Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
1Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
Шоу бизАдел го објави новиот албум – „се запалија“ социјалните мрежи Денеска е објавен новиот албум на Адел наречен 30 кој обожавателите го чекаа со години.Твитер е полн со реакции на фановите на пејачката за албумот и не кријат колку се воодушевени од песните. "На првото слушање ова е најдобриот албум на Адел. Тоа е јасно. Оваа жена се натпреварува со себе", "Денес е нејзиниот ден. Тоа е сè", "Не сум сигурен дали има поискрен, суров, проѕирен и мачен албум од овој." Ако ви требам, денес сум во фетална положба под прекривката и плачам. Фала. Адел "," Адел е луда. '30 вредеше да се чека "," Ќе ги потрошам следните неколку часа во плачење поради новиот албум на Адел“, се само дел од коментарите. I’m going to spend the next few hours crying because Adele’s new album dropped. — Jade Cavill. (@NOTJadeT) November 19, 2021 Песната My Little Love содржи делови од нејзиниот разговор со нејзиниот син Ангел додека таа се обидувала да го објасни разводот од неговиот татко. Таа песна трогнала многумина. Not sure if there’s any album more honest, raw, transparent or gut wrenching as #Adele30 … if you need me today, I’ll be under my covers crying in the fetal position … thank you @Adele pic.twitter.com/oEgVtMxXbd — Karam Hanna (@krmb20) November 19, 2021 Adele is insane. #Adele was worth the wait. — amber (@reinerskulti) November 19, 2021 A resumen of 30 so far : Crying with @la_gujo till 2 am Calling my mom at 3 am after listening to the track “ MY LITTLE LOVE “ to tell her how much I love her and then we both crying for another hour Sleeping at 5 and waking up at 8:30 just to get out and walk with #adele . 💔🍷 — its amin (@a_ikxx) November 19, 2021 „Јас не сум ни мајка, но песната Моја мала љубов ми го скрши срцето“, „Се јавив на мајка ми во три часот наутро откако ја слушав песната да и кажам дека ја сакам и тогаш двајцата плачевме. „Таа песна ме расплака“, Адел ме расплака“, никогаш нема да можам да ја слушам My Little Love без да плачам. Тоа веќе го знам. Ти благодарам Адел“, пишуваат обожавателите. I will never be able to listen to My Little Love without crying. I already know it. Thanks a lot, @Adele . #Adele30 — Lizette 🤓 (@lizalicea05) November 19, 2021 Why yes, I will listen to the new Adele album all day. — Bad Thought Enthusiast. (@bad_enthusiast) November 19, 2021 Некои од 12-те песни на албумот се Easy on Me, My Little Love, I Drink Wine, Oh My God, Hold On, To Be Loved ... Албумот 30 веќе заработи многу позитивни критики и се очекува да биде одличен маркетинг успех. Пејачката изјави дека албумот, без разлика како ќе помине кај публиката, ќе и биде еден од омилените. Во песната Love in The Dark таа пее за тоа како „сака да живее, а не само да преживее“. "Токму така се чувствував. И дури кога сфатив дека дури и моите најблиски пријатели не знаат дека сум всушност несреќна, се прашував зошто ја кријам мојата тага", рече таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болницаПо 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО.Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити. Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на една и пол година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница. Да потсетиме, болниците кои биле набавени и поставени како стоки, кои во ниту еден случај не можат да бидат користени како објекти за здравствена дејност, биле направени според техничка спецификација на лице поставено од Венко Филипче. Зошто повторно го споменуваме ова? Затоа што повеќето директори на болници низ целата Македонија се противеле на поставување на модуларни болници, бидејќи немало приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци, да ангажираат фирми итн. Во овој дел, Светска банка барала да види одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастар, со цел за да се покаже одржливост на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, бидејќи не е запазена процедурата и одредбите од Законот за градење. Катастарот одбивал да врши упис на истите, бидејќи се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, за да се запишат, а Катастарот врши упис само на недвижности. Економскиот директор на тетовската болница, каде што се случи пожарот, до последен момент се противел на поставување на модуларните болници, бидејќи не се опремени за да се издава здравствена и медицинска нега ниту пак биле во рамките на законските прописи. Сепак, со одлука на Министерството за здравство и тогашниот министер Венко Филипче, модуларните болници се пуштаат во употреба. Клучен факт е дека во моментот на критичниот настан, модуларната болница во Тетово нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство. Болницата изгорела за неполни две минути, за што има и снимки, листа на документи и докази кои Јавното обвинителство ги криеше. Бараме одговори од Абази, зошто ОЈО ГОКК го заштити Филипче? Зошто обвинетите, поранешни директори на тетовската болница рекоа дека вистинскиот виновник треба да седи до нив на обвинителната клупа, а тоа е Венко Филипче? Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозјеИзјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат. За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што нудат понижувачки откупни цени на грозјето. Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето. Затоа бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог Закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм. Понатаму да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов да ја платат веднаш целата количина на грозје која што ќе ја откупат. Трето да се донесе интервентна мерка затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено целото. Црното грозје коешто ќе им остане на лозарите да биде откупено од страна на државата. И ова е најмалку што заслужуваат нашите лозари ова е најмалку што заслужуваат овие луѓе кои што од сабајле до вечер на ова јако сонце работат да ги прехранат своите семејства луѓето кои што ги извадиле последните заштедени пари во текот на минатата година да купат ѓубриво, да ги платат работниците, да платат гориво, да платат вода, со цел оваа година да има соодветен род. Ова е најмалку што оваа ненародна предавничка власт на Христијан Мицкоски може да направи за овие луѓе. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНормализиран сообраќајот на Граничниот премин ТабановцеМинистерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце. Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05