Албанија домаќин на Самитот за Западен Балкан -премиерите на средба со комесарот на ЕУ, Вархеји

Во Тирана, Самит за Западен Балкан поврзан со економскиот и инвестициски план на Европската Унија. 

Близу 30 милијарди евра издвојува Европската унија за шест земји од регионот меѓу кои и Македонија Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан. Документот е потпишан денеска во Тирана на Самитот на земјите од Западен Балкан на кој што присуствуваше и премиерот Зоран Заев, заедно со премиерите на Косово и Србија, претседателот на Црна Гора и првиот човек на претседателството на босна и Херцеговина, а со самитот претседаваше домаќинот албанскиот премиер Еди Рама.

Во своето обраќање на пленарниот состанок премиерот Заев истакна дека овој план има силен потенцијал за поддршка на главните патни и железнички врски во регионот и ќе биде сериозна поддршка за заздравување на економиите од земјите во регионот.

„Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и на јавниот и на приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании", истакна премиерот Заев во своето обраќање на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана.

Вархеји информираше дека планот предвидува речиси 30 милијарди евра, што претставува третина од БДП на земјите од Западен Балкан, а средства ќе се распоредуваат ИПА три програмата.

На маргините од Самитот Заев и Рама го потпишаа и Договорот за заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Албанија и Македонија. Еднодневниот самит ќе заврши со отворање на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, кој што свечено го отвори премиерот Заев

Германија ги избриша Франција, Грција и Шпанија од списокот на ризични земји

Германија ги отстрани Франција, Грција, Швајцарија и делови од Шпанија од својата листа на земји во висок ризик поради ковид-19.

Промената стапува на сила во недела, а оние што пристигнуваат од овие земји во Германија нема да повеќе задолжително да презентираат негативен тест или да останат во карантин 10 дена.

Земјите како Грција и Шпанија, кои економски се потпираат на туризмот, соопштија дека нивните економии страдаат од ограничувањата на патувањата воведени за време на пандемијата, пишува ДВ.

Но, оваа промена на правилата важи само за оние кои патуваат по копно. Патниците со авион сепак при влез во Германија ќе треба да презентираат негативен тест, потврда за вакцинација или доказ дека биле заразени со ковид-19.

Голем број други места се отстранети од списокот на земји со висок ризик, вклучувајќи ги Белгија, јужна Данска, Естонија, Јордан, Литванија, три провинции во Холандија, Норвешка, неколку региони во Словенија и Света Луција.

Во Салвадор запленети 750 килограми кокаин

Околу 744 килограми кокаин, проценет на над 18 милиони долари, е запленет во Салвадор во операција за разбивање на шверцерска мрежа што работи на плажите во земјата, соопштила канцеларијата на државниот обвинител.

Шверцерите на дрога дејствувале во регионите Ла Паз и Сан Мигел, на истокот на земјата лоцирани помеѓу Хондурас и Гватемала. Во операцијата биле уапсени девет лица, вклучително и државјанин на Гватемала.

Акцијата ја водела полицијата за борба против злоупотребата на дрога врз основа на информации дека се шверцувале големи количини на дрога на плажите во двата региона во Пацификот, соопштила канцеларијата на обвинителот. Дрогата била запленета во објекти на плажа, каде биле пронајдени и неколку пушки и пиштоли, штѕ исто така биле запленети.

Додека шведската репрезентација игра на Европското, Ибрахимовиќ „брои палми“ на Мајорка (ВИДЕО)

Шведска одлично се пробива на Европското без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од првите два натпревари, но нејзините играчи и навивачи би сакале со нов да биде и Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Златан за тоа време ужива во Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое тој е гол и без раце вози велосипед на патека покрај морето. Тоа видео доби милион лајкови.

За потсетување, стрелецот на 62 гола за Шведска се врати во репрезентацијата пред три месеци по скоро пет години.

На два квалификациски натпревари за СП, тој постигна два гола и стана најстариот (39) репрезентативец во историјата на неговата земја.

Ќе одеше на Европското првенство доколку не го повредише коленото додека играше за Милан непосредно пред објавувањето на списокот на репрезентативци.

Па така, наместо да оди на ЕП, тој тргна на крстарење по Медитеранот со својата јахта вредна 20 милиони евра.

притисни ентер