СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има
1СДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да има
3Петкова: Далновод Битола-Елбасан, гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосница
Шоу бизТејлор Свифт бира венчаница инспирирана од легендарна холивудска актеркаСветската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт наводно ќе избере фустан инспириран од легендарната холивудска актерка Елизабет Тејлор за нејзината претстојна свадба со Тревис Келс. Според странските медиуми, Свифт е особено привлечена од стилот што Тејлор го носеше на нејзината прва свадба во 1950 година, кога се омажи за Конрад Хилтон. Фустанот, препознатлив по класичниот крој, нагласениот струк и деталите од чипка, стана еден од најзначајните во историјата на модата. Извори тврдат дека Тејлор развила посебен интерес за естетиката на старата холивудска ера додека работела на песна посветена на познатата актерка, која е вклучена во нејзиниот последен албум. Венчавката, која веќе привлече големо внимание од јавноста, е закажана за 3 јули во Њујорк, а подготовките се во тек. Според достапните информации, поканите веќе се испратени до гостите. Меѓу гостите и членовите на потесниот круг се голем број познати личности, меѓу кои Селена Гомез и Џиџи Хадид, кои наводно подготвуваат посебна содржина за церемонијата, вклучувајќи видео посветено на врската на двојката и забавна програма за гостите.Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаСДСМ: Кризата во Скопје ескалира - Орце закасни со прскањето против комарци и одговорност мора да имаВо Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна.Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник - градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Наместо навремена превенција, навремена анализа и системска контрола на жариштата со комарците – градоначалникот и овој пат задоцни. Дури сега се сети дека треба да прска против комарци. Скопје е под опасада од заразни комарци - поради задоцнетите реакции на првиот човек на Градот. Среде лето, граѓаните во грч излегуваат надвор, стравувајќи дека може да бидат заразени. Орце Ѓорѓиевски затаи кога најмногу требаше да делува. Го немаше кога требаше навремено да се прска, пред вирусот да се прошири и пред граѓаните да почнат да заболуваат. Па што правеше? Да не случајно го исчисти Скопје од ѓубре? Да не случајно ги обезбеди ветените автобуси за Скопјани? Да не случано го среди Градски парк после невремето од пред еден месец? Не, ништо од ова не е средено. Се занимаваше со билбордот со коњ со пет нозе, и со дрон го следеше загадувањето на реките во Скопје. Кој ја плаќа цената? Цената ја плаќаат Скопјани со сопственото здравје и животи. Ова е истиот принцип на работа на целата власт на ВМРО: се доцни, се чека проблемот да прерасне во криза, па потоа се глуми дека се преземаа нешто. Орце Ѓорѓиевски не ги заштити Скопјани од комарците! А требаше и мораше. За тоа треба и мора да се одговара, кога би имало институции кои постапуваат по закон. Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДвајца турски државјани седум години тероризирале татко и син во Гостивар за злато и имотКривична пријава е поднесена против двајца турски државјани, кои со закани присилувале двајца гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета, соопштија утрово од МВР.Се работело за турски државјанин на возраст од 54 и 55 години, под сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно, им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност. Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткова: Далновод Битола-Елбасан, гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосницаМакедонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата. Нашата цел е Македонија да биде поврзана со сите свои соседи и да стане дел од регионалните енергетски текови. Со проектот за поврзување со Албанија, заедно со постојните врски со Бугарија, Србија, Косово и Грција, создаваме услови Македонија да биде целосно интегрирана во регионалниот електроенергетски систем. Во тој контекст, интерконективниот далновод Битола – Елбасан е важен дел од затворањето на енергетската празнина што со години постоеше на Коридорот 8 и создава можност за посигурен пренос на електричната енергија и поголема поврзаност на земјите од регионот. Истата политика ја водиме и во областа на природниот гас. Започна и веќе е во завршна фаза изградбата на гасниот интерконектор со Грција, инвестиција вредна околу 60 милиони евра, со почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, кој може да се зголеми до 3 милијарди. Овој проект е особено значаен затоа што е двонасочен и отвора пристап до нови извори на природен гас, со што се зголемува сигурноста и се создава поголема конкуренција на пазарот. Овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака, конечно стануваме значајна енергетска крстосница и дел од европската енергетска мрежа. Следниот чекор е поврзувањето со Србија. Со реализацијата на северниот интерконектор, Македонија ќе добие можност да стане транзитна земја за гасот што доаѓа од југ, од терминалот во Александрополис и од други извозни пазари, кон Централна Европа. Тоа е сериозна геостратешка можност за нашата држава, а на земјите од регионот ќе им обезбеди можност да го користат тој гас за производство на електрична енергија, што ќе ги движи идните центри за податоци, а вештачката интелигенција ќе ги користи тие центри за податоци. Македонија треба да биде меѓу земјите кои ќе ја препознаат оваа можност и навреме ќе создаде услови за такви инвестиции, да бидеме пионери и движечка сила во регионот. Но, ова не го гледаме само низ призма на енергетиката. Поврзаноста е услов за инвестиции, а големите инвеститори денес бараат сигурно снабдување со енергија, современа инфраструктура и можност своето производство да го пласираат на повеќе пазари, затоа ја градиме инфраструктурата денес, за економијата што сакаме да ја имаме утре. Други проекти кои ја позиционираат Македонија да биде раскрсница на Балканот се пуштањето на продуктоводот од солунското пристаниште со ОКТА, рестартирањето на гасоводот Велес-Штип, Гостивар-Кичево и отсечката која од Тетово ќе се насочи кон Косово. Нашата визија е Македонија да престане да биде на крајот од енергетските мрежи и да стане дел од нивниот центар, да имаме повеќе извори на енергија, повеќе можности за транзит и повеќе услови за инвестиции. Затоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работи Македонија да биде поврзана, енергетски сигурна и препознаена како важна енергетска и инфраструктурна крстосница во регионот. Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook