Зиков: Доколку ЈО кај Ковеши резултира со истраги во Унгарија, може да има проблем и со Балканските влад - Канал 5

Зиков: Доколку ЈО кај Ковеши резултира со истраги во Унгарија, може да има проблем и со Балканските влад

„Значи не беше порака во смисла што ќе им прави, но повеќе им порача да си најдат „чаре“ и да си заминат“

Зиков: Доколку ЈО кај Ковеши резултира со истраги во Унгарија, може да има проблем и со Балканските влад

Со внимание ја следев конференцијата на Петер Маѓар, тој дури го повика и Претседателот на Унгарија да си замине, дека имаат и две третини па ако сакаат можат и да го сменат и на друг начин, но човечки е сам да се повлече. Истото ако не се лажам беше порачано и до Претседателот на Уставниот суд, па во тој контекст им порача и на сите бегалци во Унгарија вклучувајќи го и нашиот дека фактички тоа беше порака -да не купуваат мебел. Значи не беше порака во смисла што ќе им прави, но повеќе им порача да си најдат „чаре“ и да си заминат.

За мене круцијално наредните неколку месеци е дека доколку Петер Маѓар ги отвори овие работи и пристапот до ЈО кај Ковеши резултира со истраги во Унгарија, овде може да има проблем и со Балканските влади, а тоа е што работеле тие со Орбан во годините додека тој бил на власт, вели Љупчо Зиков во Само Вистина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силната поддршка за македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ.

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силната поддршка за македонскиот фудбал

Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар Чеферин дополнително ја нагласува поддршката за развојните процеси во македонскиот фудбал.

Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.

Во рамки на посетата, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ќе оствари средба на највисоко ниво со претставници на Владата на Република Македонија, со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, по што следува и работен состанок во „Куќа на фудбалот“.

Фокусот на разговорите е ставен на идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија, од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителен развој и поддршка на младинските категории.

Александар Чеферин важи за голем пријател на македонскиот фудбал, а неговата посета е јасна потврда за заложбите на ФФМ и претседателот Омерагиќ во континуираниот развој и афирмација на фудбалот во земјата.

Дополнително, посетата се очекува да придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ограбувањето на Донарума организирано од затвор: Се појавија шокантни детали, еден од крадците извршил самоубиство!

Грабежот на италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума од јули 2023 година доби нов, драматичен епилог. Разбојниците од станот на Донарума украле луксузни часовници, чанти и накит во вредност од околу 500.000 евра.

Ограбувањето на Донарума организирано од затвор: Се појавија шокантни детали, еден од крадците извршил самоубиство!

Според француските медиуми, целата акција била организирана од затвор, а како главен организатор бил идентификуван 21-годишниот Илијас Хербу, познат по прекарот Ганито.

Париското обвинителство побарало покренување постапка против Хербу, кој во меѓувреме избегал од затворот во Вилпент, каде што ја издржувал казната.

Инаку, грабежот се случил на ноќта помеѓу 20 и 21 јули 2023 година, кога група маскирани напаѓачи провалиле во станот на Донарум во елитен дел од Париз. Крадците влегле во зградата преку покривот, откако ја скршиле вратата од соседната зграда.

Тогашниот голман на ПСЖ бил нападнат додека спиел - бил брутално претепан, врзан и заплашуван со нож, при што се здобил со повреди на главата. Неговата свршеница била исто така подложена на насилство: напаѓачите ја претепале, ја влечеле за коса и ѝ се заканувале со ладно оружје, по што ја врзале со кабел.

Крадците од станот украле луксузни часовници, чанти и накит во вредност од околу 500.000 евра. Интересно е што дијамантите не биле украдени, што дополнително ги поттикнало сомневањата на истражителите во методот на организација и упатствата што ги добиле напаѓачите.

Истрагата покажала дека Хербуа го координирал грабежот од затворска ќелија, следејќи ги настаните преку видео повици. Полицијата дошла до вознемирувачки видеа на кои се гледа екстремно насилство, вклучително и конфликти во самата криминална група.

Особено шокантно било откритието дека две лица биле принудени да учествуваат во грабежот, а потоа брутално казнети. Тие биле киднапирани и држени во подрум во Иври-сур-Сен, каде што биле мачени со часови, додека господарот сè гледал од далечина.

Еден од учесниците, кој подоцна изврши самоубиство во затвор, претходно сведочеше дека бил избоден повеќе пати од членови на групата. Неговото сведочење отвори нова насока на истрагата и доведе до идентификување на друг осомничен, опишан како еден од најбруталните напаѓачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тејлор Свифт бира венчаница инспирирана од легендарна холивудска актерка

Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт наводно ќе избере фустан инспириран од легендарната холивудска актерка Елизабет Тејлор за нејзината претстојна свадба со Тревис Келс. 

Тејлор Свифт бира венчаница инспирирана од легендарна холивудска актерка

Според странските медиуми, Свифт е особено привлечена од стилот што Тејлор го носеше на нејзината прва свадба во 1950 година, кога се омажи за Конрад Хилтон. Фустанот, препознатлив по класичниот крој, нагласениот струк и деталите од чипка, стана еден од најзначајните во историјата на модата.

Извори тврдат дека Тејлор развила посебен интерес за естетиката на старата холивудска ера додека работела на песна посветена на познатата актерка, која е вклучена во нејзиниот последен албум.

Венчавката, која веќе привлече големо внимание од јавноста, е закажана за 3 јули во Њујорк, а подготовките се во тек. Според достапните информации, поканите веќе се испратени до гостите.

YouTube video

Меѓу гостите и членовите на потесниот круг се голем број познати личности, меѓу кои Селена Гомез и Џиџи Хадид, кои наводно подготвуваат посебна содржина за церемонијата, вклучувајќи видео посветено на врската на двојката и забавна програма за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер