23 лица осомничени за нацистички и антисемитски пораки во Сплит - Канал 5

23 лица осомничени за нацистички и антисемитски пораки во Сплит

Полицијата во Сплит соопшти дека досега 23 лица се осомничени за извикување нацистички и антисемитски пораки пред неодамнешниот фудбалски натпревар меѓу Хајдук и Ајакс.

23 лица осомничени за нацистички и антисемитски пораки во Сплит

Овие лица се осомничени за кривичното дело јавно поттикнување на насилство и омраза.

„Шест лица се наоѓаат во затвор, едно лице синоќа му беше предадено на надзорникот на притворот, а во однос на уште едно лице се спроведува кривична истрага и тоа во текот на денот ќе биде предадено на надзорникот на притворот“, соопштија од сплитската полиција, а пренесе агенцијата „Срна“. Во соопштението се додава дека кривичната истрага продолжува.

Порталот „Индекс“ наведува дека меѓу осомничените се Стипе Лекиќ, поранешен секретар на „Торцида“ – навивачката група на „Хајдук“ и еден од предводниците на навивачката поворка, како и Леонардо Вучко од Омиш.

Двајцата синоќа ѝ се предале на полицијата, откако претходно полициски службеници трагале по нив.

На Фејсбук-страницата „Татко на улиците, мајка на Торцида“ беше објавена нивна заедничка фотографија пред сплитскиот затвор во Билице.

На фотографијата тие држат црна маица со натпис „Новинари – црви“, додека Лекиќ позира со крената тупаница.

Во март, Лекиќ беше прогласен за виновен од страна на Општинскиот прекршочен суд во Сплит за пеење усташки песни за време на натпреварот помеѓу Хајдук и Славен Белупо.

Според хрватскиот закон, кривичното дело јавно поттикнување на насилство и омраза се казнува со затворска казна во траење до три години. За организирање или предводење на група со цел извршување на тоа кривично дело, предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години.

На 15 октомври, навивачите на Хајдук, движејќи се во организирана колона по улиците на Сплит пред натпреварот со Ајакс, извикуваа нацистички и антисемитски пароли – „Стани, Адолф!“, „Аушвиц, Аушвиц!“, „Газете, згазете ги Евреите!“.

Тие исто така пееја стихови за спалувањето на Евреите во концентрационите логори, како и навредливи стихови упатени кон Ана Франк, девојчето кое настрада во логорите. На чело на поворката се наоѓаше автомобил со симболичен ковчег на кој беше испишано името „Ајакс“, а кој навивачите подоцна го искршија.

Инаку, „господарите од морето“ го совладаа холандскиот тим со резултат 2:1 во првиот натпревар од групната фаза на едно натпреварување на УЕФА, по пауза од 16 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. 

Мурињо го собори рекордот на Ла Лига

Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти.

Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти.

Флик има уште подобар процент

Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари.

1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари)

2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари)

3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари)

4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари)

Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.

Се зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)

Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“.

Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150.

Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.

Финансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари

„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата.

„Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“.

Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“.

Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“.

„Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението.

Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата.

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот.

„Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците.

Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер