Адел се расплака кога виде една жена во публиката (ВИДЕО) - Канал 5

Адел се расплака кога виде една жена во публиката (ВИДЕО)

Адел е позната по тоа што со својата музика ги расплакала многуте фанови, но овој пат таа беше трогната по средбата со својата професорка во средно училиште.

Адел се расплака кога виде една жена во публиката (ВИДЕО)

Емотивниот момент се случил за време на специјалното шоу Публика со Адел на британската телевизија ITV, кое се емитувало во Велика Британија во неделата вечер.

Актерката Ема Томпсон од публиката ја прашала Адел дали има некој во нејзиното минато кој ја поддржал, инспирирал или заштитил од животните искушенија и неволји. Пејачката потоа проговорила за влијанието што г-ѓа Мекдоналд, нејзината професорка по англиски јазик во училиштето Chestnut Grove.

"Имав професорка во средното училиште Chestnut Grove која ме научи англиски. Тоа беше г-ѓа Мекдоналд. Таа навистина ме привлече во англиската литература. Отсекогаш сум била опседната со англискиот јазик и очигледно затоа сега пишувам песни ", изјавила Адел..

"Таа беше проклето кул. Толку атрактивна", додаде таа, потсетувајќи дека Мекдоналд често носела светки и златни нараквици. „Таа навистина се грижеше за нас.

Тогаш Томпсон открила дека професорката која Адел, не ја видела 20 години, е во публиката, оставајќи ја пејачката запрепастена.

„Толку сум горда на тебе“, рече Мекдоналд додека Адел плачеше со солзи радосници.

„Навистина ми го промени животот. Сега треба повторно да го средам целото мое лице“, рече 33-годишната ѕвезда бришејќи ги солзите. По шоуто, Адел својата возбуда ја сподели и на Твитер.

"Имаше толку многу љубов вечерва. Сите беа возбудени и запалени за концертот. А мојата учителка г-ѓа Мекдоналд беше таму, тоа навистина беше рај", напишала таа.

Адел моментално го промовира својот нов албум 30 кој е нејзин четврти студиски албум и прв издаден од 2015 година. Албумот зборува за нејзиниот процес на закрепнување по разводот со Сајмон Конецки и доби позитивни критики од критичарите и од публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер