88- годишен Босанец стана светска сензација: Јас сум најстариот падобранец во Европа (ВИДЕО)

Ибрахим Калесиќ од Тузла е жив доказ дека годините се само бројка.

На 88 години тој се уште скока со падобран, а целта му е да продолжи со тоа уште десет години.

„Се чувствувам одлично, ментално сум одморен и уживам во одлично друштво“, изјавил Калесиќ за време на Parachuting Challenge во Бихаќ, каде што скокнал од авион по 1487-ми пат. Тој вели дека најголема желба му е да добие свој падобран: „Јас сум пензионер без можност да купам падобран и би сакал да го имам за да можам да ги тренирам моите ученици кои потоа би ме замениле на натпреварите во скокови.“

Најстариот активен падобранец во Европа се занимава со овој екстремен спорт веќе 70 години, а во 1963 година станал југословенски рекордер скокајќи од височина од 5.500 метри. Вториот рекорд во кариерата во скокање со падобран го соборил кога заедно со уште пет колеги скокнал на мета висока само половина метар.

Калесиќ, кој вежба по 15 минути секој ден, својата добра форма ја припишува на добрата исхрана и чистата совест: „Падобранството е екстремен спорт и бара концентрација. За да бидеш добро концентриран, мора добро да спиеш, а за да спиеш добро , мора да имате јасна свест дека никој не сте навредиле или повредиле, а потоа можете да спиете без кошмари и да можете да скокате“.

Овој витален пензионер неодамна започнал со параглајдерство, а не планира наскоро да се откаже од екстремните спортови: „Сакам да го продолжам ова уште 10 години за да влезам во Гинисовата книга на рекорди како падобранец од Босна и Херцеговина. "

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер