Анџелина Џоли доби нова улога: Сериозно му приоѓам на наследството на Марија - Канал 5

Анџелина Џоли доби нова улога: Сериозно му приоѓам на наследството на Марија

Анџелина Џоли доби нова улога за која вели дека ја сфатила многу сериозно.

Анџелина Џоли доби нова улога: Сериозно му приоѓам на наследството на Марија

Во биографскиот филм на чилеанскиот режисер Пабло Ларин, оскаровката ќе ја отелотвори иконската оперска пејачка Марија Калас, која го привлече вниманието на јавноста не само со својот впечатлив глас, туку и со возбудливиот приватен живот.

Покрај нејзиниот неверојатен вокален опсег, Калас беше позната и по нејзиното интензивно ривалство со италијанската оперска пејачка Рената Тебалди, како и нејзиниот турбулентен љубовен живот кој вклучуваше романса со грчкиот бродски магнат Аристотел Оназис, кој подоцна се омажи за Џеки Кенеди.

„Многу сериозно ја земам одговорноста за животот и наследството на Марија. Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот“, изјави Џоли откако беше објавено дека ќе глуми во филмот за Марија. Џоли го спомна восхитот што го чувствува кон режисерот на филмот: „Пабло Ларен е режисер на кој му се восхитувам долго време. Сон е да се добие шанса да се раскаже повеќе за приказната на Марија со него и со сценариото на Стивен Најт“.

Главните актерки од претходните два биографски филмови на Ларин беа номинирани за Оскар - Кристен Стјуарт за нејзината улога на принцезата Дијана во минатогодишниот Спенсер и Натали Портман за нејзината улога како Кенеди Оназис во Џеки од 2016 година. Прославениот режисер доби и номинација за Оскар за најдобар странски филм за неговата чилеанска историска драма „Не“ од 2012 година . Џоли доби Оскар за филмот „ Girl, Interrupted“ во 1999 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинки

Во среда (30.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Ани Малинкова.

„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинки

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. овесни снегулки

3 - 4 јајца

2 банани

150 гр. грчки јогурт

300 гр. боровинки свежи или смрзнати

1 лажиче екстракт од ванила

1 ќесичка прашок за печиво

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаосот продолжува – Жезус „не стигнал“ да го прочита соопштението на Роналдо

 Ситуацијата околу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жезус, не се смирува ниту еден ден откако капитенот на репрезентацијата излезе со остра изјава.

Хаосот продолжува – Жезус „не стигнал“ да го прочита соопштението на Роналдо

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изјави дека Жезус во два наврати го прекршил договорот, а особено го погодило тоа што селекторот за време на прес-конференцијата не спомнал ниту една од осумте точки од документот што, според Роналдо, тој лично ги одобрил.

Португалските медиуми пренесоа дека Роналдо ја следел прес-конференцијата на Жезус и очекувал тренерот јавно да се извини. Бидејќи тоа не се случило, уследила одлуката да го напушти репрезентативниот камп. Поради сето ова, се очекуваше реакција од Жорж Жезус, кој е познат по својот темпераментен карактер и бројните конфликти со играчите и раководството на клубовите во текот на кариерата.

Сепак, искусниот стручњак овојпат не се впушти во полемика.

„Бев во Леирија и го гледав натпреварот на португалската репрезентација до 21 година. Сега ќе го прочитам соопштението. Немам што да кажам“, кратко изјави Жезус.

Инаку, конфликтот започна по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка. Според претходниот договор меѓу селекторите и Роналдо, капитенот на репрезентацијата требаше да има внимателно дозирана минутажа за време на овој репрезентативен собир. Првичниот план бил Роналдо да не игра против Норвешка, со оглед на тоа што само неколку дена претходно одигра 67 минути против Велс.

Сепак, Жезус процени дека напаѓачот на Ал Наср е доволно подготвен повторно да настапи. Роналдо беше испратен на загревање, но на крајот не влезе во игра. Токму тој момент беше вовед во нова тензија, која потоа кулминираше со неговото напуштање на репрезентативниот камп. По јавното истапување на Роналдо, Жезус одлучи дополнително да не ја поттикнува полемиката. Неговата кратка реакција, со оглед на темпераментот што го следеше низ целата тренерска кариера, дополнително го привлече вниманието на португалската јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола.

ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција.

Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место, стои во соопштението од јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер