Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева - Канал 5

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска работилница за основци „Снимај паметно, остави трага“. 

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Овој иновативен проект, кој се одржува под менторство на истакнатиот македонски филмски режисер Марија Џиџева, се фокусира на една од најчувствителните теми во современото општество – насилството меѓу децата и младите, со акцент на булингот и сајбербулингот.

Проектот има за цел да ги трансформира паметните телефони на т.н. „Алфа-генерација“ – деца родени и израснати со технологија – од потенцијален извор на дигитално насилство во моќна уметничка алатка за социјални промени. Учениците од VIII и IX одделение низ интензивни лекции ги поминаа сите фази на филмското изразување: од генерирање идеја и пишување сценарио, преку снимање со мобилни телефони, па сè до финалната монтажа.

Тие учат како да ги преточат своите лични соочувања со врсничкото насилство во филмски сценарија.

Ова не е само едукација – ова е платформа каде гласот на децата станува визуелна реалност, а возрасните се тука за да научат како децата го доживуваат светот денес.

-Работилницата е наменета токму за децата кои секојдневно се изложени на технологијата што придонесува за алармантно зголемување на врсничкото насилство. Целта на овие кратки форми е тимски да создадеме филмови каде што ќе го чуеме гласот на младите, ќе откриеме што ги мачи и ќе им помогнеме нвозрасните подобро да разберат како децата денес ги доживуваат булингот и сајбернасилството“, истакна менторката Џиџева..

Поддршката за овој визионерски проект доаѓа директно од Општина Кисела Вода. На прес-конференцијата по повод отворањето на 11. издание на фестивалската програма под мотото „На прво светло“, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази силно задоволство од соработката со фестивалот.

-Преку ова партнерство и ставањето во функција на нашите две киносали во Кисела Вода, директно придонесуваме за создавање услови за промоција на филмската уметност, даваме конкретна поддршка на младите автори и ги доближуваме современите културни содржини до граѓаните, рече Стаменкоска-Трајкоска.

Кратките филмови што децата ги создадоа во рамките на тридневната работилница ќе ја доживеат својата официјална премиера пред пошироката јавност на големото платно за време на претстојното издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, кој свечено се отвора на 14 октомври во киното „Фросина“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата

Flex Group продолжува со вториот дел од својата осуммесечна програма ставајќи фокус врз развојот на лидерските и менаџерските капацитети преку градење на емоционална писменост и примена на менторски стилови.

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата

Во рамките на овој модул, Верита Акташ, ја одржа обуката „Емоционална интелигенција и тренинг вештини за ментори“, на која учесниците работеа на теми што се дел од секојдневието на секој менаџер и тоа: како личните емоции влијаат врз начинот на кој комуницираме и носиме одлуки, како се препознава она што се случува во тимот и како се води разговор со цел развој на вработениот.

Еден од главните фокуси беше емоционалната писменост. Притоа учесниците истражуваа како тие влијаат врз односите, врз реакциите при работа под притисок, врз комуникацијата и на крајот, врз начинот на кој се водат луѓето, наместо досегашното сфаќање дека емоциите треба да останат надвор од работното место.

Вториот дел беше посветен на менторството како пристап во развојот на луѓето. Преку активно слушање, поставување на отворени прашања и ненаметливо насочување на вработениот кон самостојно наоѓање на решение и нови идеи, лидерите се стекнаа со нова алатка за развивање на потенцијалите на својот тим. Преку GROW моделот, учесниците вежбаа како разговорот 1 на 1 со член на својот тим може да се помести од: „Еве што треба да направиш“ кон: „Како ти самиот да дојдеш до нови идеи, предлози и пристапи кон секојдневното работење?“.

Токму тоа е и идејата на Flex Group Leadership Academy - лидерството да се развива континуирано, преку знаења и вештини применливи во секојдневната работа затоа што доброто водење, не значи секогаш да го имаш одговорот, туку да знаеш да слушаш и да го поставиш вистинското прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаосот во Франција продолжува; Макрон свика итен состанок

 Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа свикал состанок со неколку министри по повод протестите низ земјата, откако во вторникот на улиците излегоа меѓу 256.000 и 450.000 луѓе.

Хаосот во Франција продолжува; Макрон свика итен состанок

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа свикал состанок со неколку министри по повод протестите низ земјата, откако во вторникот на улиците излегоа меѓу 256.000 и 450.000 луѓе, според податоците на Министерството за внатрешни работи и синдикатите од секторот за образование.

Како што беше најавено, на состанокот во Елисејската палата треба да присуствуваат премиерот Себастијан Лекорни, министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез и министерот за национално образование Едуар Жефре, објави БФМ.

„Фигаро“ утрово пренесува дека Нуњез и Жефре денеска ќе бидат сослушани пред Националното собрание, во 15 и во 18 часот.

Според проценките на Министерството за внатрешни работи, на протестите низ Франција учествувале 256.000 луѓе, од кои 56.000 во Париз, додека синдикатите од секторот за образование ја процениле бројката на околу 450.000 демонстранти.

Синдикатите им се придружија на учениците и студентите во вчерашниот ден на протести на национално ниво, кои се одржаа во Париз и во други големи градови, вклучувајќи ги Лион, Лил, Марсеј, Тулуза, Бордо, Рен и Стразбур.

На протестите се приклучија и наставници и родители, а некои од нив се обидоа да ги заштитат младите демонстранти од безбедносните сили.

Младинските протести со барање за подобри услови во училиштата започнаа минатиот месец и прераснаа во едни од најголемите демонстрации во Франција во последните години.

Синдикатот на наставници во средните училишта USL соопшти дека околу 1.800 средни училишта низ земјата биле блокирани или затворени од безбедносни причини, додека Министерството за образование наведе дека наставата била целосно или делумно прекината во 891 средно училиште.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера се уапсени 488 лица, а 43 припадници на безбедносните сили се повредени за време на вчерашните протести, пренесува „Фигаро“.

Од почетокот на протестите се приведени вкупно 5.060 лица, од кои 87 отсто се малолетници, според податоците на Министерството за правда објавени во понеделникот вечерта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинки

Во среда (30.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Ани Малинкова.

„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинки

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. овесни снегулки

3 - 4 јајца

2 банани

150 гр. грчки јогурт

300 гр. боровинки свежи или смрзнати

1 лажиче екстракт од ванила

1 ќесичка прашок за печиво

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер