѓународно прифатените стандарди и принципи за работа. Предложениот закон воспоставува посовремена рамка за функционирање на Државниот завод за ревизија, со посилен акцент на неговата независност, професионалност, транспарентност и квалитетот на ревизорската работа. Крајната цел е државната ревизија да има уште посилен придонес кон законско, економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства, како и кон поголема отчетност на институциите пред Собранието и пред граѓаните. Една од клучните новини на Законот е во насока на дополнителното зајакнување на независноста на Државниот завод за ревизија. Со Предлог-законот јасно се утврдува дека ДЗР самостојно и независно одлучува кои ревизии и кои субјекти ќе бидат вклучени во Годишната програма за работа.Исто така Предлог-законот го прецизира и опсегот на државната ревизија. Покрај институциите и другите субјекти кои располагаат со јавни средства, се предвидува можност за ревизија и кај субјекти поврзани со субјектите на ревизија, кога постои економски, финансиски или друг вид интерес и кога се користат средства кои претставуваат јавни расходи. Значајни новини се предвидуваат и во однос на изборот и статусот на главниот државен ревизор и неговиот заменик, во насока на зајакнување на професионалните критериуми за избор и се прошируваат и надлежностите на главниот државен ревизор. Посебно внимание е посветено и на професионализацијата на Државниот завод за ревизија и развојот на човечките ресурси. Важен сегмент од реформата е и зајакнувањето на транспарентноста и следењето на ефектите од државната ревизија. Со Предлог-закон се посветува внимание и на следењето на степенот на спроведување на дадените препораки кое се поставува како јасно дефинирана постапка. Ова особено од причина што крајната цел на државната ревизија не е само да ги констатира слабостите, туку да придонесе тие да бидат отстранети и да се подобри управувањето со јавните средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од ГруевскиНа 17 октомври гласаа болните и изнемоштените во Брвеница. 85 од 88. Веднаш по гласањето, во сабота, на социјалните мрежи профилите на ВМРО-ОКГ ги поделија бројките.Веднаш по затворањето на избирачките места, ВМРО-Орбан порталот „Република“ ги објави истите резултати: 50 гласа за нивниот кандидат, 20 за ВЛЕН, 15 за ДУИ, нула за СДСМ. Бројките се точни со објавите на страниците на ВМРО. Како знаеле ден порано? Болните и немоќните гласаат дома, во присуство на комисија. Кутиите се затвораат. Се носат. Се отвораат на денот на изборите, заедно со гласовите од избирачките места. Не се бројат претходниот ден. Не се објавуваат претходниот ден. Освен ако некој веќе “знае” што има внатре. Оттука СДСМ нула. Лесно е кога некој има пристап до гласачките ливчиња. Ова не се „неофицијални податоци“. Ова е признание. Знаеле што има во запечатените кутии пред да се отворат и пред официјалното броење на комисијата. Во „бомбите“ од 2015 година се слушаше токму тоа: влечење за уши, човечиња фатени за рака што ги водат да гласаат, контрола на ранливи групи, субвенции условени со глас. Тогаш системот на Груевски го правеше тоа отворено. Сега, под арамијата Мицкоски, истиот систем работи само под радар. Знаат што има во кутијата пред да се отвори. Мицкоски ја претвори својата партија во сопствено царство. Ги укина сите потпретседатели. Сега ги презема сите техники на владеење на Груевски. Менторот го постави ученикот. Затоа СДСМ не сака да го прифати изборниот грабеж кој ВМРО-ОКГ го спрема со законот по моделот на Груевски, со кој сака да овозможи изборна манипулација со гласовите од дијаспората. Гласање без контрола. Гласање по пошта. Електронско гласање. Не прифаќаме ништо што не е во согласност со препораките на ЕУ и ОДИХР - истрага на купување гласови, притисок врз гласачи, злоупотреба на јавни ресурси, транспарентност и контрола. Не гласање без контрола. СДСМ бара обвинителство веднаш да спроведе истрага. Како е можно да се знаат гласовите од запечатените кутии што се отвораат во исто време со гласовите од избирачките места? Бараме одговорност. Бараме да се види кој ги отворил кутиите, кој ги броел на „ВМРО начин“ и кој го пратил бројот да се објави јавно пред да стигне до комисијата. Ова е доказ како работи организираната криминална група. Истите методи од Груевски. Кутиите се отвораат уште во сабота. Гласовите ги штелуваат како анкетите. Истата банда. Само шефот е сменет. Народот гледа. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на македонското Собрание во посета на ИзраелНа покана на министерството за надворешни работи на Државата Израел, Делегација на пратениците од Собранието беше во посета на Израел во периодот од 11 до 16 октомври 2026 година.Делегацијата ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав се и пратениците: Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Зоранчо Јованчев, Илир Хасани, Јован Јаулески, Катерина Димитровска, Малиша Станковиќ, Мартин Стојановски, Моника Зајкова, Петар Марков, Славјанка Петровска и Тони Јаревски. Програмата започна со средба на Делегацијата со претставници во Кнесетот. На средбата се истакна континуираната билатерална соработка помеѓу двете држави. Дополнително се разговараше за понатамошен развој на соработката во делот на трговската размена и продлабочување на соработката во стратешки сектори за двете држави, особено во областа на здравството, земјоделството, безбедноста, претприемништвото, културната размена и туризмот. Делегацијата го посети и Врховниот суд на Израел каде поблиску се запозна со работата на Судот. Делегацијата ја продолжи својата посета во Клиничката болница Хадаса и Хадасит - Иновацискиот центар за медицина каде се запознаа со работата на медицинскиот центар и посебниот модел кој овозможува развој и иновација во медицински помагала и техники. Во Светскиот центар за сеќавање на холокаустот, Јад Вашем, Делегацијата учествуваше во церемонијата на полагање на венец, со што се оддаде почит на жртвите од холокаустот. Исто така, Делегацијата положи венец на гробовите на Теодор Херцл, Јицак Рабин и Шимон Перес. Делегацијата оствари состанок со Теофилос, патријарх на грчката православна патријаршија во Ерусалим. На средбата пратеникот Петар Марков се заблагодари за приемот, додека патријархот ја истакна важноста на религијата во разрешување на етничките конфликти. Во Тел Авив, Делегацијата го посети Центарот „Перес“ за мир и иновации каде се запозна со нивната работа во делот на технолошките иновации во различни области. Во Медицински центар „Волфсон“ Холон, Делегацијата се запозна со работата на одделот за трауматологија и нивната методологија за менаџирање на пациенти. Како дел од посетата Делегацијата имаше можност да се запознае со работата на Израелска управа за противпожарна заштита и спасување и постројка на „Мекорот“ за третман на вода и десалинизација. Делегацијата посетата ја заврши со посета на Институтот за студии за национална безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЕТМ: Над 530 милиони евра онлајн трансакции во првата половина од 2026 година – раст од 14,1%Во првите шест месеци од 2026 година реализирани се онлајн трансакции во вредност од над 530 милиони евра, што претставува раст од 14,1% во однос на истиот период лани.Кон македонските е-трговци реализирани се трансакции во вредност од 302,4 милиони евра, со раст од 14,9%. Македонците потрошиле 227,9 милиони евра онлајн кон странски е-трговци, односно 13,3% повеќе од лани. Бројот на онлајн трансакции достигна 15,3 милиони, со раст од 10,1%. Вредност на реализирани трансакции Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка на Република Македонија, согласно кои може да се забележи дека во првата половина од 2026 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 32,611.2 милиони денари или 530,3 милиони евра, што преставува пораст од 14.1% во однос на истиот период минатата година. Кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 18,597.6 милиони денари или 302.4 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички, односно остварен е пораст од 14.9%. Од оваа вредност, македонските иматели на платежни картички кон домашните е-трговци реализирале 16,694.5 милиони денари или околу 271,5 милиони евра, со раст од 13,9%. Истовремено, имателите на странски платежни картички кон македонските е-трговци реализирале 1,903.9 милиони денари или околу 30,9 милиони евра, што претставува раст од 23,8% во однос на истиот период лани. Од друга страна, македонските иматели на платежни картички кон странските е-трговци реализирале онлајн трансакции во вредност од 14,013.7 милиони денари или околу 227,9 милиони евра, односно 13,3% повеќе во споредба со првата половина од 2025 година. Број на реализирани онлајн трансакции Вкупната вредност на онлајн трансакции е остварена со направени 15.3 милиони трансакции што преставува пораст од 10.1% во однос на истиот период минатата година. Најголем број трансакции се реализирани со македонски платежни картички кон домашните е-трговци – околу 8 милиони трансакции, со раст од 12,3% во однос на истиот период минатата година. Кон странските е-трговци, македонските иматели на платежни картички реализирале 6,45 милиони трансакции, што претставува раст од 5,7% во однос на истиот период минатата година. Истовремено, бројот на трансакции реализирани со странски платежни картички кон македонските е-трговци достигнал над 904 илјади, со раст од 26,7%. - „Податоците за првата половина од 2026 година покажуваат дека е-трговијата продолжува да расте, но со поумерена динамика во споредба со силниот скок од 34% што го видовме минатата година. Вкупната вредност на онлајн трансакциите надмина половина милијарда евра за само шест месеци, што е значаен показател за сè поголемата улога на дигиталните канали во потрошувачката. Особено позитивно е што раст бележат и домашните е-трговци, кон кои вредноста на трансакциите е зголемена за речиси 15%. Истовремено, кај купувањата од странство гледаме интересна промена. По експлозивниот раст на бројот на трансакции минатата година, кој во голема мера го поврзувавме со појавата на платформите како Temu, во 2026 година динамиката се стабилизира, додека просечната вредност на трансакцијата повторно расте. Овие трендови отвораат едно важно прашање за понатамошниот развој на пазарот: не само колку ќе расте онлајн потрошувачката, туку и колкав дел од неа ќе успеат да привлечат домашните е-трговци. Токму затоа, зајакнувањето на нивната конкурентност, подобрувањето на корисничкото искуство, логистиката и дигиталните плаќања остануваат клучни за понатамошниот развој на е-трговијата“, вели претседателката на АЕТСМ, д-р Нина Ангеловска Станков. Просечна вредност на трансакција Просечната вредност на онлајн трансакција во првата половина од 2026 година изнесува околу 34,6 евра, што претставува раст од приближно 3,7% во однос на истиот период минатата година. Интересна промена се забележува кај трансакциите реализирани од македонските иматели на платежни картички кон странските е-трговци. За разлика од минатата година, кога бројот на трансакции растеше значително побрзо од нивната вредност, во првата половина од 2026 година вредноста расте побрзо од бројот на трансакции. Како резултат на тоа, просечната вредност на трансакција кон странските е-трговци се зголемила за околу 7,2% и достигнала приближно 35,3 евра. Овој тренд укажува на промена во структурата на прекуграничните онлајн трансакции: по периодот на интензивен раст на бројот на нарачки со пониска вредност, сега се забележува зголемување на просечниот износ по трансакција. Нови отворени е-продавници Според податоците на Народната банка, заклучно со јуни 2026 година регистрирани се 2.408 места на продажба за е-трговија, наспроти 2.240 на крајот на 2025 година. Ова претставува нето зголемување од 168 е-продажни места во првите шест месеци од 2026 година, што укажува на продолжен развој на инфраструктурата за онлајн продажба и прифаќање картични плаќања. Во рамки на својата мисија за унапредување на е-трговијата, Асоцијацијата за е-трговија не само редовно што ги анализира податоците од Народната банка, туку и континуирано работи на едукација и поддршка на новите и постоечките е-трговци. Токму во таа насока, АЕТМ ја организира Годишната регионална конференција за е-трговија, која оваа година ќе се одржи по девети пат, на 3 ноември во Националната опера и Балет во Скопје. Конференцијата е препознаена како најголем регионален настан од оваа област и претставува уникатна платформа за споделување знаење, запознавање со најновите трендови и можности за вмрежување на компании, институции и професионалци од целиот регион. Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: www.ecommerceconference.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01