Данскиот парламент го ратификува договорот со кој се прошируваат надлежностите на војската на САД на Гренланд
1Данскиот парламент го ратификува договорот со кој се прошируваат надлежностите на војската на САД на Гренланд
311-годишно момче направи неверојатен подвиг- по голема борба од морето извлече чудовиште од 97 килограми (ВИДЕО)
МакедонијаАлександра ја доживеала најтешката судбина – ја пронашла ќерката мртва: „Бев среќна мајка и жена. Никогаш не очекував такво нешто да ми се случи“Вчера во емисијата „Беткаст“ со Елизабета Дамјаноска Спасеновска гостуваше Александра Карафиловска, а се работеше за приказна што ја потресе цела Македонија.Aлександра ја отвори душата во нашиот подкаст и низ солзи раскажа каква трагедија ја снајде нејзината фамилија и објасни како се носи со тоа низ животот — може да се каже, со најтешката болка — загубата на дете. Александра Кранфиловска важи за успешна жена во бизнисот, но и за храбра, бидејќи и ден денес го пребродува најтешкиот удар во животот. Во 2016 година се соочила со незамислива трагедија кога нејзината ќерка, Стефанија Брзанова, починала на само 20 години. „ Како што те гледаат наставничките, така те гледаат и децата“ – Булингот е огромен проблем во Македонија, а родителите се плашат да зборуваат за тоа јавно. Јас сум човек што не се плаши од ништо, затоа зборувам отворено, и затоа ја напишав и книгата – почна таа, па продолжи да зборува за својата ќерка. Раскажа дека нејзината ќерка Стефи била многу талентирана и повлечена, но уште на шест години знаела да свири гитара и пијано „по слух“. Кога тргнала во прво одделение, Александра сфатила во какво опкружување ја праќа, откако чула што ѝ кажале наставничките. – Имав 24 години кога Стефи тргна во прво. Како родител, не можев да се справам со тие „аждаи“ од наставнички. Наставничките од Пулевски ми рекоа дека моето дете не е доволно интелигентно за во училиште. Таму започнува целата приказна – започна својата исповед. Додава дека и нејзиниот сопруг интервенирал и им рекол на наставничките дека не смееле да дадат таква проценка, бидејќи не се стручни. Иако девојчето сликало и имала уметничка страна, ја ставиле во последна клупа, што психички ја повредило, никој не сакал со неа да јаде. – Како што те гледаат наставничките, така те гледаат и децата. Тоа секогаш сум го велела – додаде Карафиловска. Секој ден одела во училиште и гледала што ѝ се случува на детето. Тврди дека вознемирувањето траело од прво до четврто одделение. Била многу млада мајка во споредба со другите родители, а кога се присети на тие моменти од училиштето – се расплака. – Крвнички ја малтретираа децата, доаѓаше боса дома. Ѝ ги кинеле книгите, а колку што јас повеќе одев таму, толку повеќе се зголемуваше насилството. Дури во шесто одделение решив да ја префрлам во друго училиште, но децата од старата школа ѝ ја скршија раката. Наставникот ми кажа дека едвај ја извлекол – раскажа таа. Во новото училиште било прекрасно, како Стефани да „запеала“ таму, се видело дека ужива. Но, по извесно време, повторно започнало вознемирување. – Сакав да ја запишам во едно средното училиште, слушнав дека директорот е прекрасен и се бори за децата. Не знаев дали ќе ја примат, но таа сакаше да оди таму во музичното. Немав никакви врски, ја проценија и рекоа дека ќе стигне далеку. Кога го видов списокот, видов дека е примена – раскажа таа. Мислела дека во музичко учат деца од уметнички семејства, но сфатила дека најмногу има деца на професорите. Се трудела да ја следи ќерката, но со промена на професори настанала нестабилност. – Го теравме до трета година, а потоа татко ми се разболе од рак и не можевме да интервенцираме. Тогаш се разведов. Знаете како е – кога дома имате проблеми, а и со детето се мачите… – продолжи таа, додавајќи дека имало луѓе кои ѝ барале мито за да ја „погураат“ ќерка ѝ. „Кога излегов надвор, ја видов како лежи на земја“ Ја префрлала ќерката во повеќе училишта додека не успеала да го намали вознемирувањето. Сè детално опишала и во својата книга. Тврди дека во музичкото немало булинг од наставници, туку од соло пејачи кои ја гледале како конкуренција. – Три години се борев со тоа. Татко ми почина, се разведов од мажот што го сакав и со кого поминав 24 години. Никогаш не ја удри нашата деца, заедно се боревме за нив, имаме заедничка винарија, а јас имам и свој салон – продолжи таа, па почна да зборува за кобната вечер. – Ја водев кај тројца психијатри, не знам веќе колку пари дадов. Стефи почна да пие алкохол, состојбата се влоши. После неколку месеци аплицираше за работа на брод, и ја доби – тоа беше прекрасно за неа, ја подигна. Не земаше лекови ниту алкохол, но депресијата е лавиринт од кој тешко се излегува – раскажува Карафиловска и тврди дека последните шест месеци била одлична. – Беше 8 Март кога излезе со другарки. Тоа беше кобната вечер. Многу се опи, влезе во такси и не се врати. Не сакам детално да зборувам, но ќе кажам дека она што го направи Стефи беше без дрога и без алкохол – сето тоа ѝ се наталожило од претходната вечер. Не го очекував тоа од неа, а кога излегов надвор, ја видов како лежи на земја. Бев свесна, сите портали беа таму. Отиде по запалка – и не се врати. Бев среќна мајка и жена. Никогаш не очекував такво нешто да ми се случи – изјави таа. Понатаму во разговорот призна дека и самата била жртва на булинг по самоубиството на ќерка ѝ, бидејќи пишувале сите медиуми, а добивала и навредливи коментари на социјалните мрежи. – На погребот дојдоа луѓе што не беа ни поканети, коментираа дека сум имала црвен лак на ноктите тој ден. Немав време да мислам за тоа, ниту да го тргнам. После тоа шест месеци не излегов од дома, пропаднав финансиски, никој не ми подаде рака. Дваесет портали дневно пишуваа за мојата приказна – заврши таа. Тврди дека не била депресивна, туку само тажна. Вели и дека поради лековите добила многу килограми, но ѝ помогнало тоа што пишувала книги – и тие книги сè уште се читаат, иако по објавувањето нејзината книга имала 40 пријави. Успеала да се издигне од сè и решила да го продолжи својот живот, а целиот подкаст со Александра Кранфиловска можете да го погледнете на нашиот Јутјуб канал. Тагови: Александра Карафиловска Беткаст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДанскиот парламент го ратификува договорот со кој се прошируваат надлежностите на војската на САД на Гренланд Данскиот парламент едногласно го ратификуваше безбедносниот договор со САД за Гренланд, со кој се проширува улогата на американската војска на арктичкиот остров.Данскиот парламент едногласно го ратификуваше безбедносниот договор со САД за Гренланд, со кој се проширува улогата на американската војска на арктичкиот остров, вклучително и дозволување на распоредување на ракетниот одбранбен систем „Златна купола“, а воедно се потврдува данскиот суверенитет и правото на Гренландците на самоопределување. Спогодбата беше одобрена од 109 дански пратеници, без ниту еден гласач против, објави Ројтерс. Спогодбата ќе стапи во сила кога данското Министерство за надворешни работи ќе ги извести САД во дипломатска нота дека се завршени сите потребни процедури. Спогодбата нема да се гласа во американскиот Сенат. САД, Данска и Гренланд го потпишаа договорот во септември за да ги намалат тензиите откако американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе ја преземе контролата врз островот богат со минерали, кој е автономна данска територија и дом на 57.000 луѓе. Одбивањето на Трамп да ја исклучи можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на островот предизвика дипломатска криза во рамките на НАТО во јануари и ги принуди Данска и Гренланд да влезат во месеци интензивни преговори. Парламентот на Гренланд го ратификуваше договорот овој месец. Договорот го помина првото читање во данскиот парламент минатата недела со поддршка од сите политички партии, а пратениците изразија надеж дека договорот ќе придонесе за нормализирање на ситуацијата во Гренланд. „Сепак, постојат бројни индикатори дека ова не е крај, туку почеток“, рече Микаел Ведби Расмусен, професор по политички науки на Универзитетот во Копенхаген. Според него, САД ќе можат да бараат поголемо влијание врз донесувањето одлуки што имаат безбедносни и политички последици, како и врз дел од процесот на искористување на стратешките ресурси, објавува агенцијата. Други експерти сметаат дека новиот договор не го проширува значително пристапот на американската војска до Гренланд. Најкратката рута помеѓу Европа и Северна Америка поминува низ стратешки лоциран Гренланд, каде што веќе се наоѓа најсеверната американска воена база.Тагови: Гренланд САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовак Ѓоковиќ се појави во новиот филм со Роберт де Ниро (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ се појавува во новата холивудска комедија „Дозвола за брак со новите Фокери“, а не мораше ниту да го спушти рекетот за филмот. Во кратка сцена, тој му држи час по тенис на Кевин, кој повторно го игра Овен Вилсон. Во објавениот клип се појавуваат и Роберт Де Ниро и Тери Поло. Ова не е прв пат Ѓоковиќ да снима сцена за холивудски филм. Тој имаше и кратка улога во акциониот филм „The Expendables 2“, но неговата сцена не влезе во верзијата што се прикажуваше во кината. Бен Стилер сега е на другата страна „Дозвола за брак со новите Фокери“ е четвртиот филм од серијата што започна во 2000 година со комедијата „Дозвола за брак“. Во првиот филм, Грег Фокер (Бен Стилер) се обиде да го освои својот иден свекор Џек Бернс (Роберт Де Ниро). Сега Грег е на другата страна. Неговиот син Хенри (Скајлер Гисондо) сака да се ожени со Оливија, а Грег не ѝ верува. Оливија, поранешна преговарачка на ФБИ за заложници, ја игра Аријана Гранде. Додека Грег е сомничав кон својата идна снаа, Џек е заљубен во неа. Истиот Џек кој еднаш го стави Грег на тест за детектор за лаги. Семејството се собира за 80-тиот роденден на Џек, а Грег и Оливија се обидуваат да се надмудрат еден со друг. Тагови: Новак Ѓоковиќ Роберт де Ниро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОгромен крузер се заби во карпи на езерото Викторија- снимен е моментот на несреќата (ВИДЕО)Ова е моментот кога крузерот, кој ја изгубил контролата, се удрил во карпи откако презел мерки за избегнување на судир со друг брод.Видеото го прикажува бродот MV Mwanza како брзо се движи кон карпата Бизмарк во езерото Викторија во Танзанија, најголемото тропско езеро во светот, околу 10:30 часот наутро во среда, објави Дејли Меил. Бродот, кој може да прими до 1.200 патници, потоа одеднаш застанува со силен треперење додека минувачите гледаат во неверица. Неколку моменти претходно, според локалните медиуми, бродот за малку избегнал судир со ферибот што доаѓал од Сенгереме, на северозападниот дел од земјата. Патниците може да се видат собрани на горната палуба на бродот, гледајќи како MV Mwanza накратко се искачува на карпите пред повторно да ја погоди површината на слатководното езеро. Disbelief in Mwanza #Tanzania as recently unveiled MV Mwanza ship appears to loose control and ram the Bismarck rock and heavy smoke billows from the ship! Haya mambo bwana! Watu hawaamini nchi imeenda mrama hivi! #TutaelewanaTu https://t.co/vRwyXW7CzP — Maria Sarungi Tsehai (@MariaSTsehai) November 18, 2026 Бродот од 93,6 метри, кој започнал да работи дури оваа година, моментално е најголемиот ферибот на езерото Викторија. Еден очевидец, Бакари Мвигели, рече дека брзите реакции на капетанот на фериботот спречиле бродот да претрпи поголема штета. „Бродот речиси се судрил со патнички ферибот што доаѓал од Сенџереме. Лицето што го управувало фериботот се движело наназад и тогаш МВ Мванза удрило во карпа. Да не реагирал толку брзо и да се движел наназад, МВ Мванза ќе удрел во две карпи, предизвикувајќи тие да потонат.“ Се вели дека бродот бил на пробно возење и превезувал заинтересирани страни додека се спроведува истрага за инцидентот. Никој не е повреден. Фериботите се клучни за поврзување на изолираните островски заедници расфрлани низ езерото Викторија, обезбедувајќи витални врски со копното за транспорт, трговија, здравствена заштита, образование и други основни услуги. Бизмарковата карпа е именувана по статуата на Ото фон Бизмарк, поранешен германски канцелар, која била подигната на или во близина на карпата за време на колонијалниот период на Германска Источна Африка. Статуата била отстранета од британските сили за време на Првата светска војна. Се верува дека потоа била фрлена во водата во близина на градот на брегот на езерото, иако името Бизмаркова карпа сè уште е во употреба. Инцидентот се случува откако крузер закотвен во Мисисипи се преврте претходно овој месец откако беше удрен од танкер. „Американ Херитиџ“, управуван од „Американ Круз Лајнс“, беше закотвен на реката во Њу Орлеанс, Луизијана, кога беше удрен од 158,5 метри долгиот Атлантски Асфалт кратко по пладне во петокот. Сите 180 лица на бродот беа спасени во многу успешна спасувачка операција, во настан наречен „Чудото на Мисисипи“. Тоа е благодарение на херојските напори на американската крајбрежна стража, другите служби за итни случаи и граѓаните кои дојдоа на помош. Градоначалничката на Њу Орлеанс, Хелена Морено, минатата недела изјави дека 32 патници од крузерот се лекуваат во локалните болници. Никој од нив немал повреди опасни по живот. Меѓу оние што се лекуваат се двајца полицајци од Пристанишната управа на Њу Орлеанс кои скокнаа во водата за да ги спасат патниците, додаде Морено. Се појавија драматични снимки на кои се гледаат патниците на крузерот како очајно се држат за оградите, борејќи се за своите животи додека бродот почна да се превртува.Тагови: карпи крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook