3Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ
Македонија45- годишник е уапсен за убиството на Наташа Соврановски, чие тело е најдено во ГерманијаТелото на мртвата 25- годишна девојка е пронајдено во шума во близина на местото каде што живеела. 45-годишен маж е во притвор бидејќи се вели дека ја убил девојката од Бад Теинах-Завелштајн (област Калв), пренесе Франкфуртер Алгемајне Цајтунг. Девојката која била исчезната од почетокот на септември, во понеделникот била пронајдена мртва во шума во близина на нејзиниот дом, соопштија полицијата и јавното обвинителство. Осомничениот лично ја познавал жената, но не биле дадени дополнителни информации за врската. На барање на јавниот обвинител, судијата на окружниот суд во Тибинген издаде налог за апсење поради сомневање за убиство од небрежност, објавија истражителите. Полицијата формира специјална комисија наречена „Хирш“ за случајот. Заднината на злосторството и можните мотиви ќе продолжи да се истражува, се вели во соопштението. Од сите кои биле сведоци е побарано да контактираат со полицијата. Инаку се работи за Наташа Соврановски, која исчезна на 2 септември во местото Бад Теинах-Завелштајн, а телото е најдено во шума во близина на местото каде што живеела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Македонија„Ден на спортот“ во Охрид: „Прличевци“ најдобри во „Zero Waste“Над 700 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ во Охрид. Плазма Спортските игри за млади и езерскиот град се покажаа како совршена комбинација. Токму од градот на УНЕСКО беше испратена порака преку „Zero Waste“ – „Биди дел од играта – да ја заштитиме нашата планета“. Ова е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca-Cola, кој креативно ги едуцира младите преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применуваат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронаоѓаат причини и решенија за предизвиците поврзани со одржливиот развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за селекција на отпадот на полигонот СИМ. Со оваа кампања, Coca-Cola има цел да придонесе за позитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во рамки на повеќегодишниот проект „Свет без отпад“. По интерактивната едукација, децата и младите се натпреваруваат на едукативен полигон, а за најдобрите се обезбедени награди. Победници во третото издание на „Zero Waste“ се „Прличевци“, кои одлично го поминаа полигонот, каде што сите натпреварувачи имаа поддршка и од маскотата Виктор. „Симовци“ се натпреваруваа во Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна, покажаа уникатни вештини и натпреварувачки дух. Атмосферата беше неверојатна, фер-плеј играта и пријателствата беа во прв план. Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар и Пелистер, а денес тренер во младинските категории на ГФК Охрид Лихнидос, заедно со македонскиот боксерски репрезентативец Наум Стојаноски и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона со својот тим го освои ЕХФ Европскиот куп, го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на Плазма Спортските игри за млади во Охрид. Претседателката на Плазма Спортските игри за Македонија, Елена Мицковска, ја потенцира важноста на Охрид како град за развој на спортот. Таа му ја честиташе шампионската титула на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот куп, како и успешно реализираното јубилејно десетто издание на „Охрид трчаТ“. „Драги деца, вашите насмевки се најдобар доказ дека ова што го правиме е вистинската работа и дека го правиме најдоброто за вас. Почитувани претставници на градот Охрид, почитувани колеги и колешки, драги деца, дозволете ми најнапред да им ја честитам титулата на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот куп. Навистина нè направија горди, не само вас, охриѓани, туку и сите нас, цела Македонија. Честитки и за успешно организираниот настан „Охрид трчаТ“, јубилејно десетто издание, како и до градот Охрид и општината, кои уште еднаш покажаа дека вложуваат во спортот, го поддржуваат и се одлични домаќини и организатори. Сакам да упатам искрена благодарност до Министерството за спорт, до премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, како и до нашите партнери и спонзори – Пивара, Плазма, Шпаркасе банка и Шпаркасе Лизинг. Заедно успеавме да ги донесеме овие игри во Македонија, со една заедничка цел, сите вие да имате еднаква можност да учествувате и да се натпреварувате, без разлика дали активно се занимавате со спорт или не. Тука сме да поттикнеме фер-плеј, толеранција и дружење, нека победат најдобрите. Победниците од Државното првенство, односно 200 ученици, ќе имаат можност да учествуваат на големото меѓународно финале во Сплит, од 17 до 22 август. Уживајте, натпреварувајте се, дружете се и понесете убави спомени со себе. Охрид е еден од најубавите градови и верувам дека ќе го паметите по прекрасни моменти. Ви посакувам убав и навистина спортски ден“, истакна Елена Мицковска. Секогаш е убаво кога зад големите спортски настани стојат вистински пријатели, а токму едни од нив се Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг. „Веруваме во спортот, во спортските активности и во создавањето здрави животни навики. Создаваме можности младите да растат, да се развиваат и да го достигнат својот целосен потенцијал. Вие, младите, сте нашата иднина. Веруваме во вашата енергија, во вашите соништа и во вашата сила да создадете подобро утре. Спортот ве учи на вредности кои се темел за успех во животот: тимски дух, дисциплина, упорност, фер-плеј и меѓусебна почит. Денес е ден за дружење, за насмевки и за нови спомени. Ви посакувам прекрасни моменти, убави пријателства, фер натпревари – и нека победи спортскиот дух“, порача директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска. На младите „симовци“ им се обрати и претседателот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој не го криеше своето задоволство што токму Охрид е еден од домаќините на „Денот на спортот“. „Денот на спортот“ утре продолжува во Тетово. Претходно се одржа во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од ОхридГруевски за Унгарија не избегал од дома, туку од Охрид, поточно од хотелот „Ројал вју“ лоциран на самиот брег на Охридското Езеро околу 02.40 часот по полноќ, на 10-ти ноември 2018 година. Ова го открива познатиот спортист и екс менаџер во хотелот Александар Маленко кој во гостување во поткастот „На кавга со Иван“ вели дека тој самиот ја отворил гаражата за да излезе Груевски со „пасатот“ кој го управувал шофер а во колата биле и луѓе од неговото лично обезбедување. Според тврдењата на Маленко, неговото семејство останало и го продолжило престојот во хотелот. -Се враќаше со забрзан од, му велам каде Г-дине Премиер, тој ми вели малце да поработам, имам нешто работа. Тоа беше 9-ти на 10 ти ноември, и во еден момент, во 02.40 се отвори гаражата. Тоа е на 10-ти утрината. 02:37 или 2.40. Може ли гаражата да се отвори ако хотелот не ја отвори? Јас ја отворив. Кој ти кажа да ја отвориш? Неговото опкружување (обезбедување) како гости на хотелот побараа дека сакаат да излезат и излегоа.- Александар Маленко („На кавга со Иван“). Според Маленко, во хотелот Груевски дошол со семејството и придружба, три дена претходно со две возила, лично обезбеднување, но и возило со службеници од шеста управа при МВР. Од седми ноќта, по протокол пред да пристигне бил најавен престојот на ВИП гостинот, без да се сподели за кого станува збор како што предвидуваат безбедносните правила за високи функционери. -Седми ноември, ова е период од 8-ми до 10 навечер. Груевски доаѓа на 7-ми навечер, кон 8-ми во хотелот. После полноќ, бидејќи беа најавени во 23.00 ама пристигнаа после дванаесет. Најавени биле? Значи не бил сам? Како сам, беа два автомобила, од кои едниот беше на МВР, му следуваше нели обезбедување и следење, нели шестаа управа. И неговиот приватен автомобил со шофер и обезбедување. Беше со сопругата и неговите ќеркички. Јас ги пречекав во гаража, беше се подготвено бидејќи беше најавено од МВР.,-Александар Маленко („На кавга со Иван“). Груевски избега во Будмипштешта под неразјаснети околности, со образложение дека ќе му била загрозена безбедноста во затвор... иако формално беше отворена истрага, нкој не сносеше одговорност за бегството, а единствените официјални информации беа од земјите од соседството кои објаснија дека поминал преку Албанија, Црна Гора, Србија со привремена дозвола од Унгарија. Во последните неколку месеци по политичките промени во Унгарија повторно се актуализираше можноста за негова екстрадиција, но во меѓувреме беше објавено дека тој поседува и држајанство на Унгарија од 2022 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Рецепти„Гответе со Дракче“ - МакарониВо пoнеделник (01.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Томас ДимитровскиСостојки за денешниот рецепт: 1 пакување ситни макарони 100 - 150 гр. растителен кашкавал 200 гр. кисела павлака 1 - 2 лажици сенф 1 лажица мед 1 главица кромид 100 гр. брокула половина зелка 1 морков 100 гр. суви сливи масло и балсамико по потреба сол и и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook