3Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
2Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
1Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
МакедонијаСудење за „Пулс“: Обвинителството го оспори ангажманот на вештакот Русески кој бил обвинет за лажен исказ во друг случајОбвинителството го оспорува ангажманот на вештакот Петре Русески кој по барање на одбраната го работеше градежното вештачење за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. На денешното рочиште за пожарот во судницата во Идризово, обвинителката Наташа Сарамандова рече дека вештакот Русевски бил обвинет за лажен исказ во друг случај, па го повика Русевски самиот во судницата да одговори дали треба да биде изземен во ова вештачење. -Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице во постапката прави проверки – Дали против него се води постапка или било осудувано тоа лице. Па очекуваме тоа да го прават и другите странки во постапката. Бидејќи е обвинет за лажно вештачење, Русески самиот да каже дали треба да биде изземен од случајот. – Обвинителство. Русевски во судницата потврди дека против него и уште неколку вештаци се води друг случај за лажно вештачење, но рече оти смета дека тој не треба да биде изземен од овој случај. -Да, така е. Сите работиме по закон. Инаку 11 вештаци се обвинети за лажен исказ, врз основа на изјава на еден вештак. И тоа е обвинение што две години нема рочиште. Не сметам дека треба да бидам изземен.- Градежен вештак Петре Русевски. На овие обвинувања на обвинителството реагираше и одбраната – велат дека обвинителите го малтертираат и навредуваат вештакот, бидејќи всушност немаат релевантни прашања за него. Русевски денеска одговарајќи на прашања, меѓу другото, рече и дека материјалите во дискотеката не придонеле за побрзо ширење на пламените јазици, како и дека не може да се согласи дека била направена градежна реконструкција во дискотеката, во периодот кога таа се реновирала. Судењето за пожарот во дискотеката Пулс во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени со изведување на докази на одбраната, ќе продолжи на 21 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ФудбалДејвид Бекам – кандидат за претседател на ФИФА?Светската фудбалска ѕвезда, косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам би можел да биде кандидат за прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА).Актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино се кандидира за четврти мандат на чело на куќата на фудбалот. Сепак, по неодамнешниот состанок на Советот на ФИФА, УЕФА и Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) сè повеќе бараат кандидат кој би презел иницијатива. Додека европските федерации бараат личност со меѓународен углед и влијание, во јавноста веќе се споменуваат неколку звучни имиња. Еден детал особено привлекува внимание: поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам би можел ненадејно да стане клучен фактор, пишува „Скај Спорт“. Состанокот на Советот на ФИФА заврши незадоволително за противниците на Инфантино. Првиот човек на светската фудбалска куќа не понуди одговори на клучните прашања, но сепак, од целата ситуација повторно излезе како победник. Потребен е силен противкандидат, повеќе од кога било, за да се спречи неговиот реизбор. Благодарение на неговото карактеристично маневрирање, претседателот на ФИФА уште еднаш се извлече од тешка ситуација. Тој се соочи со своите најжестоки критичари за првпат по контроверзниот план за продажба на телевизиските права за Светското првенство. УЕФА подготви цел пакет чувствителни и критички прашања, но не доби одговори – освен извинување од швајцарскиот функционер, кој призна дека имало пропусти во комуникацијата, додека истовремено продолжува да ја зацврстува својата моќ на врвот. Следната година, Инфантино планира да ја одбрани својата позиција и да освои четврти мандат. УЕФА и нејзините сојузници од КОНКАКАФ се решени да го спречат тоа. Сепак, на рака му оди фактот што, освен притисокот од Европејците, во моментов нема никој друг што сериозно би можел да го загрози. Вистинска алтернатива сè уште нема на повидок, а крајниот рок за поднесување кандидатури истекува на 18 ноември. „Нашата намера, се разбира, е на чело на ФИФА да видиме некој друг“, изјави претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, по состанокот во Цирих. „Тоа подразбира и предлагање противкандидат кој би донел толку потребен нов импулс.“ Во интервју за RTL и Sky Sport, Нојендорф остро ги критикуваше низата еднострани одлуки донесени од Инфантино, вклучително и неодамнешното воведување на таканаречената „Награда за мир“. Од УЕФА, пак, по кризниот состанок во Берлин, порачаа: „На светскиот фудбал му е потребно ново раководство – почитувана личност која обединува, доаѓа од фудбалската заедница и поседува визија, лидерски способности, умешност за градење доверба меѓу конфедерациите, како и бескомпромисен став кога станува збор за реформите, интегритетот и независноста“. По овие пораки, во фудбалските кругови сè почесто се спомнува зборот „харизма“. Но, кој поседува доволно од неа за, всушност, да го засени Инфантино? Неколку очигледни опции веќе отпаднаа: претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја отфрли можноста за кандидатура, а Насер Ал-Келаифи од Катар, исто така, не е во игра. Според медиумските извештаи, кандидатурата ја одбил и Виктор Монтаљани, челник на конфедерацијата за Северна и Централна Америка и Карибите, кој сака да остане на својата сегашна функција. Во британските медиуми одеднаш се појави името на Арсен Венгер. Поранешниот менаџер на Арсенал, кој од 2019 година тесно соработува со Инфантино како директор во ФИФА, наводно бил предложен од неколку европски челници. Сепак, неговата кандидатура е крајно дискутабилна – Венгер добро ја познава моќта на Инфантино и е дел од неговиот најтесен круг, па затоа е прашање колку би бил веродостоен како симбол на „нов почеток“. Медиуми како „Гардијан“ наведуваат дека предлозите како Венгер или Мишел Канг (милијардерка и инвеститорка во женскиот фудбал) веќе се одбиени. Исто така, се поставува прашањето од кој континент би требало да доаѓа кандидатот. Сè на сè, Европа останува единствениот континент со доволно влијание за да понуди противкандидат. Земајќи ги предвид утврдените критериуми, изборот природно се сведува на човек кој досега не бил официјално спомнуван: Дејвид Бекам. Поранешниот англиски репрезентативец ја поседува глобалната препознатливост и репутација неопходни за оваа улога. Како некогашна ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но и како основач на Интер Мајами, Бекам ужива огромен углед ширум светот. Тој е исто така високо ценет во Азија, каде што од 2013 година делува како амбасадор на кинескиот фудбал. Покрај тоа, Бекам јавно ја критикуваше ФИФА уште во 2015 година, нарекувајќи ги тогашните корупциски скандали „одвратни“. Како милијардер, тој нема потреба да ја користи функцијата за лично богатење, а располага и со доволно сопствени ресурси за финансирање на изборната кампања. Тој е фудбалска легенда, успешен бизнисмен и исклучително добро поврзан на сите нивоа. Во фудбалските кулоари веќе се зборува дека Сер Дејвид Бекам – доколку добие официјална покана од европските федерации – би бил подготвен да го прифати предизвикот и да влезе во трката за челната позиција во светскиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКако Македонија да се приспособи на новите начини на војување?Како Македонија да ги приспособи своите одбранбени и безбедносни институции на новите начини на војување и кои технологии треба да ги воведе за да одговори на современите закани? Во време кога конфликтите во светот го менуваат начинот на водење војни, експертите предупредуваат дека набавката на современа технологија и употребата на вештачка интелигенција сами по себе не се гаранција за поголема безбедност. Потребни се институционални промени, стратегија и навремено приспособување на новите предизвици. „На нас професионалците ни останува да видиме како, преку конфликтите што се случуваат, институциите на државата и оние што се поврзани со одбраната и безбедноста подобро да ги разберат промените и да дојдат до соодветен заклучок што треба институционално да се промени и која технологија да се воведе. Бидејќи внесувањето технологија не значи само по себе дека ќе бидеме многу подобри.“ изјави – Зоран Иванов, Професор. Според началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Сашко Лафчиски, технолошкиот развој може да предизвика револуционерни промени на бојното поле, но човечкиот фактор и понатаму останува клучен. „Ако имате развивање на импресивна технологија во одреден период, тогаш повеќе од извесно е дека ќе имате и револуција на воените полиња. И секогаш кога имате револуција на воените полиња, поттикната од технологијата, тогаш дефинитивно ќе имаме еволуција. Бидејќи технологијата сама не може да менаџира сè што нам ни е потребно за да имаме успех на бојните полиња.“ изјави – генерал-потполковник Сашко Лафчиски. Овие прашања беа во фокусот на панел-дискусијата организирана од Институтот за национална историја во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“. Целта е преку размена на искуства меѓу воени претставници, дипломати и истражувачи да се согледаат новите закани и предизвиците пред Македонија и колективната одбрана на НАТО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегијаСо денови, па дури и со недели, дел од пациентите со ретки болести чекаат пристап до неопходната терапија..Сметаат дека е потребна и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти. Претседателката на здружението „Живот со предизвици“, освен проблемите со редовната терапија, како проблем ја гледа и недоволната институционална поддршка за пациентите. „Една од работите што секогаш не измачува и што веќе со години не се решава од кога е отворена програмата за ретки болести покрај тендерските постапки се набавките и нарачките на терапија.Една мала грешка прави одложување од една до две до три недели и затоа бараме тие нарачки и набавки да се прават порано“ – Весна Алексовска, претседателка на „Живот со предизвици“. За лицата со мускулна дистрофија секое доцнење на терапијата значи изгубена шанса за подобрување на нивната здравствена состојба. Ване Петридов, претседател на „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, и родител на 23 момче со ваква дијагноза, бара од надлежните системски решенија за навремен пристап до терапија, но и подобра координација меѓу лекарите кои се грижат за овие пациенти. „ За лицата со мускулна дистрофија времето е од исклучителна важност бидејќи секое изгубено време значи изгубена можност и шанса тие деца да добијат лек и терапија која ветува многу и ја подобрува болеста.05:13 / Долго време апелираме до надлежните немаме соодветен мултидисциплинарен пристап бидејќи лицата со мускулна дистрофија покрај дијагнозата захтеваат пратење од доста доктори“-– Ване Петридов, „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“. Пациентите со ретки болести не бараат привилегии, туку остварување на основните права на здравствена заштита и поголема предвидливост во обезбедувањето на терапиите, потенцираше и Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија. „ Ние сме секојдневието ние ја живееме ретката болест.Не сме некој што бараме нешто однадвор или нешто што е луксуз, ние ги бараме само правата за здравствена заштита, за права на пациенти и она што следува во склоп на тоа“-- Наташа Анѓелеска, претседателка на Националната алијанса за ретки болести на Македонија. Според податоците на здружението „Мускулна дистрофија асоцијација Македонија“, во него членуваат 26 деца со своите семејства. Најмладиот неодамна дијагностициран пациент е шестмесечно бебе, а највозрасниот меѓу членовите има 23 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16