Американците се „луди“ по новиот производ на Тесла (ВИДЕО)

Што и да измислат Маск и Тесла, милиони фанови го разграбуваат и не прашуваат за цена.

Tesla Motors успеале за рекордно време да ги распродаат свирчињата, што се продаваат за 50 долари. Сега пристигна Cybertruck, но не вистинскиот за возрасни, туку направен да се вклопи во товарниот простор на Cybertruck.

Станува збор за детска верзија на Cyberquad што се продава за 1.900 долари. Има челична рамка, прилагодлива суспензија и задна диск сопирачка. Опремата вклучува меко тапацирано седиште и LED осветлување. 36V Li-Ion батеријата е заменлива и нуди опсег од околу 24 km. Полнењето до домашен штекер трае околу пет часа.

Очекувано, максималната брзина може однапред да се конфигурира во зависност од желбите на возачот, но пред се на родителите. Се нудат опции од 8 и 16 km/h, што влијае на самиот опсег. Проценетата носивост е 68 kg.

И сега некои лоши вести. Погодувате, како свирчето, овој гаџет на Tesla е распродаден за рекордно време.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер