СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори
1СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори
Шоу бизАдел најави подолг одмор од музикатаАдел се повлекува од јавноста на одредено време по завршувањето на нејзиното американско музичко шоу „Викенди со Адел“ во Лас Вегас оваа година.- Воопшто немам никакви планови за нова музика! Сакам поголема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно!?, изјави Адел во интервју за германски „ЗДФ“. Инаку, британската пејачка ги почна „Викендите со Адел“ во ноември 2022., а нејзиниот засега последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година. Таа искрено говореше за своето искуство со славата, признавајќи дека ѝ недостига животот што го имала пред да стане позната. - Не ми се допаѓа тоа што сум позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостасува животот пред славата, рече Адел. Инаку, во февруари поп-пејачката мораше да одложи 10 концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаСДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избориЛевица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски? Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака? Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста? СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози. Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава. Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик. Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората. Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација. СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски. Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори. Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните. Сè друго е театар. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. МеџитлијаГранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија.Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112.Тагови: граната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
СветАвионска несреќа во Австрија: Има мртви и повредениДве лица загинаа, а две се тешко повредени кога се урна мал авион во градот Гаминг во најголемата австриска покраина, Долна Австрија, објавија локалните медиуми.Во несреќата загинаа 47-годишен пилот и една жена, додека 15-годишно девојче и 41-годишен маж се тешко повредени, објави Кроне. Голем број пожарникари, персонал на брза помош, полиција и други служби за итни случаи реагираа на местото на настанот. Се известува дека причина за падот на авионот е технички дефект. Пајпер ПА-28 се урна во шумска област, на околу 100 метри од населбата Нојхаус. Во авионот имало четири лица, сите од округот Амштетен. Непристапниот терен ја отежнал спасувачката операција, а пожарникарите морале да користат моторни пили за да си го пробијат патот до малиот авион и да преминат поток. Тие морале сами да ја носат тешката опрема за спасување по теренот. Во исто време, бидејќи во областа нема сигнал за мобилни телефони, спасувачите морале да комуницираат преку радио. На местото на несреќата беа 90 пожарникари, како и членови на планинската спасувачка служба, брзата помош и полицијата. Тие го пронајдоа леталото целосно уништено, а тешко повредените беа евакуирани од местото на несреќата со помош на опрема за спасување и специјално јаже, и беа пренесени со хеликоптер во болниците во Линц и Амштетен. Местото на несреќата е заградено, а на местото на несреќата пристигна Комисијата за истрага на воздушни несреќи. Според првичните извештаи, причината можеби била технички дефект, а очевидци наводно слушнале необични звуци од моторот. Обвинителството нареди обдукција на телото на пилотот, објави Кроне. Фото: ВИ илустрацијаТагови: авион австрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter