Ново судско рочиште за самоубиството во Тафталиџе – Стојанче Јовановски ќе сведочи в петок - Канал 5

Ново судско рочиште за самоубиството во Тафталиџе – Стојанче Јовановски ќе сведочи в петок

Нови, докази меѓу кои и вознемирувачки видео снимки беа презентирани во судницата против обвинетиот Стојанче Јовановски. 

Ново судско рочиште за самоубиството во Тафталиџе – Стојанче Јовановски ќе сведочи в петок

На една од видео снимките се гледа како тој и удира шлаканица на Ивана во близина на кривичниот суд, на само два часа пред трагедијата во која загинаа ивана и нејзината 6 годишна ќерка катја..По овој инцидентот, Ивана повикала полиција..Полициските службеници, кои пристигналче таму разговарале со присутните и си заминале,што се гледа и на снимката.

Според обвинителката, полицајците ѝ посочиле дека доколку повторно ги повика, може да се соочи со кривична пријава за лажно пријавување. На едно од претходните рочишта сведокот садвов кажа дека тогаш ивана пред полицијата само молчела од страв, адвокатката на семејството на Ивана, Неда Чаловска, бара строга казна за нивното однесување.

Обвинителството покажа снимки и од приватниот телефон на обвинетиот Јовановски направени на 10-02 годинава.. Стојанче ја снимал Ивана непосредно откако таа го пријавила на 112 за семејно насилство На видеото се гледа како ТАА стои во ходникот од семејниот стан, плаче и се брани со рацете и го моли да не ја удира повеќе.

-Не ме удирај веќе, зошто ме удираш? Дрогата ти го исуши паметот, Стојанче, се утепа од дрогирање, со дрога во гепек те фатија, глумиш дека не е твоја зашто не ти се оди во затвор,- -Ивана Јовановска.

На друг видеозапис се гледа дека Ивана стои во ходникот пред вратата, видно вознемирена и расплакана, а Стојанче цело време ја снима и се смее. На снимката Ивана ја поткрева блузата и пак ја спушта и му вели:

-Сега викна полиција и чекај си ја, да им кажеш што имаш направено, зашто ме истепа и ми викна полиција.По бубрези ме маваш зашто сам ми имаш кажано дека татко ти мавал по бубрези кога бил полицаец, за да не се познава. А по скали што ме бутна во болница пред сведоци, што сакаше да ме убиеш и што те пријавив? Колку пати ме имаш тепано? Во систем колку пријави има дека има семејно насилство од твоја страно, вели Ивана во видеото,- -Ивана Јовановска.

Кога обвинителката предложи да се запре видеото бидејќи во продолжение се слушаат навреди Стојанче реагираше и бараше да се гледа до крај.

Дополнително, Обвинителството презентираше и вешт наод од психијатар и психолог, според кој психичката состојба на Ивана била сериозно нарушена како директна последица на долготрајно семејно насилство. Во доказната постапка беа вклучени и документи – договор за дарување на стан, обдукциски извештаи, како и наоди од Центарот за социјални работи, со цел да се поткрепи тезата дека обвинетиот ја навел сопругата кон самоубиство. Стојанче Јовановски се товари за три кривични дела: насилство и телесни повреди, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе

Следната година ќе одбележат точно шест децении од првиот игран филм на Мартин Скорсезе.

Леонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе

Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата.

Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информации би можело да се најде во кината во текот на следната година. Станува збор за филмот „Што се случува ноќе“.

Реализацијата се базираше на истоимениот роман на американскиот писател Питер Камерон.

Реализацијата е најавена како готски психолошки хорор, а актерската екипа вклучува голем број големи имиња - предводени од Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мадс Микелсен.

Како што е наведено во синопсисот, приказната се фокусира на американски пар кој патува во мал европски град за да посвои бебе. Колку повеќе се борат за тоа, толку помалку знаат за себе.

Филмот се снимаше во првата половина на годината во Чешка и во Швајцарија, а последните информации говорат дека Скорсезе ја завршил и постпродукцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. 

Јокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени

За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат.

Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините.

Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден

Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој.

За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел.

Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната

Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1.

Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер