Адриана Лима без шминка по фитнес тренинг

Моделот на Викторија сиктер Адриана Лима која е во среќен брак со кошаркарот Марко Јариќ сигурно е една од најубавите жени на светот.



Но за да се остане во топ форма толку долго во светото на моделите и манекенките и по раѓањето ан две деца е потребен секојдневен тренинг и многу откажувања.

Повеќе пати Лима објавуваше своја слика по вежбање во фитнес центар.
Ова е слика токму по еден исцрпувачки тренинг.
-Пред малку го завршив тренингот, напиша под сликата Лима.
На оваа слика може всушност да се види лицетот на една од најубавите жени на светото без шминка и без средена коса.

Kako Adriana Lima izgleda bez šminke

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина

 Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната мрежа „X“ Илон Маск, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна денеска во Кина, соопштија претставници од Пекинг за кинеската централна телевизија.

„Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, пристигна во Пекинг попладнево на покана на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија“, објави кинеската централна телевизија.

Посетата не беше однапред најавена.

Според западни медиуми, Маск ќе се сретне со високи претставници на кинеската влада за да разговара за имплементацијата на софтверот за автоматизирано возење и да побара одобрение за пренос на податоците собрани во земјата за обука на алгоритми за технологии за автономно возење.

Тежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтот

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот.

Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.

Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација.

Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41.

Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко.

Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер