18- годишник испробувал како стартува Тесла, па ги „покосил“ паркираните луксузни возила(ВИДЕО)

Иако електричните автомобили се скапи, факт е дека сега повеќе луѓе можат да доживеат неверојатно забрзување.

Доживувањето на забрзување до 100 km/h за околу 2 секунди звучеше незамисливо не така одамна, а сега можете да го доживеете по цена на солиден суперспортски автомобил. Најдобар пример е моделот S на Tesla во Plaid верзија, чии три погонски електромотори го овозможуваат токму тоа – неверојатно забрзување.

И сѐ е во ред додека не се притисне гасот до крај на јавен пат. Особено ако зад воланот има неискусен возач. Сега на сè додајте малку младешки адреналин и паркинг како полигон - катастрофата е неизбежна, објави Јутарњи.

@thacarcommunityy Since when is buying cars like Tesla plaids or hellcats A Good first car for a 18 year old that’s never had a fast car smh {Send this to someone who needs to see this } *Follow us for more 👆🏾👆🏾👆🏾👆🏾 • • • #loudcars #V8 #fyp #Dodgechallenger #Zl1Camaro #Camaross #Hemi #Mustang #Mustang5.0 #Americanmuscle #Corvvete #Streetrace #Burnouts #Carcrash #scatpack #Hellcat #Chevy #ford #horsepower #5.0 #zo6 #Musclecars #Singlecab #Trucks #ss #Race #fights #Camaro #burnout #thacarcommunity ♬ original sound - Cars
Зад воланот е 18-годишен возач кој решил да го тестира забрзувањето на Tesla на тесната површина на паркингот. На видеото јасно се гледа брзото забрзување, а потоа и активирањето на сопирачките. Следното видео покажува дека возачот ги преценил своите можности, како и сопирачките, а автомобилот на Тесла покосил неколку автомобили кога запирал.

Огромна е штетата, како на Теслата, која остана без предниот дел, така и на паркираните автомобили,меѓу кои и Mercedes-AMG GLC 43 и Volvo XC60. Единствената добра вест е што нема жртви во оваа неодговорна авантура.

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер