Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании
1Димовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании
МакедонијаСпасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институцииРеформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и континуиран развој на административните капацитети.Со донесувањето на Законот за високи раководители, за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции во државната администрација. Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, ограничувањето на вршителите на должност на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори, придонесуваат за поголема одговорност, стабилност, поефикасно користење на јавните средства. Во изминатиот период е воспоставена и Академија за јавна администрација, која ќе биде носител на обуките и професионалниот развој на административните службеници, а со модернизација на Центарот за обука, реализирани се обуки за повеќе од 1.000 службеници и воспоставен е современ електронски систем за учење. Истовремено, се унапредуваат Информациониот систем за управување со човечки ресурси, инспекцискиот систем, процесите за управување со квалитет, како и транспарентноста и учеството на јавноста преку Партнерството за отворена власт. Паралелно се унапредени и процесот на проценка на влијанието на регулативата преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија. Почитувани, Овие резултати се доказ дека реформите не се декларативни, туку носат конкретни промени кои создаваат поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата. Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимовски во работна посета на ТИРЗ Штип: остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компанииДиректорот Гоце Димовски денес оствари посета на ТИРЗ Штип, при што беа реализирани работни средби со менаџментот на компаниите Адиент, Кондево и Техникал Текстајлс. За време на посетата беа разгледани тековните активности на компаниите, нивните развојни планови, како и можностите за понатамошно унапредување на деловното опкружување и условите за работа во рамки на зоната. Во разговорите беше потенцирана важноста од континуираната комуникација помеѓу институциите и инвеститорите, со цел навремено адресирање на сите предизвици и создавање услови за нови инвестиции, технолошки развој и отворање нови работни места. Директорот Димовски ја истакна посветеноста на Владата кон обезбедување стабилна и предвидлива деловна средина, нагласувајќи дека директната комуникација со компаниите претставува клучен елемент во креирањето политики кои ќе придонесат за натамошен економски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Тој посочи дека покрај привлекувањето нови инвеститори, Дирекцијата останува целосно посветена на поддршката на постојните компании, преку навремено препознавање и надминување на предизвиците со кои се соочуваат. Од страна на менаџментот на компаниите беа презентирани тековните активности, остварените резултати и плановите за понатамошен развој и инвестиции. Воедно, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, како и подготвеност истата да продолжи и дополнително да се интензивира во наредниот период. Во рамки на посетата беше реализирана и обиколка на производствените капацитети на компаниите. Посетата претставува дел од континуираните активности на Дирекцијата за ТИРЗ насочени кон одржување редовна комуникација со инвеститорите, унапредување на деловната клима и создавање поволни услови за понатамошен развој, нови инвестиции и отворање квалитетни работни места. Дирекција за ТИРЗКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Уште еден град – ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжуваат да ја трујат МакедонијаИ водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје.Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност. Дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника? Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. Го приватизираа правосудството. Го отруја народот со приказната за „предавници“ и „патриоти“. Го поделија народот. Сега го трујат и со вода. Додека тие се занимаваат со базени, билборди и нови министри, граѓаните добиваат вода што не смеат да ја пијат. Уште колку градови треба да бидат затруени за министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност? Ќе покрене ли Савевски кривична постапка против одговорните, наместо да ги крие резултатите од анализите на водата, или чека повик од Мицкоски? Кој град е следен?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУНЕСКО му даде уште една шанса на охридскиот регион: Пет години за исполнување на препоракитеМакедонија и Албанија заеднички ќе работат на спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација за да ги исполнат превземените обврски кои ќе го зачуваат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство .Македонија и Албанија заеднички ќе работат на спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација за да ги исполнат превземените обврски кои ќе го зачуваат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство – вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Ова следи откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи да не го впише Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност и да им даде на властите рок до први февруари 2031та година да ги спроведат дадените препораките за заштита. -Ние како Влада ќе работиме, затоа јас ги споменав сите институции кои што беа вклучени и локалната самоуправа која што беше вклучена, ќе работиме ангажирано на сите забелешки кои што постојат, но ќе напоменам – статусот на Унеско треба да оди во еден паралелизам со развојот – туристичкиот, економскиот и социјалниот на целиот тој регион. Не треба затоа што има статус Унеско да уназадува целиот тој регион и за тоа има кредибилно разбирање и во Париз и помеѓу земјите членки на Комитетот,- вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Охридскиот градоначалник – Кирил Пецаков, посочува дека овој петгодишен период остава повеќе простор за адресирање на забелешките на УНЕСКО и најави уривање на дивоградби. -Имаме пет години пред нас, посебно за она што претставува документација, односно закони, правилници, прогласување на национални паркови, споменици на природата, тоа е нешто на кое треба да поработиме, иако е во тек. Ќе остане она што е Менаџмент план за управување со Охридското крајбрежје и тоа е еден документ кој што е многу значаен. // Оние (дивоградби) кои што ќе бидат нотирани како сериозен проблем, односно нешто за кое што треба да постапиме, тука сме во корелација со државата и ќе има одредени поместувања по однос на тоа,- – Кирил Пецаков. Охридскиот регион го чека Реактивна мониторинг мисија во 2029та која тековно ќе утврди што е превземено во тој мегупериод, пред се во делот на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, како и еутрофикација на езерото. Иако од 2019та година досега три пати овој регион беше на чекор да стане светско наследство во опасност, според извештајот на Комитетот, Македонија превзела конкретни чекори за подобрување на системот за управување со Охридскиот регион како и подобрување на законската регулатива за контролирано просторно и урбанистичко планирање со фокус на Старото градско јадро и крајбрежната зона. Тагови: охрид УНЕСКО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00