Видео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“ - Канал 5

Видео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“

Канадската пејачка Тејт Мекре во секси црвена долна облека го претстави новиот сингл и ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“.

Видео: Тејт Мекре ја вжешти пистата на „Викторијас сикрет“

Канадската пејачка Тејт Мекре настапи на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria’s Secret), одржана синоќа во Лос Анџелес, каде што премиерно го претстави својот нов сингл „Housewife“.

Дваесет и тригодишната музичка ѕвезда се појави во блескав црвен комплет долна облека и црвени чевли со високи потпетици, изведувајќи енергична кореографија заедно со повеќе од десет танчери, сите облечени во црвени костими.

Според „Харперс базар“ (Harper's Bazaar), Тејт го изведе и хитот „Dear God“ од албумот „So Close to What“, додека манекенките чекореа по пистата, осветлени со топла, килибарна светлина.

Впечатлив визуелен ефект создадоа проѕирните црвени крилја што се „вееа“ зад пејачката.

Песната „Housewife“ беше објавена на 15 октомври, а режисер на музичкиот спот е Пјер-Анж Карлоти. Ова е првиот сингл од нејзиниот четврти студиски албум.

Тејт претходно истакна дека публиката сè уште нема видено сè што таа може да понуди, особено кога станува збор за нејзините танцови вештини.

Зборувајќи за славата, таа призна дека животот на поп-ѕвезда може да биде исцрпувачки, бидејќи луѓето често имаат свои замисли за тоа каква би требало да биде таа.

Пред нејзиниот настап на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), таа накратко најави што може да очекува публиката, велејќи: „Моето тело е костим“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МБА: Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет

Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет – промените не значат промена на постојните платежни сметки. .

МБА: Се наближува примената на новите стандарди во националниот платен промет

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во текот на месец ноември започнува примената на донесените регулаторни промени со кои се воведуваат промени во платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки.

Промените произлегуваат од Законот за платежни услуги и платни системи и од соодветните подзаконски акти на Народната банка на Република Македонија. Нивното започнување на примена е поврзано со модернизацијата на платните системи во земјата.

За граѓаните и компаниите, најважно е дека бројот на нивната сметка не се менува. При плаќање, платежната сметка ќе се користи во ИБАН - формат, односно со додавање на ознаката МК07 пред постојниот број на сметката. Приспособувањето во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките.

Ќе започнат со примена и нови, стандардизирани платни налози, кои ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53. Новите обрасци ќе се користат и во хартиена и во електронска форма.

Промена има и кај ознаките за целта на плаќањето. Досегашните нумерички шифри ќе бидат заменети со нови четиризнаковни ознаки, со што ќе се овозможи попрецизно наведување на намената на плаќањето и подобра обработка на податоците.

Компаниите кои користат автоматизирана размена на налози, сметководствени и или други интегрирани решенија, кај кои може да бидат потребни соодветни приспособувања, ќе бидат информирани од страна на банките, согласно законските рокови и насоките од регулаторот.

Промените се дел од процесот на понатамошно стандардизирање и модернизирање на националниот платен промет, подобрување на квалитетот и структурираноста на податоците и создавање услови за поефикасна обработка на платежните трансакции.

Банкарскиот сектор во изминатиот период презема активности за техничко и организациско усогласување со новите стандарди, со цел нивната примена да се одвива непречено и без прекини за корисниците на платежни услуги.

МБА(Македонска банкарска асоцијација) ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

23 лица осомничени за нацистички и антисемитски пораки во Сплит

Полицијата во Сплит соопшти дека досега 23 лица се осомничени за извикување нацистички и антисемитски пораки пред неодамнешниот фудбалски натпревар меѓу Хајдук и Ајакс.

23 лица осомничени за нацистички и антисемитски пораки во Сплит

Овие лица се осомничени за кривичното дело јавно поттикнување на насилство и омраза.

„Шест лица се наоѓаат во затвор, едно лице синоќа му беше предадено на надзорникот на притворот, а во однос на уште едно лице се спроведува кривична истрага и тоа во текот на денот ќе биде предадено на надзорникот на притворот“, соопштија од сплитската полиција, а пренесе агенцијата „Срна“. Во соопштението се додава дека кривичната истрага продолжува.

Порталот „Индекс“ наведува дека меѓу осомничените се Стипе Лекиќ, поранешен секретар на „Торцида“ – навивачката група на „Хајдук“ и еден од предводниците на навивачката поворка, како и Леонардо Вучко од Омиш.

Двајцата синоќа ѝ се предале на полицијата, откако претходно полициски службеници трагале по нив.

На Фејсбук-страницата „Татко на улиците, мајка на Торцида“ беше објавена нивна заедничка фотографија пред сплитскиот затвор во Билице.

На фотографијата тие држат црна маица со натпис „Новинари – црви“, додека Лекиќ позира со крената тупаница.

Во март, Лекиќ беше прогласен за виновен од страна на Општинскиот прекршочен суд во Сплит за пеење усташки песни за време на натпреварот помеѓу Хајдук и Славен Белупо.

Според хрватскиот закон, кривичното дело јавно поттикнување на насилство и омраза се казнува со затворска казна во траење до три години. За организирање или предводење на група со цел извршување на тоа кривично дело, предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години.

На 15 октомври, навивачите на Хајдук, движејќи се во организирана колона по улиците на Сплит пред натпреварот со Ајакс, извикуваа нацистички и антисемитски пароли – „Стани, Адолф!“, „Аушвиц, Аушвиц!“, „Газете, згазете ги Евреите!“.

Тие исто така пееја стихови за спалувањето на Евреите во концентрационите логори, како и навредливи стихови упатени кон Ана Франк, девојчето кое настрада во логорите. На чело на поворката се наоѓаше автомобил со симболичен ковчег на кој беше испишано името „Ајакс“, а кој навивачите подоцна го искршија.

Инаку, „господарите од морето“ го совладаа холандскиот тим со резултат 2:1 во првиот натпревар од групната фаза на едно натпреварување на УЕФА, по пауза од 16 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Најнапред, дозволете ми да упатам искрена благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои вчера излегоа на гласање и го остварија своето демократско право на глас.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Особена благодарност до сите граѓани кои ја дадоа својата доверба и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

Вчерашниот изборен ден завршува со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат.

Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг.

Опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е резултат кој не прави горди, но пред се и не обврзува.

Му честитам на Стојанчо Радичевски за постигнатиот резултат, за посветеноста и за енергијата со која ја водеше кампањата.

Благодарност и до сите наши членови, активисти, симпатизери и поддржувачи кои во изминатиот период неуморно работеа, разговараа со граѓаните, ги слушаа нивните потреби и придонесоа за успехот.

Посебно сакам да ја истакнам позитивната атмосфера, заедништвото и големата енергија што ги почувствувавме во Брвеница во текот на оваа кампања.

Разговорите со граѓаните, искрените средби, подадената рака и поддршката што ја добиваме во сите населени места се најголемата вредност на овој изборен процес.

И токму тие моменти ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште попосветено.

Почитувани граѓани, резултатот од првиот круг е јасен показател за довербата што граѓаните му ја дадоа на нашиот кандидат.

Ова е признание за вложениот труд, за непосредниот пристап кон граѓаните и за искрената желба, Брвеница да продолжи да се развива.

Пред нас е вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 1 ноември.

Во него влегуваме со голема предност, со позитивна енергија, со уште поголема мотивација и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба.

Одиме на убедлива победа во вториот изборен круг и избор на Стојанчо Радичевски за градоначалник на општина Брвеница.

Нашата цел е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.

На крајот, уште еднаш, голема благодарност до сите граѓани на Брвеница за довербата, за поддршката и за достоинственото учество во изборниот процес.

Продолжуваме заедно, обединети и посветени на иднината на Брвеница.

Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

https://www.swisstransfer.com/dl/01a15368-626f-70b5-bd41-9c5a025d2161

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер