Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
2Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027
Шоу бизАлек Болдвин на годишнината од смртта се сеќава на снимателката, која тој ја застрела Алек Болдвин се сети на кинематограферката Халина Хачинс која беше смртно застрелана на сетот од пиштол реквизит.Болдвин ја објави фотографијата на Халина на својот Инстаграм, а неговата објава наиде на бурни реакции кај обожавателите кои му испратија зборови на поддршка и утеха. „На овој ден“, напиша Болдвин покрај фотографијата на Хачинс создадена на еден од сетовите. Објавата им се допадна на речиси 80 илјади луѓе. View this post on Instagram A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta) Инаку, Болдвин на почетокот на месецов се договорил со семејството на починатата снимателка, но информацијата за сумата што ја понудил останала непозната. Како дел од спогодбата, сопругот на Хачинс, Метју, ќе учествува во понатамошната продукција на филмот и ќе работи како продуцент и ќе добие дел од профитот. Филмот ќе продолжи со снимање следната година. „Немам интерес да обвинувам или да ја префрлам вината (на продуцентите или г-дин Болдвин). Сите веруваме дека смртта на Халина беше страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да го почестат последното дело на Халина.“ напиша Хачинс во соопштението. Потсетуваме, во февруари оваа година семејството на снимателката која случајно беше убиена од Алек Болдвин на сетот на филмот Rust го тужеше американскиот актер и побара „суштинска“ отштета за нејзината смрт. На снимањето на тој нискобуџетен вестерн, Болдвин вежбал сцена со револвер и испукал вистински куршум во кинематограферката Халина Хачинс, која набргу потоа почина. Адвокатот Брајан Паниш, кој ги застапува нејзиниот сопруг Метју и синот Андрос, тврди дека „намалувањето на трошоците и невнимателното однесување“ на Болдвин и другите продуценти на Rust ја предизвикале трагедијата. До судот доставил список со „најмалку 15 стандарди“ кои продуцентите не ги почитувале на снимањето на филмот. Меѓу нив се употребата на боева муниција, недостатокот на квалификувани пиштолџии на снимањето и недостатокот на заштитна опрема за филмската екипа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Колач со боровинкиВо среда (30.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Ани Малинкова.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. овесни снегулки 3 - 4 јајца 2 банани 150 гр. грчки јогурт 300 гр. боровинки свежи или смрзнати 1 лажиче екстракт од ванила 1 ќесичка прашок за печиво Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаосот продолжува – Жезус „не стигнал“ да го прочита соопштението на Роналдо Ситуацијата околу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија, Жорже Жезус, не се смирува ниту еден ден откако капитенот на репрезентацијата излезе со остра изјава.Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња изјави дека Жезус во два наврати го прекршил договорот, а особено го погодило тоа што селекторот за време на прес-конференцијата не спомнал ниту една од осумте точки од документот што, според Роналдо, тој лично ги одобрил. Португалските медиуми пренесоа дека Роналдо ја следел прес-конференцијата на Жезус и очекувал тренерот јавно да се извини. Бидејќи тоа не се случило, уследила одлуката да го напушти репрезентативниот камп. Поради сето ова, се очекуваше реакција од Жорж Жезус, кој е познат по својот темпераментен карактер и бројните конфликти со играчите и раководството на клубовите во текот на кариерата. Сепак, искусниот стручњак овојпат не се впушти во полемика. „Бев во Леирија и го гледав натпреварот на португалската репрезентација до 21 година. Сега ќе го прочитам соопштението. Немам што да кажам“, кратко изјави Жезус. Инаку, конфликтот започна по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка. Според претходниот договор меѓу селекторите и Роналдо, капитенот на репрезентацијата требаше да има внимателно дозирана минутажа за време на овој репрезентативен собир. Првичниот план бил Роналдо да не игра против Норвешка, со оглед на тоа што само неколку дена претходно одигра 67 минути против Велс. Сепак, Жезус процени дека напаѓачот на Ал Наср е доволно подготвен повторно да настапи. Роналдо беше испратен на загревање, но на крајот не влезе во игра. Токму тој момент беше вовед во нова тензија, која потоа кулминираше со неговото напуштање на репрезентативниот камп. По јавното истапување на Роналдо, Жезус одлучи дополнително да не ја поттикнува полемиката. Неговата кратка реакција, со оглед на темпераментот што го следеше низ целата тренерска кариера, дополнително го привлече вниманието на португалската јавност.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијаниеОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази. Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место, стои во соопштението од јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook